Албанологот Џеват Лоши и книжевниот критичар Алиу ја добија наградата „22 Ноември"

Одборот за доделување на државна награда „22 Ноември" денеска во Собранието ја додели наградата „22 Ноември" за 2020 година на професорот, албанолог и академик, Џеват Лоши и на книжевниот критичар, Али Алиу.

Оваа награда се доделува за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во државата.

Претседателката на Одборот, Гзиме Старова, која денеска им ја додели наградата на добитниците, посочи дека денешниот чин на доделување на оваа награда се одвива токму на празникот Ден на албанската азбука, создадена на денешен ден во 1908 година, како најзначаен културен настан на албанскиот народ на почетокот на 20 век.

-Овој настан има национална, но и универзална конотација, обединувач на мисија на народите, јазикот и писимито се важен фактор во мултикултурната реалност на нашата земја со почитување на сите наши зааедници при што различните култури ќе се надополнуваат и меѓусебно ќе се збогатуваат, посочи Старова.

Според Стерова, денес со право нагласуваме оти нашата етничка и јазична различност во нашето општество ги сметаме за наша предност и заедничко богатство.

-Цврсто сме убедени дека достојното одбележување на културните вредности датуми и традиции како што е денешниот значаен Ден на албанската азбука ја чини суштната и за цврстината на нашето мултикултурно и мултиетничко општество, како еден вид неопходен хуманизам во најразвиените меѓучовечки и воопшто човечки односи, додаде таа.

Професорот Џеват Лоши откако ја прими наградата се заблагодари, и посочи дека за него, да се добие оваа награда е еден вид на интелектуална храброст.

Али Алиу, книжевен критичар се заблагодари за добиената награда и истакна дека овој чин е од висок ранг, бидејќи, како што рече, станува збор за светите букви, за азбуки, за ум, за почит…

-Уште пред три, четири дена знаев дека оваа награда ќе се додели токму на овој ден, на празникот поточно на денот на албанската азбука. Мислам дека институциите инсистираат да се продолжи секојдневниот ритам на животот, да не се одложат обврските на луѓето и тоа според мене е добро. Ова, како што рече професорот претходно, е интелектуална храброст и треба да се додели комплимент на институциите за овој чин, бидејќи поводот е од висок ранг, станува збор за светите букви, за азбуки, за ум, за умување, за познавање, за почит, за визии, и за сето ова потребна е и верба и ведрина, додаде Алиу./МИА

Загина полицаец во Пиреја- се урна зграда, повредени се три лица

Еден човек загинал, а тројца се повредени кога утрово при реновирање се урна просторија од стара зграда во кварт на грчкото пристаниште Пиреја.

Според првичните податоци, жртвата е 31-годишен полицаец кој бил заробен во товарен камион и згмечен од градежен материјал.

Несреќата се случила во двокатница во улицата Неорион во Пасалимани при реновирање на зградата, пренесува Катимерини.

Тим од 24 пожарникари и спасувачката единица за одговор при катастрофи (ЕМАК) се уште се обидуваат да утврдат дали повеќе луѓе се затрупани во урнатините. Полицијата привела пет работници, изведувачот и возач на камион.

НБА ѕвездата Блејк Грифин ја заврши кариерата

Легендарниот американски кошаркар Блејк Грифин реши да стави крај на кариерата по 13 сезони во НБА!

Грифин својата одлука ја објави преку социјалните мрежи, а сезоната 2022/23 му беше последна. Тогаш беше член на Бостон Селтикс и одигра вкупно 41 натпревар на кои имаше просек од 4,1 поен и 3,8 скока.

Грифин никогаш не освои НБА прстен, а во текот на кариерата играше за Лос Анџелес Клиперс, Детроит, Бруклин и гореспоменатите Селтикс. Ќе остане запаметено и дека победи на натпреварот во забивање во 2011 година.

Иако втората половина од кариерата на Грифин беше бледа во споредба со првата, пред сѐ поради повреди, тој на крајот постигна голем успех во целина. На 765 натпревари во првенствениот дел од сезоната забележа просек од 19 поени, осум скока и четири асистенции.

Хамас го отфрли предлогот за договор со заложниците

Палестинското движење Хамас ги отфрли сите клаузули од последниот нацрт-договор за заложниците, зголемувајќи го бројот на палестински затвореници што Израел мора да ги ослободи како дел од договорот, објави израелскиот весник „Тајмс оф Израел“.

Весникот наведува дека Хамас е подготвен да ослободи само 20 заложници, жени и мажи постари од 50 години, како дел од првата фаза од договорот.

Исто така, Хамас бара Израел да се согласи на шестнеделно примирје пред да ги ослободи заложниците.

„Лидерот на Хамас во Појасот Газа, Јахја Синвар, не сака договор. Нему воопшто не му е грижа дали народот во Газа продолжува да страда, дури и во услови на голема израелска флексибилност за сите параметри на американскиот предлог. “, рече неименуваниот функционер.

Како што претходно објави Си-Ен-Ен, Израел се согласил со американскиот предлог за размена на заробеници и заложници, со што ќе бидат ослободени околу 700 палестински затвореници, вклучително и 100 на издржување доживотни затворски казни за убиство на Израелци, во замена за 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Газа.

притисни ентер