Аманет

Од понеделник до петок во 21:00 часот, неверојатна приказна за пожртвуваноста, но и за љубовта која се раѓа кога срцето се двоуми меѓу сомнежот и надежта! 

Кевсер е девојка која пораснала во скромно семејство и сиромашно маало. Откако ќе се омажи за синот од богатото семејство Киримли, нејзиниот татко ги прекинува сите врски со неа, бидејќи не го одобрува тој брак. Но, кога Кевсер ќе го изгуби сопругот, сфаќа дека таа и нејзиниот петгодишен син Јусуф се заробени во вилата на семејството Киримли во кое нема трошка љубов. Еден ден, се случува трагедија и Кевсер умира. Малечкиот Јусуф останува заглавен во куќата во која живеат злобни луѓе и во која е лишен од љубов и топлина. Неговиот чичко Јаман е моќен, суров и бесчувствителен бизнисмен кој одамна го затворил срцето. Иако Јусуф е под закрила на чичко си, тој копнее за сочувство и љубов.

Сестрата на Кевсер, Сехер ќе ризикува сè за да го исполни аманетот што и го остави сестра и на смртна постела. Чувствувајќи должност да го заштити внукот, Сехер го напушта домот за да се пресели во вилата на семејството Киримли. Меѓу двете страни се случуваат многу конфликти, но во срцата на Сехер и Јаман почнува да се раѓа љубов.

Пијан Германец возел 12 километри во спротивна насока на автопат

Германската полиција во четвртокот вечерта запрела пијан возач кој возел во спротивна насока на автопатот во сојузната покраина Хесен повеќе од 12 километри.

Полицијата извести дека блокираната раскрсница Манхајм-Санхофен го навела 52-годишниот маж да погреши и да вози во спротивна насока.

Возачот бил запрен откако возел повеќе од 12 километри во правец на Франкфурт. За среќа, не предизвикал сообраќајна несреќа или инцидент. Од полицијата објаснија дека возачот згрешил бидејќи бил во алкохолизирана состојба, што било утврдено со земање крв.

Веднаш му била одземена возачката дозвола и против него е покрената кривична постапка. Очевидците се замолуваат да контактираат со полицијата, која ги следи сообраќајните услови во јужен Хесен.

Српски навивачи дивееле низ Виена со антиалбански пароли (ВИДЕО)

Навивачите на српската репрезентација синоќа маршираа низ главниот град на Австрија и извикуваа „Убиј, коли, додека Шиптар не постои“.

На социјалните мрежи се прошири видеото од српските навивачи како шетаат низ Виена по натпреварот меѓу Србија и Швајцарија на Светското првенство во Катар, на кој што Србија беше елиминирана од натпреварувањето.

Да потсетиме, синоќешниот натпревар во Катар не го одбележа само елиминацијата на Србија од Мундијалот, туку и вербалните и физички пресметки меѓу српската репрезентација и швајцарските репрезентативци со албанско потекло.

Украински гувернер: Ослободивме 13 населени места на истокот

Украинската армија ослободи 13 населени места во областа Луганск, најисточниот регион на Украина, изјави денеска шефот на регионалната администрација на мнозинскиот окупиран регион, Серхи Хајдај.

Гувернерот на Луганск наведува дека руските сили се уште ги гаѓаат ослободените села со артилерија. Најави и дека идната недела медицински екипи треба да ги посетат ослободените села, а властите организираат собирање огревно дрво за жителите, објави Хајдај на апликацијата Телеграм.

Оваа информација не е независно потврдена.

притисни ентер