Ахмети: Дехари е градоначалник за сите и затоа да го дадете својот глас за него

Фатмир Дехари е градоначалник за сите и затоа да го дадете својот глас за него, повика вечерва лидерот на ДУИ Али Ахмети на предизборниот митинг на партијата на градскиот плоштад во Кичево.

Ахмети ги истакна досегашните резултати на Дехари како градоначалник за сите во оваа општина и потенцира дека тој ќе продолжи и понатаму да го гради и да го осовременува Кичево.

– Зад нас е времето на Охридскиот договор.Ние сега вртиме нова страница за зелено Кичево, за чист и развиен град, град на интелектуалци.Нашиот кандидат Фатмир Дехари низ овие осум години потврди дека бил градоначалник за сите во оваа општина и во тој правец нека потврди и проектот за изградба на капела кај православните гробишта во Кичево. До транзицијата немавме ниту еден универзитет, а сега ги имаме неколку. Најновиот Мајка Тереза, ќе се всели во новата зграда што ќе се изгради во скопската касарна. Уште еднаш апелирам до гласачите, до нашите граѓани, другари и пријатели да гласаат за Фатмир Дехари, кој како и во претходните два мандати ќе ги исполни вашите и наши очекувања, порача Ахмети од Кичево.

Кандидатот за градоначалник за трет мандат на овие локални избори Фатмир Дехари, најави забрзан развој на Кичево, град на задоволни граѓани, чист и привлечен за сите негови жители и без понатамошно иселување.

– Кога во 2013 година дојде до трансфер на власта, постоеше одредена резерва кај многумина како понатаму ќе функционира оваа општина и градот Кичево. Но и сами можете да бидете сведоци каков препород доживеа градот во изминатите осум години, рече Дехари и најави целосна транформација на градот и општината.

Дехари и најави враќање на дел од дијаспората во Кичево и нови инвестиции од нивна страна и ја повика младината да остане тука.

– Со неговите ресурси и богатство Кичево ќе инспирира и враќање на граѓаните од дијаспората да инвестираат во татковината и да го направат Кичево атрактивно место во сите правци.Столбот на општеството, напредокот, сплотени рамо до рамо, кичевска младино ве повикувам да бидете составен дел од градот кон нашата заедничка трансформација. Ве замолувам да не носите брзи одлуки, емотивни и депресивни одлуки за заминување, но ве охрабрувам да ги обедините желбите и заедно да ги надминете тешкотиите и да создадеме можности и вработување и во јавниот и во приватниот сектор, посочи Дехари во своето обраќање.

Најави и дека има визија за екомоски развој на градот и општината и за повисок стандард на неговите жители.

– Да се свртиме кон економски развој и сите да се сплотиме независно од политичка, верска и национална припадност и нашата општина да биде на врвот што ги исполнила условите и животните стандарди кои повикуваат и враќаат од очај. Ја враќаат среќата изгубена со децении и ги надминуваат намалените можности за достоинствен живот и здрава животна средина, рече Фатмир Дехари.

На митингот, пред голем број присутни членови и симпатизери на ДУИ, им се обратија и Крешник Бектеши, Артан Груби и Талат Џафери.

Цртеж е продаден на аукција за 200.000 долари

Квадрат нацртан на пожолтена хартија од ренесансниот гениј Микеланџело е продаден за 201.600 долари, 33 пати повеќе од неговата проценка, објави вчера аукциската куќа Кристи.

Пронајден на задниот дел од рамка, малиот цртеж придружен со писмо од последниот директен потомок на Микеланџело, најпрвин бил проценет на помеѓу 6.000 и 8.000 долари.

Но, њујоршкиот Кристи соопшти дека парчето е продадено за „33,6 пати од најниската проценка“, без да открие детали за купувачот. Малиот цртеж покажува мермерен блок со зборот „simile“ на англиски јазик. Се верува дека е нацртан додека Микеланџело работел на познатиот таван на Систинската капела, изјави експерт од аукциската куќа Кристи за АФП во јануари.

Цртежот е придружен со писмо напишано од Козимо Буонароти во 1836 година, во кое тој му ја нуди работата на својот „славен предок Микеланџело“ на Сер Џон Боуринг, подоцна гувернер на Хонг Конг, чиј потпис се наоѓа на дното на хартијата.

Експертите од Кристи го пронајдоа писмото и дијаграмот прикачени на задната страна на друг цртеж кој со децении се наоѓаше во приватна колекција, соопшти аукциската куќа. Иако не е потпишан од Микеланџело, Кристи соопшти дека истражувањето потврдило дека малиот цртеж е дело на големиот италијански уметник.

