Активен пожарот кај прилепско Алинци, вчера изгаснати 25

Кај прилепското село Алинци се уште чади опожарената депонија, а пожарот на оваа локација е единствениот активен од 26-те што беа регистрирани вчера во државава.

Од ЦУК информираат дека изгнаснати се 25 пожари во 24 општини, а гореле неколку депонии, стрништа, отпадоци, сува трева, трње, лозје, грмушки, нискостеблеста и мешана шума – даб и габер, како и борова шума.

Абас: Газа е уништена, одговорни се и САД

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска изјави дека меѓународната мировна конференција е неопходна за да се стави крај на војната во Газа и да се најде трајно политичко решение што ќе доведе до формирање на палестинска држава.

Абас рече дека „конфликтот меѓу Израел и Палестинците воопшто достигнал алармантна фаза која бара меѓународна конференција и гаранции од светските сили“.

-Јас сум за мирен отпор. Јас сум за преговори засновани на меѓународна мировна конференција и под меѓународно покровителство што би довело до решение под заштита на светските сили за формирање на суверена палестинска држава во Појасот Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим, нагласи тој.

Абас рече дека врз основа на обврзувачки меѓународен договор, тој ќе ја оживее ослабената палестинска управа, ќе ги спроведе долгоочекуваните реформи и ќе одржи претседателски и парламентарни избори. Тој додаде дека палестинската управа се придржувала до сите мировни договори потпишани со Израел, од Договорот од Осло од 1993 година до другите, но дека Израел ги прекршил своите ветувања за ставање крај на окупацијата.

-Кој и да победи - победи, ова ќе бидат демократски избори, рече тој на прашањето дали ќе ризикува да ги одржи изборите со оглед на можноста Хамас да победи како во 2006 година.

Абас не претстави конкретна визија за повоениот план за кој се разговараше со американските претставници. Според тој план, палестинската управа ќе ја преземе контролата врз Појасот Газа, дом на 2,3 милиони луѓе.

-Газа денес не е Газа како што ја знаете. Газа е уништена. Нејзините болници, училишта, инфраструктура, згради, патишта и џамии се уништени. Не остана ништо. Кога ќе се вратиме, ќе ни требаат ресурси, на Газа и треба реконструкција, рече Абас и ги повика САД да бидат одговорни за она што се случува во енклавата.

Тоа, според него, е единствената сила способна да му нареди на Израел да ја прекине војната и да ги исполни своите обврски.

-За жал не го прави тоа. Америка е соучесник на Израел, заклучи Абас. /МИА

Половина милион Авганистанци го напуштија Пакистан поради акцијата против мигрантите

Претставници на пакистанската влада велат дека кампањата не е насочена кон Авганистанците, иако тие го сочинуваат најголемиот број странци во земјата.

Речиси половина милион Авганистанци кои живееле во Пакистан се вратиле во својата земја во изминатите два месеци, откако пакистанската влада ја започна борбата против илегалните мигранти, изјави денеска привремениот министер за внатрешни работи Шафраз Бугти.

Претставници на пакистанската влада велат дека кампањата не е насочена кон Авганистанците, иако тие го сочинуваат најголемиот број странци во земјата.

Пакистан беше дом на над 1,7 милиони Авганистанци кои дојдоа таму пред четириесет години, а им се придружија уште половина милион кои избегаа од Авганистан, кога талибанците ја презедоа власта во таа земја во 2021 година по повлекувањето на американската армија и НАТО.

Привремениот министер за внатрешни работи Бугти на денешната прес-конференција рече дека во последните два месеци се вратиле над 482 илјади Авганистанци, од кои 90 отсто доброволно.

Тој рече дека Пакистан исто така одлучил да депортира десет Авганистанци кои легално престојувале во земјата, но биле вклучени во политички активности.

Бугти не ги идентификуваше десетте Авганистанци кои ќе бидат депортирани, ниту пак даде детали за нивните активности во пакистанската политика.

Повеќето Авганистанци не поднеле барање за пакистанско државјанство, бидејќи се надевале дека нема да бидат принудени да ја напуштат земјата. /МИА

Хамас апелира до УНЕСКО да ги спаси историските богатства на Газа

Хамас денеска го повика УНЕСКО да ги спаси богатствата на Појасот Газа, каде што многу историски градби веќе се срамнети со земја или оштетени во војната со Израел.

На видеата и фотографиите објавени денеска на социјалните мрежи се гледаат остатоците од џамијата Ал-Омари, најголемата и најстара во градот Газа, со само минарето очигледно недопрено, пренесе Бета.

Преостанатиот дел од тоа свето место од 12 век, поранешната црква, се напукнати срушени бели камени ѕидови.

Во соопштението, Министерството за антиквитети го осуди уништувањето на историски и археолошки локалитети во интензивното бомбардирање на израелската армија со цел да се уништи Хамас, кој владее во Газа, по нападот на југот на Израел на 7 октомври. Над 1.200 луѓе, повеќето цивили, беа убиени во овие напади.

Во израелското бомбардирање и последователната копнена офанзива загинаа речиси 17.500 луѓе, главно жени и деца, во Газа и претворија големи делови од малата палестинска енклава во урнатини.

Министерството смета дека светот и УНЕСКО треба да направат нешто за зачувување на големото цивилизациско и културно наследство. Како што се наведува, од почетокот на војната се урнати 104 џамии.

Во израелските воздушни напади ноќта меѓу четвртокот и петокот беа урнати џамиите Ал-Омари и Отман бин Каскар, кои исто така се во градот Газа.

Министерството наведува дека е уништен и амамот, турската бања Ал Самара, каде жителите земале вода повеќе од илјада години.

Дополнително, беа уништени три цркви, вклучувајќи ја и илјадагодишната грчка православна црква Свети Порфириј, најстарата сè уште отворена на таа територија, која се наоѓа во срцето на историскиот кварт Стара Газа, кој беше нападнат на 18 октомври.

Архитектонското наследство на Газа веќе претрпе големи штети во претходните војни меѓу Израел и Хамас, кој владее со територијата од 2007 година. /МИА

притисни ентер