Огромни автомобилски гуми, шишиња, лименки и друг отпад беа извадени од дното на езерото од страна на членовите на клубот за подводни дејности „Охрид“ од охрид, кои изминатиот викенд организираа еколошка акција за чистење на езерското дно во крајбрежјето на селото Трпејца.
Од езерото тие извaдија поголема количина најразличен вид цврст отпад, кој беше натоварен на трактор и соодветно одложен.
Во акцијата учество зедоа и членови од нуркачко-еколошкиот клуб „Пена“ од Тетово, а активностите ги помогна „Нула отпад“ од Скопје.