Се смета дека помалку од 10 дела на Микеланџело се во приватна сопственост, велат од Кристи, а повеќето се во музејот Каса Буонароти во Фиренца.

АВМУ: ТВ Алфа со објава на злонамерни информации врши притисок врз АВМУ

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро реагира на обидот на ТВ Алфа да изврши притисок врз регулаторното тело преку објава на злонамерна информација. 

Имено, во изданието на емисијата „Заспиј ако можеш“, премиерно емитувано вечерта на 16 април 2024 година, новинарот Горан Момировски, меѓудругото тврдеше дека Агенцијата:

се меша во уредувачката политика на ТВ Алфа; и дека

неформално ѝ се заканува на ТВ Алфа дека може да биде затворена доколку нема „некаква избалансираност којашто е многу субјективна“.

Од почетокот на изборната кампања за Претседателските избори, вработени во ТВ Алфа во повеќе наврати се обратија до Агенцијата за појаснување на одредбите од Изборниот законик. И покрај тоа што Законикот во однос на обврската за избалансирано известување години наназад не е изменет и ТВ Алфа медиумски го покриваше секој изборен циклус, Агенцијата, на секое барање од телевизијата секогаш навремено одговара со појаснување на законските одредби. Секако, секој радиодифузер треба да донесе независна уредничка одлука и тоа регулаторот го потенцира во секоја комуникација со медиумите.

ТВ Алфа се пожали во повеќе наврати дека СДСМ и претставниците во власта од оваа партија одбиваат да гостуваат во нејзините програми. Агенцијата ја потсетуваше телевизијата дека во Претседателските избори учествуваат 7 кандидати, а во Парламентарните – 17 партии/коалиции, и имајќи го ова предвид може да постигне баланс при покривањето на кампањата доколку за првите издвои еднакво информативно време, а за вторите известува пропорционално, според бројот на потврдените листи со кандидати. Впрочем, ТВ Алфа не е единствената телевизија којашто се жали дека е игнорирана од некои политички субјекти, а Агенцијата, вообичаено при извлекувањето оценки за балансот ќе има предвид доколку медиумот ги поканил политичките субјекти а тие одлучиле да не учествуваат.

Воедно, ТВ Алфа намерно ја доведува во заблуда јавноста дека критериумот – според кој на радиодифузер нема да му биде обновена дозволата за емитување доколку не известува избалансирано во текот на еден изборен процес, произлегува од Агенцијата. Оваа воопшто не е точно бидејќи тоа е критериум којшто е пропишан во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

За жал, ТВ Алфа избра да ги погази професионалните новинарски стандарди и да објави злонамерна информација којашто е една од најлошите форми на манипулација со информациите, бидејќи е создадена со јасна цел да наштети некому, во конкретниов случај – на Агенцијата, се наведува во соопштението на АВМУ.

Костадиновска-Стојчевска: Саемот на книгата, е во одбрана на раскажувачите и писменоста

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на отворањето на 36. издание на Саемот на книгата порача дека Министерството за култура, останува голем пријател и силен поддржувач на ова наше богатство.

Костадиновска-Стојчевска, денеска во арената „Борис Трајковски“ на отворањето на 36. издание на Саемот на книгата порача дека Министерството за култура, како покровител на овој, како што рече, „празник на книгата“, останува голем пријател и силен поддржувач на ова наше богатство.

„На годишните конкурси, од година во година, импресивен е бројот на сè повеќе пријавени квалитетни дела и од млади македонски автори. И тоа искрено нè радува. Како што нè радува и зголемениот интерес за создавање многубројни наслови и публикации за деца. Без двоумење ја добиваат нашата поддршка зашто во овие модерни времиња во кои има сè помалку зборови, а сè повеќе кратенки и емотикони, раскажувачите на приказни се чувари на писменоста“, рече министерката за култура.

Во присуство на голем број љубители на пишаниот збор, Костадиновска-Стојчевска порача дека во виртуелниот свет го нема овој опоен мирис на книгата. Само во реалниот свет, ова богатство од книги на македонски јазик од домашни и од странски автори го испишува овој простор во уште една „Приказна која се чита“.

Саемите за книги во последните години, според некои автори, кажа министерката дека прераснаа во едукативни и културни настани кои даваат можност за вмрежување преку негување на врските меѓу авторите, издавачите и читателите. Истовремено радува и сè поголемиот број посетители, што само по себе зборува многу за односот кон книгата.

Тиесет и шестото издание на Саемот на книгата, што ќе трае до 24 април, во седумте саемски денови ќе понуди книги од домашни и од странски автори од над 60 издавачки куќи од земјава и од регионот, соопштуваат од Министерството за култура.

притисни ентер