Заев: Силно ќе поддржиме формирање на социјални претпријатија

Луѓето кои што се дел од програмата на Покров произведуваат домашна вкусна органска храна и преку оваа програма се интегрираат полесно во општеството.

Имав чест денеска да ја посетам тераписката заедница Покров во с.Водоча, Струмичко која се занимава со социјално претприемништво и рехабилитација и ресоцијализација на лица кои биле зависници од употреба на наркотични средства, алкохол и други психотропни супстанци.

Луѓето кои што се дел од програмата на Покров произведуваат домашна вкусна органска храна и преку оваа програма се интегрираат полесно во општеството. Повторно се активни, работат, имаат некаква корисна цел за себе и општеството во кое живеат!

Покров е еден светол пример на социјално претприемништво кој треба да се следи бидејќи овозможува позитивни општествени промени и социјална инклузија на корисниците на оваа програма.

Во следниот четиригодишен мандат планираме силно да ги подржиме иницијативите за формирање на вакви социјални претпријатија со нов закон за поддршка на социјално претприемништво, со фокус на младите и жените, и со отворање на три центри за поддршка на социјални претпријатија.

Производството на квалитетни македонски земјоделски производи коишто произлегуваат од Покров е промоција на нашиот земјоделски потенцијал во струмичкиот регион кој уште посилно ќе го впрегнеме да биде еден од главните мотори на новата македонска економија.

Од овде сакам да упатам еден апел до нашите граѓани, да купуваат домашни производи особено сега повеќе од било кога, бидејќи на таков начин ја помагаат домашната економија и ги помагаат нашите вредни производители на македонски производи и на македонска квалитетна храна.

Државата го препозна тој потенцијал како важен за закрепнување на економијата, со поддршка за пораст на личната потрошувачка. Преку третиот пакет на мерки пуштивме во оптег 355 милиони евра на 730.000 корисници, преку платежни картички, ваучери, поддршка за младите и студентите, и други мерки.

Овие пари преку платежните картички и ваучерите ќе завршат во македонските компании и бизниси и ќе им помогнат да ги зачуваат работните места, да ја надминат кризата и повторно да се насочат кон раст, отворање на нови работни места и пораст на платите на своите вработени.

Да бидеме тука едни за други и кога е криза и кога не е! Да купуваме домашни македонски производи и да бидеме сите активни учесници во новата македонска економија која ќе ни овозможи подобар животен стандард на сите!

Зоран Заев, претседател на СДСМ и носител во ИЕ 4

Јанушев: Во новата влада 40 отсто ќе бидат жени

 Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата кандидати за пратеници во Третата изборна единица Игор Јанушев денеска соопшти дека 40 отсто од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат жени.

– Она што сакам да го соопштам, а што веќе го разговаравме и со членките на Унијата на жени, она што планираме како ВМРО-ДПМНЕ во следните четири години предводејќи ја владата да го направиме во однос на родовата еднаквост и затоа најавуваме дека 40 проценти од новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат жени, изјави Јанушев во Свети Николе, каде има средба со граѓаните.

Посебен акцент, како што рече, ќе ставиме на семејното насилство, односно искоренување на семејното насилство и донесување на жената на она место кое што навистина го заслужува во општеството.

-Ќе обрнеме особено внимание на жената земјоделец, кое што е многу сериозно прашање особено во Свети Николе и Светиниколско бидејќи земјоделството е една од главните гранки од што живее овој наш трудољубив народ, рече Јанушев. Потсети и на поддршката во спортот.

Затвореник во КПУ Идризово позитивен на Ковид – 19

Во затворот во Идризово регостриран е првиот затвореник позитивен на коронавирусот Ковид – 19. Покрај заразениот од вирусот, во изолација се уште десет затвореници од неговата и соседната ќелија кои имале контакт со него.

Како што информира директорот на затворот Боби Мојсовски за МИА, затвореникот кој бил од Велес, бил на викенд од 24 до 27 јуни и на 30 јуни пријавил дека има покачена темпаратура при што му е направен тест за Ковид кој бил позитивен.

притисни ентер