Активни повеќе пожари во Скопско, Струмичко, Кумановско, Охридско, Битолско и Штипско

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека според податоците до 18 часот на територијата на државата се активни неколку пожари во скопскиот, струмичкиот, кумановскиот охридскиот, битолскиот и штипскиот регион.

Пожарот кај село Градманци во скопски е активен. На лице место има четири екипи од БППЗ, една екипа од ШС Караџица и екипа од општина Петровец. Еден крак од пожарот префрли преку сртото кон село Долно Коњари. Известени се надлежните од општини Петровец и Гази Баба, БППЗ, ШС Караџица и ДЗС за Град Скопје. Состојбата се следи, информираа од Центарот за управување со кризи.

Во Струмичкиот регион, шумскиот пожар кој се појави околу 12:30 часот на ден 1 август кај местото викано Погана и кој зафати површина од 200 хектари ниско стеблеста шума (даб, габер, прнар, јасен). се уште е активен.

– Пожарот во утринските часови беше во мирување, но попладнево со појавата на северен ветер, повторни се засили и се движи во правец на Фурка. Од почетокот досега има изгорено повеќе од 500 ха ниско стеблеста шума (прнар, габер, даб и др,) На теренот се ангажирани: Екипа на ТППЕ-Валандово-со 2 ПП возила и 6 пожарникари, Шумско стопанство-со 20 вработени ,ПО ДЗС-Валандово – со 3- припадника, на помош ТППЕ-Гевгелија-со 1 ПП возило и 3 пожарникари, ТППЕ-Струмица со 1 ПП возило и 3 пожарникари и ТППЕ-Неготино со 1 ПП возило и 3 пожарникари, посочија од ЦУК.

Пожарот над депонијата во струмичко Ново село кон село Самоилово е повторно активен, гори сува трева и прнар. На терен се ТППЕ Струмица со 3 ПП Возила и девет пожарникари.

– Пожар на отворен простор до хотел Фламинго и гранична линија со Р. Грција. Гори сува трева и борова шума. Изгорено над 20 хектари. Силниот ветер претставува опасност за хотелот Фламинго и Бензинската пумпа „Шимов", а во правец кон граничната линија со Грција има опасност за караулата на АРМ и Граничен премин Богородица. Ангажирани сили ТППЕ Гевгелија-2 противпожарни возила, 12 пажарникари, 1 возило со 2 пожарникари од Д.Капија, ШС Кожув-5 вработени, група грагани од нм Богородица и Гевгелија, МВР, Приватни компании, 2 багери на приватни компании и 1 цистерна за вода, информираа од ЦУК.

Во Кумановскиот регион активен пожар во село Бељаковце, маало Ѓуринска маала, кон селата Јачинце и Довезенце каде гори сува трева и нискостеблеста мешана шума. Екипа на ТППЕ Куманово е на терен.

Активен пожар има и во кумановското село Пезово маало Ресанци и екипа на ТППЕ Куманово е на терен.

– Во општина Старо Нагоричани има активен пожар во село Дренок кој се спушта кон Отошница, општина Ранковце, каде гори сува трева и нискостеблеста мешана шума. Постои опасност од опожарување на куќа. Во гаснење се вклучени мештаните и припадници на ППЗ единица, наведоа од ЦУК.

Пожарот на територијата од атарите на селата Арбанашко, Рамно и Кокино, како што соопштија од ЦУК, е локализиран, односно е ставен под конртола. Со оглед на тоа што на терен моментално се ангажирани 27 припадници на ДЗС како и доволен број пожарникари, и дека половината од припадниците на АРМ можат да се повлечат, односно да се ослободат од ангажман во овој реон.

Во моментот ТППЕ Ранковце е на интервенција на гаснење пожар во селата Радибуш и Отошница.

Пожарот од село Дренак кој е на територија на Општина Старо Нагоричане се префрлил на територија на Општина Кратово во село Страцин маала Ќошарци. Известена е ТППЕ – Куманово.

Во Охридскиот регион, пожарот во околината на село Девич-М.Брод е локализиран и ставен под контрола, на терен се наоѓаат 2 пожарникари и 5 жители од месното население.

Во Битолскиот регион пожарот во атарот на селата Канатларци и Подмол е се уште активен и екипа од ТППЕ Прилеп од 1 противпожарно возило и 1 теренско возило, како и 7 пожарникари се уште се на местото на пожарот.

– На пожарот во атарот на село Топлица интервенираат 1 теренско возило и 4 пожарникари. Пожарот на запалена шума во атарот на село Топлица, се уште е активен. Поради силниот ветер пожарот зема силен замав и се проширува, се работи за голем пожар каде гори деградирана шума и бор, како и сува трева во нивите. Од Црн Бор на лице место има 5 работници. Известени ДЗС Прилеп, и инспектор по пожари, наведоа од ЦУК.

Во Штипскиот регион пожарот што избувна на местото викано Бајаз Тепе во текот на вчерашниот ден, се уште е активен. Интервенираат екипа на ШС Равна Река со 2 теренски возила со цистерни и 2 возила за превоз и 17 вработени, екипа на ШС Малешево со 2 теренски возила со цистерни и 10 вработени, ТППЕ Берово со 1 твозило и 4 пожарникари, ДЗС со 1 теренско возило со цистерна и 3 вработени и неколку луѓе од месното население. Зафатена е високостеблеста шума и дува ветер кои го прават нестабилен и доаѓа до негово ширење, а се работи и за тешко пристапен терен. Гори дабова и борова шума,нискостеблести растенија, стрништа и пасишта. Екипите работат на локализирање на истиот.

– Вчерашниот пожар во атарот на село Нов Истевник маало Пасјак кој е се уште активен и е зафатена површина од околу 55 ха. Борова шума и нискостеблести растенија. Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 04,00 часот. Во гаснењето на пожарот во моментот се ангажирани 80 припадници на АРСМ, 20 вработени во Шумско стопанство Голак од Делчево, ТППЕ со 12 пожарникари и 2 цистерна и едно теренско возило лада нива, 1 припадник на Гранична полиција со 1 теренско возило ландровер, ТППЕ од М.Каменица со едно специјализирано ПП возило и 3 пожарникари и ЈПКД Брегалница со 8 вработени. Пожарот е сеуште активен и се шири во правец на маалото Пасјак. Пожарот ги има зафатено и атарите на општините Берово и Пехчево каде интервенираат работници од нивните шумски стопанства, информираа од ЦУК.

На потегот Костин дол-Ново Село се уште е активен пожарот. Во 06,55 часот хеликоптер на АРМ се упати на местото на пожарот. Од АРМ со возила и МТС има на терен 80 воници. Од шумско стопанство Осогово Кочани има на терен Лада нива со 5 луге, УАЗ џип со 6 луге и противпожарен џип со 5 луге од шумско стопанство Радовиш.

Собранието ја донесе декларацијата за одбележување на четвртата годишнина од НАТО

Собранието на денешната последна пленарна седница на овој парламентарен состав ја усвои декларацијата за одбележување на четвртата годишнина од НАТО и 75 години од основањето на алијансата.

До 4 април кога почнува изборната кампања спикерот Јован Митрески вели дека има простор за уште една седница, за евентуално итни прашања. На денешниот брифинг Митрески потврди дека додека трае изборната кампања нема да има седници и сите други активности на Собранието ќе бидат сведени на неопходниот минимум со цел да се избегне можноста за злоупотреба на собраниската говорница.

Ова се редовни парламентарни избори и согласно Уставот, Собранието не е распуштено и останува во постојано заседание, потсети спикерот.

До 12 мај тој треба да ја свика седницата за инаугурацијата на новиот претседател а најдоцна до 28 мај треба да биде свикана конститутивната седница на идниот парламентарн состав. Инаку, денеска декларацијата за НАТО беше изгласана со 87 гласа „за“ и два „против“

Починал ученик во основно училиште во Белград, откако по физички контакт ја повредил главата

На 18 март во училиште во Белград се случила несреќа, по што еден од учениците го загубил животот, дознава Телеграф.рс.

