Денеска во Италија регистрирани се 10.925 нови случаи на коронавирус , а 47 пациенти починале.
Ова е втор ден по ред како се регистрира најголемо дневно зголемување на бројот на новозаболени од почетокот на пандемијата.
Италија беше најтешко погодената земја во европа во првиот бран на епидемијата минатата пролет, а по бројот на жртви со над 36.000 смртни случаи е на второ место по велика британија.
Холандија пак, постави нов негативен рекорд во бројот на новозаразени со коронавирусот, откако денеска се регистрирани повеќе од 8.000 пациенти, а 29 лица починале.
Во Холандија од почетокот на епидемијата до сега починале 6.700 лица.