Али Ахмети: Црвенеам од нивниот срам, ни го донесоа Путин во Влада

По дипломатскиот скандал на скопскиот аеродром против претседателката на Косово Вјоса Османи, реагираше и Али Ахмети, лидерот на Демократската унија за интеграција, се наведува во соопштението на опозициската партија. . 

Ахмети на својата Фејсбук страница пишува: „Почитувана претседателке, многу ми е жал за неприфатливиот дипломатски инцидент и скандал на скопскиот аеродром и го осудувам во најостра можна форма.

Јас црвенеам од нивниот срам и ги молам сите браќа и сестри во Косово, но и на нашите граѓани да им простат затоа што не знаат што прават.

Кога не се срамат да газат врз сопствениот народ, врз демократската волја на граѓаните на избори и да се стават во вазална и сервилна служба на некој друг, носејќи ги Путин и Вучиќ во Влада, тогаш никој нема да ги прашува за што било и ќе не срамат секој ден, по неколку пати на ден“. заклучува Ахмети, соопштуваат од ДУИ.

О. Гази Баба: Семејствата на поврдените можат да се сместат во „Партенија Зографски“

Семејствата на поврдените можат да се сместат во „Партенија Зографски“ и „Томе Стефановски Сениќ“.

Скопје се мобилизира по страшната трагедија која се случи рано утринава во Кочани, кога во дискотека животот го загубија најмалку 59 лица.

Граѓаните се солидаризираат со катастрофата, а на социјалните мрежи се појавија повеќе објави во кои семејства, но и објекти кои имаат сместувачки капацитети, нудат сместување за најблиските на настраданите кои се згрижени во болниците.

Градоначалникот на О. Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека студентскиот дом Томе Стефановски Сениќ и интернатот Партенија Зографски се на располагање за помош.

Од интернатот додадоа дека сите вработени се мобилизирани и ќе одговорат на најдобар можен начин на семејствата.

Психолошка помош понудија и од Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ. Оттаму ифнормираа дека отвориле шест дополнителни телефони за психолошка прва помош за децата и нивните семејства.

Трајановски за МИА: Куамновската болница е подготвена за евентуален прием на пациенти од Кочани

Кумановската болница е подготвена за евентуален прием на пациенти од трагедијата во Кочани, но засега нема ниту еден пациент поврзан со пожарот во Кочани, изјави за МИА, директорот на кумановската општа болница, д-р Стефан Трајановски.

Болницата, по насоки на надлежните е во подготвеност, кадровски се екипирани службите, на некои одделенија се дуплирани. Просторно има можност да се прифатат пациенти.

- Уште рано утрово нашата болница е во потполна приправност, двојно се зголемени службите на хирургија, анестезија, трансфузиологија и аптека. Сите се во приправност и сме подготвени со полни капацитет, кадровски, просторно да прифатиме пациенти од клиниките или од која било друга болница од државата. Сепак, не располагаме со централен довод на гас до болничките соби, до ургентниот центар, оперативниот блок и не можеме да обезбедиме поддршка за продолжено одржување во живот за респираторна или срцева функција, изјави д-р Трајановски.

Од Здравствниот дом во Куманово за МИА информираа дека е пратено возило со екипа во Кочани.

- Екипата веднаш беше препратена за Кочани, по дојавата од службите. Тргнаа за Кочани, рано утрово еднаш по добиената информација за пожарот, д-р Бленд Алиу.

Градоначалникот на Гостивар изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата

Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата што се случи во Кочан, а на повредените им посака брзо оздравување.

- Трагедијата во Кочани ги потресе срцата на сите нас. Сочувство до семејствата на жртвите! Нека Бог им ја олесни болката што ја чувствуваат! Брзо и целосно закрепнување за повредените!, напиша Лимани на својот профил на Фејсбук.

притисни ентер