Активен пожарот меѓу охридските села Вапила и Расино, изгаснати 20 пожари во изминатото деноноќ

 Пожарот кај с.Фурка нема активно горење, локализиран е во 19.00 часот. 

Останати се екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, другите се повлечени, а според раноутрински информации и план ќе се догасува, соопшти Центарот за управување со кризи.

Шумскиот пожар во планината помеѓу с. Вапила и с. Расино, Охридско, е се уште активен. Гори деградирана шума. Екипите се повлечени од терен.

По дојава, за пожар во местото од Куманово на кај Скопје по стар пат, конкретно кај с.Никуштак известени се: ТППЕ Куманово, лицето за контакт со Општина Липково и командирот на Полициска станица Матејче. Подетални информации од ЦУК најавуваат по пристигнување на екипите на терен.

Пожар има и кај с.Доброшинци, гори депонијата. Известена е ТППЕ Струмица за да преземат понатамошни мерки за гаснење на пожарот, наведуваат од ЦУК

Од добиените податоци од дежурниот во ТППЕ Кичево во с. Другово, Кичевско, е запалена плевна, а е непотврдено дека е зафатена и една куќа. Од 20.45 часот ТППЕ Кичево со две противпожарни возила и осум пожарникари е на интервенција на пожарот.

ЦУК: Состојба со пожари за ден 08/09.08.2022 година

Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно добиените информации од Регионалните центри за управување со кризи од градовте во државата, регистрира дека утрово има еден (1) активен пожар и 20 изгаснати за последното деноноќие.

Активни пожари

1. Охрид

Шумскиот пожар во планината помеѓу с. Вапила и с. Расино е се уште активен.

Гори деградирана шума, досега се опожарени околу 12 хектари површина.

ТППЕ – Охрид и денес се на терен со 1 пп возило и 6 пожарникари. Од утрово од 05,00 часот на терен се вкупно околу 50 луѓе. Пожарот гори на три страни и се прават напори за негово обиколување, но поради тешкиот терен гасењето оди отежнато.

Изгаснати пожари

1. Струмица

Пожарот кај с.Фурка нема активно горење и е локализиран во 19.00ч. На терен се останати екипи на ДЗС, а другите се повлечени.

Во текот на денот ќе се изврши контрола на опожарената површина за проверка на местата од каде што се уште има чад.

2. Струмица

Кај с. Добрашинци, Општина Василево, имало интервенција на депонија во време од 21.10 до 00.10 часот со 1 пожарникар со 1ПП возило.

3. Скопје

Кај с.Јурумлари - Гази Баба е интервенирано за запалени отпадоци (ѓубре),при што биле ангажирани 2 ПП возило и 4 пожарникари од 15.00 до 16.10 часот.

4. Градско

Кај Градско за запалена сува трева, е интервенирано со 1 возило со 2пожарникари од 14,30 до 15,00 часот на површина од 7 декари.

5. Градско

Кај с.Виничани, е интервенирано за запалена сува трева 1 возило со 6 пожарникари 18.11 до 19.20 часот на површина од 6 декари.

6. Свети Николе

Кај светиниколската месност „Ливади“ е интервенирано за запалена сува трева, со 2 пожарникара со 1 ПП возило од 12.50 до 13.10 часот на површина 50м2.

7. Теарце

Кај с.Теарце е интервенирано за запалена сува трева со 1 возило со 2 пожарникари.

8. Охрид

Кај с.Велестово е интервенирано за гаснење запалена куќа со 1 пп возило и 3 пожарникари.

9. Кичево

Кај с. Другово е интервенирано за гаснење запалена куќа и плевна со 8 пп возила и 15 пожарникари од 08.35 на 08.08.2022 до 02.00 часот на 09.08.2022

10. Битола

Кај с.Крстоар е интервенирано за гаснење сува трева со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 17,50 до 20,00 часот.

11. Куманово

Во населбата Доброшане изгорела 1 штала, при што за да не се прошири пожарот е интервенирано со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 12:45 до 13:50 ч.

12. Куманово

Во близина на автопат кај с.Табановце е интервенирано за гаснење сува трева со 1 ПП возило и 2 пожарникара од 12.20 до 12.50 часот.

13. Куманово

Во местото „Стари Лозја“ изгорела 1 куќа, а е интервенирано со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 11.25 до 13.10 часот.

14. Куманово

Кај с.Брзак е интервенирано за гаснење сува трева со 1 ПП возило и 3 пожарникари од 17.50 до 20.10 часот.

15. Липково

Кај с. Никуштак е интервенирано за гаснење сува трева и борова шума со 1 ПП возило и 4 пожарникари од 21.20 до 23,00 часот на површина од два (2) хектара.

16. Старо Нагоричане

Кај с.Макреш е интервенирано за гаснење сува трева со 1 ПП возило и 2 пожарникара од 12.10 до 14.30 часот.

17. Крива Паланка

Кај с.Луке е интервенирано за гаснење запалена ниска вегетација и насади со овошки (сливи и јаболки) со 1 ПП возило и 4 пожарникари од 14.30 до 17.30 часот на површина од 1,5 декар.

18. Ранковце

Кај с.Псача е интервенирано за гаснење запалена сува трева со 1 ПП возило и 5 пожарникари и 7 лица од месното население од 13.10 до 14.30 часот на површина од 8 декари.

19.Скопје

Во Општина Бутел е интервенирано за гаснење сува трева на површина од 100 м2 со 1 пп возило и 3 пожарникари од 22.15 до 23.15 часот.

20.Скопје

Во Општина Шуто Оризари е гасена запалена депонија со 1 пп возило и 3 пожарникари од 01:50 до 03:05 часот на површина од 30 м2.

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер