Акција за отплата на долгови за вода без пресметка на камата до 31 јули - Канал 5

Акција за отплата на долгови за вода без пресметка на камата до 31 јули

 Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје ги известува граѓаните на град Скопје дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек. 

Акција за отплата на долгови за вода без пресметка на камата до 31 јули

Акцијата за физички и правни лица почна на 20 јуни, а трае до 31 овој месец.

- Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес. По истекот на овој период одлуката престанува да важи, соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, граѓаните можат да контактираат на 02 3073 010 во Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300 во Дирекција; [email protected]; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje.

Новата сезона во ПМФЛ почнува на 8 август

Управниот одбор при Фудбалската федерација на Македонија ги усвои календарите за Прва, Втора МФЛ и сениорското Куп натпреварување во натпреварувачката сезона 2025/26.

Новата сезона во ПМФЛ почнува на 8 август

Натпреварите од Првата македонска фудбалска лига во претстојната сезона ќе бидат распоредени во текот на три дена од викендите (петок, сабота и недела), Втора МФЛ ќе се игра во сабота, а Куп натпреварувањата во текот на работната недела (вторник, среда или четврток).

Есенскиот дел од Прва МФЛ започнува на 8 август, ќе се играат натпревари и на 9 и 10 август,

Жрепката за двојките ќе биде извршена дополнително.

Мицкоски: Владејачкото мнозинство е комфорно, за Изборниот законик треба политички консензус

 -Така што, може да има, а може и да нема. Владата продолжува да испорачува тоа што го очекуваат граѓаните, изјави Мицкоски.

Мицкоски: Владејачкото мнозинство е комфорно, за Изборниот законик треба политички консензус

Владејачкото мнозинство е комотно, комфорно, речиси две третини од пратениците во Собранието ја поддржуваат оваа Влада, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарско прашање, дали ќе има проширување на владејачкото мнозинство.

-Така што, може да има, а може и да нема. Владата продолжува да испорачува тоа што го очекуваат граѓаните, изјави Мицкоски.

Прашан за носењето на реформските закони, за кои треба Бадентерово мнозинство, Мицкоски рече дека не сите од овие закони зависат Бадентер, некои се носат со „80 пратеници, со 2/3 мнозинство од тие закони“.

Примерот додаде дека при носењето на законите во Парламентот од обезбедување на Бадентер зависи промената на Законот кој треба да обезбеди плата на Инспекторатот за употреба на јазиците.

-Понатаму, промената на Законот, во којшто овој Инспекторат треба да влезе под ингеренции на Агенцијата, Програмскиот совет во МТВ, Советот во АВМУ, рече Мицкоски.

Што се однесува до Изборниот законик, Мицкоски вели дека е законик којшто е надвор од оние закони што беа дел од реформите за деловникот за работа во Собранието, каде што има јасни рокови во постапките.

-Изборниот законик е потребно да има политички консензус. Затоа што може некоја од политичките партии повторно да аплицира филибастеринг и да не се донесе Изборниот законик. Но, тоа не значи дека треба Бадентер. Треба да имаме политички консензус и од она што го имам како информација, таков има. Ќе видиме кога ќе влезе во собраниска процедура. Едно од барањата за планот за раст е токму носењето на Изборниот законик, вели Мицкоски.

Прашан како ги коментира реакциите на невладините организации дека сепак прагот за собирање на потписи за независни листи е висок, премиерот рече дека не може како да го коментира, но посочи дека во Германија за да се влезе во Бундестагот требаат пет проценти, во некои други држави изнесува три, четири и повеќе проценти.

- Видете може да се појави и некој да не е задоволен. Ние не можеме демократијата е таква да, ние да забраниме незадоволство или задоволство. Ги прифаќаме тие пораки ги анализираме и носиме најдобри решенија, коишто одговараат на потребите на граѓаните, а не на поединци или на поедини Невладини, рече Мицкоски.

Турција ја зголеми безбедноста по должината на границата со Иран, но не забележа прилив на мигранти

Турција ја зголеми безбедноста по должината на границата со Иран поради конфликтот меѓу Израел и Иран, изјави денеска анонимен извор од турското Министерство за одбрана.

Турција ја зголеми безбедноста по должината на границата со Иран, но не забележа прилив на мигранти

Изворот додаде дека Анкара не забележала прилив на нелегални мигранти од Иран.

Турција продолжува да развива повеќеслоен и интегриран систем за противвоздушна и противракетна одбрана користејќи радарски и оружени системи произведени во земјата, посочи изворот.

Целта е да се одржи потенцијалната борбена готовност на високо ниво.

Авион на турскиот систем за брз одговор (QRA) полета откако Израел ги почна нападите врз југоисточниот сосед на Турција, Иран, рече изворот, додавајќи дека авионот продолжува да патролира по границите поради можноста за нарушување на воздушниот простор од страна на Израел.

притисни ентер