Ахмети од Тетово: И помогнавме на државата да тргне по прав пат и сега отвораме нови поглавја

Изборен собир на плоштадот во Тетово одржа Демократската унија за интеграција, предводена од носителот во шестата изборна единица Али Ахмети и кандидатот за премиер Насер Зибери. 

Партискиот лидер Ахмети рече дека со нивните идеи на овие избори создаваат нова историја.

–Сите зборуваа НАТО, НАТО, НАТО ете влеговме и во НАТО. Сега одиме наоред да кроиме нова историја. И помогнавме на оваа држава да тргне по прав пат и сега отвораме нови поглавја. Ние имаме достоинство и со сите поглавја што сме ги отвориле на екононски план, со влезот во НАТО, евроинтерграција. Но јас не сакам да се заборави оваа навреда што денеска ја слушнав и се шокирав. Навредата за „пет пари" многу боли, но сме поминале многу, УДБА и удбаши и многу неправди, ние нема од што да се плашиме имаме ориентација и цел и сакаме да ја реализираме. За тоа ќе им покажеме на 15 јули и да видат кои сме ние, истакна Ахмети.

На собирот се обратија и кандидати за пратеници во 6 изборна единица, како и Насер Зибери, кандидат за премиер од редовите на ДУИ.

–Поминавме многу места и јас гледам дека оваа идеја што дојде од Али Ахмети излезе од кај Албанците и ја има кај сите во Македонија. Ова ни дава гаранција дека ќе го добиеме мандатот. Јас можам да ви ветам дека ќе има владеење на правото. Нема да има ништо надвор од правните рамки. Ќе работиме на полето на економијата, да има работа за младите, во образованието да има нови училишта. Кога ќе ја напуштиме функцијата ќе бидеме со чист образ. Да ги повикаме Македонците да гласаат за нас нема да им фали ништо, нема да им биде ускратено ниту едно право, ќе има еднаквост за сите, не се плаштете од ДУИ и Албанците, истакна Зибери.

Кандидатот за премиер и кандидатите за пратеници остварија неколку средби со граѓани во тетоските села Теарце, Порој, Челопек, Жеровјане, Камењане, Голема Речица и Мала Речица./МИА

Нов силен земјотрес ја погоди Турција

Нов силен земјотрес ја погоди Турција, јавува EMSC.

Земјотресот со јачина од 5,6 степени се случил на 39 километри јужно од Турхал, на длабочина од осум километри.

Засега нема извештаи за евентуални штети или жртви.

Почнува кампањата за парламентарните избори

Во екот на кампањата за претседателските избори, од денеска официјално стартува и кампањата за парламентарните избори...

Двете кампањи ќе се одвиваат паралелно во текот на следните денови... Пред Собранието и во овие вести ја имаме Јана Јосифоска.

Јана за неколку часа почнуваат митинзите на двете најголеми политички партии, партиските лидери веќе ги испратија првите пораки?

Македонката Светлана Мојсов е меѓу 100 највлијателни луѓе на светот во избор на Тајмс

Светлана Мојсов од Универзитетот Рокфелер е именувана на листата на „Тајм 100“ за највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит на уметници, иноватори, лидери и пионери во различни области.

Научниот вонреден професор, Мојсов беше именувана на листата за нејзините револуционерни откритија за цревниот хормон што го регулира шеќерот во крвта наречен GLP-1, кој го отвори патот за блокбастер лековите за дијабетес и дебелина Ozempic, Victoza и Wegovy. Овие таканаречени GLP-1 агонисти ја трансформираа клиничката грижа за управување со шеќерот во крвта и губење на тежината.

Мојсов почнал да го истражува дијабетесот во Универзитетот Рокфелер како студент и постдокторски соработник во лабораторијата на нобеловецот Брус Мерифилд. Во 1980-тите, таа се преселила во Општата болница во Масачусетс, каде што започнала да го истражува тогаш мистериозниот GLP-1 (пептид 1 сличен на глукагон). Таа беше првата што ја идентификуваше биолошки активната секвенца на GLP-1, скриена во неговата целосна низа од 37 амино киселини.

Во соработка со други, Мојсов продолжи да докажува дека GLP-1 предизвикува ослободување на инсулин во панкреасот, работа што доведе директно до терапевтски развој на агонисти на GLP-1. Фактот што оваа нова класа на лекови сега ја користат милиони луѓе е многу среќна, таа вели: „Тоа ме прави да се чувствувам професионално и лично исполнето“, објави Универзитетот Рокфелер во САД.

притисни ентер