Ахмети: Во пресрет сме на донесување големи одлуки, се уште нема договор меѓу ДУИ и СДСМ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска на годишнината од потпишувањето на Охридскиот Рамковен договор ги повика лидерите на другите партии на Албанците на средба, но тие не дојдоа во скопскиот хотел Парк.

Ахмети искажа разочарување што тие не дошле на овој ден, кога се одбележува годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Тој рече дека договор за коалиција и формирање Влада со СДСМ се уште нема и дека тој и лидерот на СДСМ Зоран Заев и денеска ќе имаат средба.

– Ги повикав албанските политички партии за да им се заблагодарам за заедничката соработка при донесувањето на Законот за јазици, уставните измени и друго. Сакав да ги слушам и нивните предлози и забелешки. Многу ми е жал што тие не дојдоа на денешната средба. Би сакал нивното недоаѓање да не го користат за политички цели. Во пресрет сме на донесување на големи одлуки, истакна Ахмети на брифинг со новинари. Во изјавата потоа тој изрази жалење и разочарување што тие не одговорија на денешниот повик за средба на денот на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Ахмети истакна дека би сакал сите да преземат одговорност за „сето тоа што е пред нас и очекува решение од наша страна, од сите нас кои баравме поддршка од граѓаните".

– Овие заеднички постигнувања кои се постигнувања за сите Албанци и за сите граѓани на Република Северна Македонија, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци… затоа што над се доби нашата заедничка држава, доби мир, стабилност, сигурност, хармонија и доверба помеѓу заедниците дека во оваа земја може да има иднина, дека оваа држава може да се живее и може заеднички да живееме, рече Ахмети.

Според него, денеска е историски ден и затоа на овој ден ја свикал средбата со цел лидерите на партиите на Албанците да разговараат.

– Во врска со коалицирањето пред и по кампањата јас изјавував дека треба досегашните коалициони партнери да продолжат. На овие избори сите беа против ДУИ, но граѓаните одлучија ние да ги претставуваме. Изборната кампања да ја оставиме зад нас. Уште нема договор меѓу нас и СДСМ. Ако се забарикадираме не е добро за државата. Во ДУИ ќе преодвладува разумот и логиката, рече Ахмети на брифингот.

ДУИ, како што кажа, ги има поставено црвите линии, Охридскиот договор, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство, ветинг и премиерската позиција.

– Но, сакам од нив да слушам која е причината за неприфаќање на премиерот. Мислам дека ова прашање ќе биде разјаснето по завршување на овој процес, рече Ахмети, кој потврди дека денеска ќе има средба со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Лидерите на Алијансата за Албанците и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши, како и Билал Касами од Беса се изјаснија дека нема да одат на средбата, додека Мендух Тачи од ДПА не се изјасни.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер