Ахмети: Наша следна цел е да избереме прв Албанец премиер во земјава

ДУИ ја соопшти новата цел за претстојните избори - Ахмети вели дека е време за прв премиер Албанец на Македонија. 

Тој на фејсбук пишува дека сите поставени цели досега како партија ги оствариле, а меѓу нив се назначувањето на Талат Џафери за собраниски спикер, министри во многу ресори, директори на институции и претседатели на судови, но и Законот за употреба на јазиците кој беше услов на ДУИ во 2017та година за формирање на Влада со СДСМ.

Според Ахмети дојде ред на високите цели.

-Заедно ги определивме и ги остваривме нашите цели и на оваа толку важна годишнина за сите нас, заедно да ја определиме нашата следна цел почнувајќи од следните избори, да ја реализираме определбата за да избереме ценета, почитувана и докажана личност, таа или тој кој што ќе го избереме заедно, за првиот АЛБАНЕЦ ПРЕМИЕР на земјава!

На секоја годишнина, определуваме амбициозни цели и со време тие ги остваруваме. -пишува Ахмети.

На ваквата најава од Ахмети одговори претседателот на СДСМ Зоран Заев кој вели – ако ова е условот, коалиција за нова Влада со ДУИ нема да има. Заев појаснува дека премиер станува оној кој ќе обезбеди најмалку 61 пратеник и тој не се избира според етничка припадност.

-Доколу СДСМ победи на изборите, јас сум кандидатот за претседател на Влада и ќе бидам премиер кој еднакво се бори за подобар живот на сите граѓани. Доколку ДУИ има ваков услов за коалиција за Влада тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада. – вели Заев.

Идејата на Ахмети е неприфатлива и за ВМРО ДПМНЕ кои велат дека веќе е одлучено за принципот по кој ќе се назначи идниот премиер.

-ВМРО ДПМНЕ ја претстави идејата за кандидат мандатар и беше донесена едногласна одлука тоа да биде Христијан Мицкоски. Така што на овие избори свои кандидати покрај ВМРО ДПМНЕ ќе имаат и СДСМ и ДУИ. А финалната одлука ќе ја имаат граѓаните на избори.

Реакција пристигна и од Билал Касами кој смета дека се работи за популизам од страна на ДУИ. Политичкиот аналитичар Петар Арсовски вели дека со ова се отвора прашањето дали Ахмети ќе одбие коалиција со македонска партија доколку им биде понудено партнерство.

Во меѓувреме официјални преговори за терминот на парламентарните избори меѓу партиите нема. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски вели дека еден од условите за одредување датум е и минимум десет дена по ред, бројката на новозаразени да е помалку од 5 отсто од бројот на тестирираните. Од неговата партија и денеска повторија дека брзите избори не се добар чекор во блиска иднина.

-Со идејата на Заев да се оди на избори само дополнително ќе се загрози здравјето на граѓаните. Организирањето на избори во ваква ситуација со толку многу заболени со корона вирус претставува масовно самоубиство. Заев и власта предводена од СДСМ мора да разберат дека политиката треба да е на страна. – Горан Манојловски – ВМРО ДПМНЕ

Од друга страна владејачката СДСМ инсистира 5ти јули да биде изборниот ден и друга алтернатива според нив нема. Според нив неопходно е што побрзо да се спроведе изборната процедура за да се формираат стабилни институции кои ќе ја менаџираат здравствено-економската криза.

ВМРО-ДПМНЕ на Извршен и Централен ги утврдува пратеничките листи

ВМРО-ДПМНЕ одржува седници на Извршниот и Централниот Комитет на кои треба да ги утврди целосните пратенички листи, откако претходно ги обелодени носителите во сите шест изборни единици.

Од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ја вклучуваме Михаела Димовска..

Михаела познати ли се веќе кандидатите за идни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ?

Ахмети и Османовска го потпишаа коалицискиот договор за приклучување на Унија на Ромите

Претседателката на Унија на Ромите, Фатима Османовска и лидерот на Демократската унија за интеграции, Али Ахмети, денеска во општина Шуто Оризари го потпишаа коалицискиот договор за приклучување на Унија на Ромите кон Европскиот фронт.

Османовска порача дека Ромите ќе влезат во Европската Унија како рамноправни со сите граѓани, бидејќи како што рече, ромската заедница има високо образовен и стручен кадар, како и ромска политичка партија, за која рече, обединува и организира.

- Како заедница со децении наназад молиме за да се створи шанса за нас, ни велеа немате образовен кадар, немате политичка моќ, не сте организирани. Еве сме сега со високо образовен и стручен кадар со ромска политичка партија која што обединува и организира. Застанати пред европската врата, Ромите ќе влезат во ЕУ како рамноправни со сите граѓани, порача Османовска.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во своето обраќање истакна дека големо достигнување е тоа што Општина Шуто Оризари е единствената општина на ромска заедница во Европа и ѝ укажа на Османовска дека ја има поддршката од Албанците, бидејќи како што рече, тие знаат како е да се биде маргинализиран.

– Претседателке вие нема потреба да поставувате барања, нашата поддршка несомнено ја имате, ние знаеме како е да се биде маргинализиран и затоа ќе се залагам повеќе за вас отколку за мене. Со целосна одговорност ви ветувам, пробајте нѐ да видите какви партнери сме, не со зборови, туку со дела. Нашата земја мора да се интегрира во ЕУ и да има владеење на правото, а тоа заедно како Европски фронт мора тоа да го постигнеме. ДУИ ќе направи сѐ што е потребно за во Собранието да има ромска претставничка, порача Ахмети.

На прес-конференцијата посветена на потпишувањето на коалицискиот договор беше присутен и градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, кој изрази жалење што претходните политичари не ја препознале приликата да ја искористат можноста на Рамковниот договор, онака како што го искористиле Албанците.

– Жалам што претходните политичари не ја препознаа оваа прилика да се искористи Рамковниот договор рака како што го искористија Албанците да бидат рамноправни со Македонците. Со овој договор Ромите ќе почнат да живеат сонот кој требаше да започне уште пред 24 години, рече Дудуш.

Полска тврди дека НАТО прави планови за соборување на руски проектили

НАТО ги разгледува плановите за соборување руски ракети доколку се приближат до границите на алијансата, тврди Полска, откако проектил залутал во нејзиниот воздушен простор.

Анджеј Шејна, заменик-министер за надворешни работи на Полска, изјави за локална радио станица дека „различни концепти се анализираат во рамките на НАТО... вклучително и соборување на такви проектили кога тие се многу блиску до границата на Алијансата“,пишува Телеграф.

„Но, тоа би морало да се случи со согласност на украинската страна и земајќи ги предвид меѓународните последици“, додаде тој.

Во неделата вечерта, Варшава соопшти дека руската крстосувачка ракета истрелана на цел во западна Украина поминала околу 1,6 километри во полскиот воздушен простор, поминувајќи 39 секунди.

Полското Министерство за одбрана ги активираше системите за противвоздушна одбрана и борбените авиони на НАТО, Ф-16 откако објектот залута преку границата на Алијансата во близина на Осердово, село во земјоделски регион во близина на границата со Украина.

Крстосувачките проектили можат да ја променат својата траекторија во воздух за да избегнат одбранбени системи.

Владислав Косинијак-Камис, полскиот министер за одбрана, подоцна им изјави на новинарите дека проектилот би бил соборен доколку имало знаци дека се движи кон цел во Полска.

Една од опциите за одбрана е да се соборат ракетите пред да преминат од Украина во воздушниот простор на НАТО. Сепак, ова може да го искористи Москва како оправдување за ескалација во поширок конфликт надвор од границите на Украина.

Претходните лансирања на руски ракети и беспилотни летала во воздушниот простор на НАТО останаа без одговор, и покрај сугестиите дека членот 5 на алијансата за взаемна одбрана може да биде активиран како одговор на таков инцидент.

Во вторникот САД објавија дека се подготвени да ги исполнат обврските кон НАТО и да ја бранат Алијансата во случај на напад.

Запрашана за изјавите на Полска, Сабрина Синг, портпаролка на Пентагон, рече: „Она што го зборуваше администрацијата е дека ќе ја браниме секоја педа од НАТО“.

притисни ентер