Акција за отстранување на несоодветни натписи и пароли во Општина Карпош

Во рамки на „Деновите на Општина Карпош", комуналните служби организираа викенд – акција за отстранување на несоодветни натписи и пароли на дел од јавните површини по сите населби.

– По претходно мапирање на сите пораки кои шират говор на омраза, денеска започна акцијата која ќе трае во текот на викендот. Во Тафталиџе 1 се отстрануваа натписите од амбулантата, која е во близина на гимназијата „Георги Димитров". Паралелно со оваа активност, се интензивира и одржувањето на хигиената на улиците, парковите и другите фреквентни зони, соопштуваат од Општина Карпош.

Изминативе денови, од Општина Карпош информираат дека организирале активности кои симболизираат хуманост, солидарност, заштита на животната средина, поттикнување креативност кај младите. – Затоа беше организирана акција за дарување на крв, започна садењето на 450 дрвја, беше распишан конкурс за пишување и цртање, а општинските служби подготвуваат и донација на 80 пакети за најранливите категории на граѓани, се наведува во општинското соопштение.

Оттаму посочуваат дека основната цел на локалната самоуправа, особено во време на пандемија е да презема низа активности, со што настојува да биде вистински сервис на граѓаните.

Канал 5 со отворено студио „Македонија одлучува“ ќе ги следи изборните резултати

Канал 5 веќе е подготвен за повеќе часовното отворено студио, кое ќе следува веднаш по овие вести..

Александар Видиновски е дел од тимот од отворената програма „Македонија одлучува“... Александар што се ќе опфати отвореното студио..

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

Хамас објави видео од израелско-американски заложник

Хамас објави триминутно видео на кое наводно е прикажан 23-годишниот израелско-американски заложник Херш Голдберг-Полин.

На видеото, Голдберг-Полин го потврдува својот идентитет и бара од израелските власти да го вратат дома, а се гледа како му недостига дел од раката поради повреда за која се верува дека била предизвикана во нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

„Во заробеништво сум речиси 200 дена“, вели Голдберг-Полин во видеото, што укажува дека тоа е неодамна снимено, пренесува Тајмс оф Израел.

Голдберг-Полин беше киднапиран од забава организирана на 7 октомври во близина на границата со Појасот Газа.

притисни ентер