- Ако работите тргнат наопаку, може да тргнат навистина, навистина погрешно, изјави тој за норвешката државна телевизија НРК.
- Во Украина се води страшна војна. Исто така, тоа е војна која може да се претвори во голема војна меѓу НАТО и Русија. Работиме да го избегнеме тоа, рече тој.
Поранешниот норвешки премиер додаде дека нема сомнеж дека постои можност за „голема војна“, велејќи дека е важно да се избегне конфликт во кој учествуваат неколку земји во Европа.
Кремљ постојано ги обвинуваше земјите-членки на НАТО дека всушност избираат страни во конфликтот затоа што испраќаат оружје во Украина, обучуваат украински војници и споделуваат воено разузнавање со Киев.
Да потсетиме дека рускиот претседател Владимир Путин денеска во главниот град на Киргистан, Бишкек, рече дека секоја земја што ќе се осмели да ја нападне Русија со нуклеарно оружје ќе биде збришана од лицето на земјата.
Путин, кој присуствува на самитот на Евроазиската економска унија (ЕЕУ) во Киргистан, рече дека Русија нема мандат да изврши превентивен нуклеарен удар, за разлика од Соединетите држави, но дека руското напредно хиперсонично оружје ќе обезбеди Русија да може силно да одговори ако некогаш биде нападната.