Алити: Оданочувањето на капиталната добивка да се одлага за уште една година

Заради подобра системска подготовка за оперативната постапка на оданочувањето на капиталната добивка, апелираме на дополнително одлагање за уште една година поради потребата од нејзино поедноставување.

Ова го изјави претседателката на Комисијата за хартии од вредност Нора Алити, коментирајќи го прашањето за оданочување на капиталната добивка од вложувања во акции и во удели.

Во воведното обраќање на Годишната конференција на Берзата во Охрид, Алити рече дека Комисијата го поддржува предлогот на Берзата постапката да се централизира во Централниот депозитар за хартии од вредност, со што, како што нагалси, сега предвидената сложена административна процедура нема да претставува бариера за инвеститорите.

Претседателката на КХВ истакна дека со користење на предностите на дигиталната технологија се зголеми способноста за да се делува брзо, ефикасно и решително.

– Силно инвестираме во модернизацијата на ИТ инфраструктурата – вклучително со тоа да станеме еден од првите регулатори во земјата што целосно ги дигитализира процесите, зголемувајќи ја транспарентноста, а и нашата способност за надзор, нагласи Алити.

Кога станува збор за интегритетот на пазарот, како дел од проактивен односнос, посочи Алити, јасно е демонстрирано дека не постои сценарио во кое ќе се прифати површното делување на филозофијата „не прашувај-не кажувај-не делувај“.

-Комисијата е отворена за бизнис, но не е отворена за субјекти кои не ги исполнуваат нашите регулаторни очекувања и легислативни барања. Не дозволуваме учество на субјекти кои можат да ја нагризат довербата на пазарот на капитал, порача Алити на 29. Годишна конференција на Берзата на која се анализираат трендовите на пазарот на капитал и економијата.

Воведни обраќања на отворањето на конференцијата имаа и министерот за финансии Фатмир Бесими и главниот извршен директор на Македонска берза АД Скопје Иван Штериев.

Регистриран силен земјотрес на островот Суматра!

Силен земјотрес го погоди островот Суматра! 

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 30 километри.

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди денеска северниот брег на индонезискиот остров Суматра, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на 19 километри од градот Мулабо на длабочина од 30 километри, објавено е на веб-страницата ЕМСЦ.

Николовски: Верувам дека Владата ќе најде решение за платите во АД „Водостопанство“

Допираат информации од вработени дека не се исплатени неколку плати. 

Верувам дека Владата ќе најде решение, на тоа работи вицепремиерот Фатмир Битиќи, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со ситуацијата во АД „Водостопанство“.

Како што објасни Николовски, платите ги исплаќа АД „Водостопанство“ кое не е орган во состав на Министерството за земјоделство.

-Јас и неколку министри го отвораме постојано прашањето на Влада, зашто допираат информации од вработени дека не се исплатени неколку плати. Верувам дека Владата ќе најде решение. Ние го поддржуваме АД „Водосатопанство“ во капиталните инвестиции, во реконструкцијата и изградбата на системите за наводнување, во целосното одржување, а во тој дел предвидовме 180 милиони денари. Како што се склучуваат договорите од нивна страна, така се исплаќаат, истакна Николовски, по примопредавањето на опремата за шумската полиција од Италија.

Тој потсети дека уште во 2018 година на негово барање, МЗШВ доби грант од ЕУ за реорганизирање на АД „Водостопанство“.

-ИПА проектот е готов и во најскоро време ќе биде предложен модел за реорганизирање пред Владата, напомена министерот, додавајќи дека тоа ќе биде во контекст и на барањата на земјоделците кои сакаат да се врати стариот систем на водни заедници.

Бензините поевтинуваат, поскапуваат дизелот и екстра лесното

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95  ќе изнесува 84 денари,  а 86 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98. Литар дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 91 денар, а по 87,5 денари  Екстра лесното 1 (ЕЛ-1)

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за денар, а за половина денар ЕУРОСУПЕР БС-95, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) поскапуваат за денар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 84 денари, а 86 денари на ЕУРОСУПЕР БС – 98. Литар дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 91 денар, а по 87,5 денари Екстра лесното 1 (ЕЛ-1)

Се намалува и цената на Мазутот М-1 НС за 0,623 денари за килограм и ќе изнесува 49,768 денари.

Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14 проценти во однос на одлуката од 21. месецов.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,158 проценти, кај дизелот зголемување за 0,928 проценти, кај екстра лесното масло зголемување за 0,834 проценти, а кај мазутот намалувањето е за 2,998 проценти.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,762 проценти.

притисни ентер