Активно ќе се бара решение со Бугарија до крајот на годината,

Активно ќе се бара решение со Бугарија до крајот на годината, Софија очекува конкретни резулати од дијалогот со Скопје.

Македонските власти остануваат на ставот дека во следниот период активно ќе се бара решение за отворените прашања со Бугарија. Софија, пак, порачува дека нејзината позиција кон Македонија останува непроменета и очекува конкретни резултати од дијалогот со Скопје.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи вчера во интервју за БГНЕС рече дека добрите односи со Бугарија и европската перспектива за Македонија се без алтернатива. Прашан што ќе направат властите во Скопје по реафирмираниот став на Бугарија во однос на почетокот на преговорите за членство во ЕУ, Османи нагласи дека во следниот период активно ќе се бара решение по однос на политичките прашања. Како што знаете, истакна шефот на дипломатијата, Македонија беше конструктивната страна за изнаоѓање решение.

– Во следниот период очекуваме кога ќе се формира владата во Бугарија да почнат разговорите. Сметам дека и во декември има добри шанси да се најде решение, бидејќи немаме друга алтернатива освен добрососедски односи со Бугарија, порача Османи.

Тој нагласи дека немаме друга алтернатива освен заедничка европска перспектива. Се надеваме, потенцира шефот на дипломатијата, дека оваа политичка стабилност во двете земји ќе даде резултат.

За време на редовниот состанок на Советот за општи работи во Брисел, бугарската делегација истакнала дека „Република Македонија сè уште не ги исполнува критериумите за одржување на првата меѓувладина конференција".

– Во последните неколку месеци бугарската страна предложи голем број опции за надминување на отворените прашања со Македонија, со цел да се гарантираат правата на граѓаните со бугарски идентитет и имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка. Нашите партнери во РСМ треба да преземат конкретни обврзувачки ангажмани, од кои некои треба да се спроведат на краток рок, а останатите треба да бидат меѓу барањата во идната преговарачка рамка. Се додека тоа не се случи, не може да се очекува напредок во процесот на проширување со Македонија, изјави шефот на бугарската делегација, амбасадорот Румен Александров.

Бугарскиот претседател Румен Радев вчера во телефонски разговор со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го изразил очекувањето на Софија дијалогот со Македонија да доведе до конкретни резултати.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев истакнал дека Бугарија е отворена за дијалог, поставила јасни прашања и очекува одговори и реални дејствија од Македонија.

Шефот на бугарската држава смета и дека дневниот ред на билатералните односи меѓу Софија и Скопје не треба да биде подреден на надворешни влијанија, туку да се води отворено со ангажман од двете земји, што ќе го придвижува напред процесот на евроинтеграција на Македонија.

Како главен акцент во тој дијалог, претседателот на Бугарија го посочил „почитувањето на правата на Бугарите во Македонија, трајно искоренување на јазикот на омразата и почитување на бугарската историја и културно наследство" во земјава.

Во исто време, бугарски премиер Стефан Јанев рече дека политиката на Бугарија кон Македонија останува непроменета.

Според Јанев, Бугарија многу добро го соопштила својот став пред бугарското општество во однос на позицијата кон Македонија, но не и пред партнерите од ЕУ.

Јанев, исто така, нагласи дека пред неговата преодна Влада да ја преземе функцијата во мај оваа година, позицијата на Бугарија не била јасно соопштена. – Нема да отстапиме од нашата позиција, изјави Јанев.

Последниот Самит на Европската Унија за годинава, под словенечко претседавање, ќе се одржи на 14 декември.

Разбојници ја убиле сопругата на легендарен музичар

Сопругата на легендарниот музичар Кларенс Авант е убиена во вторникот во нејзиниот дом во елитната населба Трусдејл Естејтс во Лос Анџелес.

Имено, таа била убиена од крадци кои упаднале во нивната семејна куќа.

Полицијата на Беверли Хилс била повикана во куќата во Трусдејл Естејтс во вторникот вечерта околу 2.30 часот по полноќ, откако на телефонскиот број 911 добиле повик дека некој бил застрелан и убиен.

Сопругата на Авант, Жаклин Авант, итно била пренесена во болница, каде што подоцна починала. Таа имала 81 година.

Семеен извор изјавил за ТМЗ дека разбојниците пукале додека влегле во куќата и ја погодиле сопругата на Авант.

Авант (90) во тој момент бил дома, но не е јасно дали е повреден во нападот.Легендарниот музичар беше примен во Куќата на славните во октомври, а покрај него беше неговата сопруга.

Нивната ќерка Никол Авант е во брак со извршниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос.

СЗО: За неколку дена ќе знаеме колку е заразен омикрон

Светската здравствена организација очекува за неколку дена да има повеќе информации за тоа колку е заразен новиот сој на корона, омикрон, изјави денеска техничкиот директор на СЗО Марија ван Керхове.

Во соопштението се посочува дека СЗО ќе има податоци за омикрон многу побрзо од предвиденото, бидејќи Женева претходно соопштила дека ќе бидат потребни недели за да се добијат податоците, пренесе Ројтерс.

Некои од главните прашања се дали сојот е позаразен или отпорен на заштитата од вакцини, а одговорите треба да се почекаат, се додава.

Софија Вергара на луда латино забава во кругот на семејството (ВИДЕО)

Софија Вергара (49) изгледа сензационално на прославата на американскиот Ден на благодарноста, а актерката на социјалните мрежи се пофали со фотографии и видеа од забавата на која присуствуваа членовите на нејзиното семејство.

На ѕвездата од ТВ серијата „Модерно семејство“ и` се придружија помладата сестра, музичарката Вероника (21) и внуката Клаудија (29). Веселото трио танцува пред огледалото, а на Софија подоцна во танцовите чекори и се придружила и нејзината баба.

Се чини дека на споменатата забава не присуствувал актерот Џо Манганиело (44) за кого заносната американско-колумбиска дива се омажи во 2015 година.

- Среќна шеста годишнина од бракот, љубов моја! Уште многу години заедно! Те сакам – напишала Софија на Инстаграм во вторникот.

Двојката се свршила на Божиќ за време на романтичен одмор на Хаваи во 2014 година, само шест месеци откако Вергара раскинала со Ник Лоеб. Тие се венчале во 2015 година во Палм Бич, Флорида. Заедно немаат деца, а Софија е мајка на 27-годишниот син Манол, кој го доби со поранешниот сопруг Џо Гонзалес.

притисни ентер