Како што изјави директорот на училиштето за Телеграф, немало тепачка, но поради сплет на несреќни околности поради физички контакт, еден од учениците паднал, се здобил со сериозни повреди на главата и починал.

- Сакаме да нагласиме дека немало тепачка или конфликт меѓу двајца ученици, туку дека поради несреќен сплет на околности поради физички контакт, еден од учениците паднал, се здобил со сериозни повреди на главата и за жал подоцна починал. Училиштето веднаш реагирало, му пружило прва помош на ученикот и повикало брза помош, која брзо пристигнала и го пренела ученикот во Ургентниот центар. За време на инцидентот учениците биле под надзор на наставник и две медицински сестри вработени во училиштето. За жал, и покрај напорите на лекарот, ученикот починал на 22.03.2024 година. - изјавила таа за Телеграф.

Таа додаде дека за да се надмине оваа кризна состојба, училиштето има подготвено план за поддршка на учениците, вработените и родителите согласно процедурите за справување со кризна состојба.

- Училиштето е во постојан контакт со родителите на учениците и со надлежните институции - Министерството за образование и полицијата, која врши активности во нејзина надлежност - додаде таа.

Истрагата ќе ја покаже вистинската причина за смртта.

Како што неофицијално дознаваме, побарана е обдукција на телото.

Екипата на Телеграф денеска излегла на местото на настанот, но по 15 часот директорот и другите вработени од управата не биле во училиштето. Она што неофицијално можевме да го слушнеме е дека сите се многу потресени од овој настан, објави Телеграф.

Бугарија оди на шести избори за три години

Бугарија и дефинитивно оди на предвремени парламентарни избори откако и официјално пропаднаа сите обиди за формирање на влада по расколот во коалицијата меѓу ГЕРБ и Продолжуваме со промената.

Бугарскиот претседател Румен Радев најави дека во наредните неколку дена активно ќе разговара со сите потенцијални кандидати кои ќе треба да состават техничката влада за организирање на избори. Единствено нешто што засега е нејасно е само дали изборите ќе се одржат во ист ден со европските на почетокот на јуни или пак, бугарите ќе одат на гласање два пати за кус временски период.

-Започнувам средби со сите потенцијални премиери. Денеска или утре ако треба и за викендот. Го одложив и мојот напорен меѓународен распоред за следните 10 дена, кој вклучуваше и посета на странски претседател и моите официјални посети во странство. Како што изјавив и вчера, ќе направам се што е можно тој процес за формирање на техничка влада да биде забрзан,- - Румен Радев – Претседател на Бугарија.

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов пак, го повика претседателот да не именува технички премиери од редовите на неговата партија, бидејќи не сака да се даде впечаток дека тие владејат со земјата во периодот пред изборите. Неговиот ривал пак, Кирил Петков пак, побара фокусот да биде ставен на организирање европските и парламентарните избори во ист ден.

-Единственото нешто на кое опстојувам, а никако нема да го дозволам е тоа да е Росен Желјазков (за технички премиер). И навистина се надевам дека претседателот нема да го именува ниту Димитар Главчев, бидејќи тие на некој начин би биле поврзани со ГЕРБ. Бидејќи целата кампања ќе помине како ние да управуваме. Ние управувме откако ќе добиеме избори,- - Бојко Борисов – Претседател на ГЕРБ.

-Враќањето денеска на (мандатот) дава можност за 2 во 1 избори и да се заштедат 100 милиони за бугарските даночни обврзници. Барем тоа да го направиме. Така што, во моментот претседателската институција, во разговорите со потенцијалните идни технички премиери да не ја испуштиме датата да може да се случат 2 во 1 (избори),- - Кирил Петков – Продолжуваме со промената.

Бугарија изминатите неколку години беше управувана од серија на технички влади поради не можноста на политичките партии да формираат стабилно мнозинство во парламентот. На тоа барем навидум се стави крај по формирањето на коалицијата меѓу ГЕРБ и Продолжуваме со промената чија договорена ротација на премиерската функција на девет месеци и составот на владата се претвори во фијаско.

притисни ентер