Ахмети за DW: Има идеја на маса од Нимиц, сега е моментот да се реши името!

Моментно има една идеја од посредникот Нимиц и поради таа причина ДУИ ја има и оваа нагласена дипломатска активност, зашто оценуваме дека сега е моментот страните да седнат на заедничка маса - вели Ахмети во интервју за Дојче веле.

- Со нашиот коалициски партнер имаме разбирање дека треба да се постигне компромис со грчката страна околу името. Ние како Албанци ги информиравме сите партии од македонскиот политички блок со кои имиња не се согласуваме. Не се согласуваме земјата да се нарекува Словенска Република Македонија, ни Национална Република Македонија, ниту пак да остане во употреба Поранешна Југословенска Република Македонија. Секој друг компромис за нас е прифатлив. На пример: Горна Република Македонија, Северна Република Македонија и сл. Моментно има една идеја од посредникот Нимиц и поради таа причина ДУИ ја има и оваа нагласена дипломатска активност, зашто оценуваме дека сега е моментот страните да седнат на заедничка маса. Јас, меѓутоа, не сум оптимист дека ова прашање ќе се реши сега во јуни со што би ги започнале преговорите за членство во ЕУ. Но сметам дека кога имаме една идеја на маса, тогаш има добра основа да преговараме и да разговараме. Не само Република Македонија, туку целиот Западен Балкан на стогодишнината од Балканските војни, низ кои сите наши народи минаа толку лоши нешта, треба да започнат нова епоха за добра соработка меѓу народите и државите и Балканот да стане дел од Европската Унија - изјави Ахмети во интервју за Дојче веле.

- Не сакам да бидам погрешно разбран од ниту еден политичар и лидер во земјата, но сакам да кажам дека сега е моментот да имаме храброст и да ги затвориме значајните теми кои се во корист на добробитта на сите граѓани на Република Македонија и на сите оние кои по нас доаѓаат - за доброто и иднината на нашите деца - вели лидерот на ДУИ.

Тој потврди дека во Берлин барал ангажирање на Германија околу решението на името. Предупредува дека задоцнетото решение не би било добро ни за меѓуетничките односи ни за економската состојба./извор Дојче Веле

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

притисни ентер