Албанија ги почнува преговорите по кластери за членство во ЕУ

По 10 години во европската чекална и со земја статус кандидат, Тирана и формално ги почна преговорите со Европската Унија. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Членките на ЕУ ги усогласија ставовите за законот за борба против криумчарењето мигранти

Според унгарскиот министер за правда Бенце Тусон, третирањето на кривичното дело криумчарење мигранти на униформен начин низ ЕУ би одиграло клучна улога во справувањето со оваа појава. 

Земјите членки на Европската унија денеска постигнаа договор околу нивниот заеднички став за Предлог-законот за спречување и спротивставување на криумчарењето мигранти, кој ќе биде основа за претстојните преговори на Советот на ЕУ со Европскиот парламент за конечната верзија на ова законско решение.

Како што соопшти Европскиот совет, целта на овој предлог е да обезбеди усогласување на одредбите во кривичните законодавства на земјите членки на ЕУ за прашања како што се дефинирањето и санкционирањето на криумчарењето мигранти.

Според унгарскиот министер за правда Бенце Тусон, третирањето на кривичното дело криумчарење мигранти на униформен начин низ ЕУ би одиграло клучна улога во справувањето со оваа појава.

- Ако сакаме да бидеме сериозни во врска со заштитата на нашите граници, треба да ја засилиме борбата против шверцот на мигранти. Со заземање цврст став против шверцерите, можеме да ги заштитиме луѓето од експлоатација од страна на криминалците, додаде Тусон.

Борбата против криумчарењето мигранти е еден од приоритетите на ЕУ и се смета за клучен елемент во справувањето со илегалната миграција.

Согласност со договорениот текст, од земјите членки на ЕУ се бара како кривично дело во нивните национални законодавства да го дефинираат „намерното помагање на државјанин на трета земја да влезе, транзитира или да остане на територијата на која било од државите членки на Европската Унија во замена за финансиска или материјална корист“.

За индивидуално извршување на оваа кривично дело со Предлог-законот се предвидува максимална затворска казна од три години, а доколку неговите сторители се дел од криминална организација или употребуваат „сериозно насилство“ врз мигрантите, тогаш се предлага санкција од осум години затвор. Доколку вршењето на кривичното дело криумчарење резултира со смрт на мигрант, се предлага максимална затворска казна од десет години.

Според усогласениот текст, на земјите членки им се остава можноста да воспостават и подолги максимални казни.

Законскиот предлог предвидува и казни за правни лица вклучени криумчарењето мигранти, кои би изнесувале одреден процент од нивниот промет на глобално ниво до најмногу 40 милиони евра.

Во договорениот текст од страна на земјите членки е задржан и предлогот на Комисијата за вметнување на т.н. „хуманитарна клаузула“, која предвидува дека „одредена помош за илегалните мигранти, особено помошта на членови на блиското семејство или поддршката за задоволување на основни човечки потреби“ нема да биде третирана како кривично дело криумчарење мигранти.

Сепак, со предлогот им се остава на земјите членки сами да решаваат околу „хуманитарна клаузула“ во нивните национални законодавства поврзани со криумчарењето мигранти.

Според податоците на Европол, во 2023 година биле регистрирани речиси 380.000 илегални преминувања на надворешните граници на блокот, при што над 90 отсто од овие лица користеле услуги на криумчарите на мигранти.

Податоците на ОН, пак, укажуваат дека мрежите за шверц на луѓе остваруваат годишен профит од меѓу 4,7 и 6 милијарди долари, што го прави криумчарењето мигранти профитабилна криминална активност. /МИА

Пратениците во Албанија остваруваат над четири илјади евра месечни примања, половина бонуси

 Собранискиот платен список покажува дека албанските пратеници во ноември добиле плата по 4.044, од кои половина на име дневници, гориво, кирии и телефон.

Платите, пратениците пред речиси една година, со одлуката што ја изгласаа, си ги зголемија платите на 2.295 евра од 1.173 евра.

Во меѓувреме, хонорарите, надоместоците за гориво, кириите, телефонските и други надоместоци значително се зголемени, откако во собранието беше изгласан законот за плати и бонуси. На пример, секој пратеник добива по 173 евра за телефон, 408 евра за гориво и по 102 евра за состаноци на комисиите. /МИА

Рокас: Во тек се многу дипломатски активности за евроинтегративниот процес на Македонија

Во моментот во тек се многу дипломатски активности во врска со ова прашање. Премиерот на Македонија беше во посета на Брисел каде што се сретна со новото раководство на ЕУ.

Процесот на проширување е врвен приоритет на Европската Унија. Правиме напори да заврши процесот на реформи во Македонија и што побргу да се постигне целта, земјата да стане членка на ЕУ, изјави денеска шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава Михалис Рокас, одговорајќи на новинарско прашање, за време на неговата посета на Тетово.

Тој посочи дека во моментот во тек се повеќе дипломатски активности во врска со ова прашање, потенцирајќи дека новото раководство на ЕУ прави многу напори за Македонија да стане дел од европското семејство.

-Во моментот во тек се многу дипломатски активности во врска со ова прашање. Премиерот на Македонија беше во посета на Брисел каде што се сретна со новото раководство на ЕУ, а следната недела, на 18 декември, ќе има уште една можност да го посети Брисел, во рамките на Самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан. Јас мислам дека од страна на новото раководство на ЕУ е јасно кажано дека процесот на проширување е врвен приоритет, вклучително и со Македонија. И Делегацијата на ЕУ прави огромни напори да заврши процесот на реформи за Македонија и таа да стане членка на ЕУ. Каква било друга дополнителна поддршка или дипломатски активности се повеќе од добредојдени, рече Рокас.

притисни ентер