Ахмети: Да направиме фронт за да влеземе во Европската Унија

Демократската унија за интеграција од вечерва започна со серија на информативни трибини со граѓаните во тетовскиот регион по мотото „Заедно за Европа“. 

Првата се одржа во Тетово, а од утре следуваат и во руралните населени места на тетовското подрачје.

Функционерите на ДУИ кои се дел од извршната власт зборуваа за инфраструктурните проекти, додека претседателот на партијата Али Ахмети ги посочи главните политички цели.

-Во моментов Македонија е во претсобјето за членство во Европската унија (ЕУ). Да направиме фронт за да преминеме од предсобјето во собата на ЕУ. Оваа мисија е толку важна за нашето добро, граѓаните, Албанците, Македонците и сите други кои живеат на овие простори. Тој фронт може да се забрза со уставните измени. Овој фронт не треба да функционира само кај нас Албанците, туку и кај нашите сограѓани Македонци. Да го олесниме и скратиме патот, посочи Али Ахмети, лидер на ДУИ.

Партискиот лидер пред граѓаните и партиската членови ја истакна, како што рече, значајноста на проектот Коридор 8, но и образложи зошто се доцни со реализација. Тој рече дека нема отстапување од овој проект.

-Не поради слабоста на извршната власт, Коридорот 8 можеше да почне со работа на 13 август минатата година, туку беше инфилтрирана фирма која ги надгледуваше работите, руска компанија камуфлирана преку Хрвати. Ни требаа шест месеци, но не добија правото на надзор на работите, бидејќи немаа два милиони евра да ја платат банкарската гаранција, а откриено беше дека има блокирана сметка. Целата ситуација е веќе во тек и прашање на време е кога ќе почне. Изградбата на Коридорот 8 започнува од Тетово-Гостивар-Зајас и продолжува до Ќафасан, како и Прилеп– Битола. Многу голем проект од 1 милијарда и 300 милиони евра“, нагласи Ахмети.

За политичките опоненти порача дека за 20 години, се регистрирани и одјавени 14 партии, а ДУИ ниту една не успеала да ја победи. Партиските функционери, членови на Владата одговараа на прашања за студенски дом, филтер станица за отпадни води и други проекти во Тетово.

Уапсени се 13 членови на „балканскиот картел“, шпанската полиција им влезе во бункерот (ВИДЕО)

Агенти на Националната полиција во Шпанија, во соработка со своите колеги од Србија, разбиле криминална организација со српско потекло во Барселона, која наводно се занимавала со меѓународен шверц на дрога.

По тој повод, како што јавија шпанските медиуми, откриени се пет плантажи со марихуана во кои се запленети повеќе од 37.000 растенија.

Во шест провинциски општини уапсени се 13 лица и извршени се шест претреси во кои се запленети 25 килограми пупки марихуана и 32.000 евра во кеш, пишува Блиц.

Насадите се наоѓале во населени места, далеку од урбаните центри, а најголемите ги сместиле во напуштен хостел, кој претходно го претвориле во бункер.

Како што се наведува понатаму, освен трговија со дрога, осомничените им доставувале и таканаречени растенија „бејби“ на продавачите во Барселона.

Истрагата започнала во јануари годинава како резултат на размена на информации меѓу српската и шпанската полиција за водачот на криминална група од српско потекло кои живееле во Шпанија и биле особено активни во трговијата со дрога со своите роднини од иста националност.

„Откако истражителите ги лоцирале и идентификувале сите членови на организацијата, откриле дека тие биле задолжени за управување со експлоатација на неколку насади со марихуана во различни делови на провинцијата Барселона. Организацијата била структурирана на пирамидален начин, со јасна распределба на функциите кои сите нејзини членови ги знаеле и ги извршувале координирано и подредено, со целосна дискреција во комуникацијата со цел да се гарантира нивната безбедност“, вели изворот за шпанскиот медиум. Покрај наведеното, полицијата конфискувала и три мобилни телефони и едно возило.

Ева Лонгрија среде улица ги соблече високите сандали и одеше боса (ВИДЕО)

Ева Лонгорија била на настанот на американското издание на магазинот Elle во Лос Анџелес.

Таа за оваа прилика облече долг сребрен фустан кој го истакна нејзиното деколте и потпетиците во иста боја.

Но, изгледа дека чевлите не ѝ биле баш удобни. Додека се шетала со пријателките по настанот, Ева застанала на сред улица и ги соблекла штиклите, а папараците го снимиле тој момент. Остатокот од патот продолжи боса.

Во оваа ситуација можеа да се препознаат голем број жени бидејќи секоја од нив барем еднаш одела дома боса по ноќно излегување.

Потсетуваме дека оваа есен почина актерот Тајлер Кристофер, поранешниот сопруг на Ева, а многумина ја осудија актерката. Имено, наместо посвета на Кристофер, успехот кој го постигна актерката го сподели во магазинот Тајм. Додека едни ѝ честитаа за успехот, други беа лути што таа не му посветила објава на нејзиниот починат поранешен сопруг.

„А што е со Тајлер?“, „Таа не коментираше, а тој беше толку прекрасен човек“, „Би требало барем да напишеш нешто за бившиот“, „Тој не се ни олади, а ти се фалиш“. „Мислам дека Ева и Тајлер не беа во најдобри односи, па можеби сака да ги задржи чувствата за себе“, се дел од коментарите.

Да потсетиме, Кристофер беше во брак со ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ од 2002 до 2004 година.

Сите бегаат од поплавите, а еден човек има друг проблем- снимката е хит (ВИДЕО)

Циклонот Михаунг предизвика големи поплави во Индија, а следното видео е снимено во областа Ченаи.

Многу жители на главниот град Тамил Наду се во сериозни проблеми поради поплавите. Сепак, среде хаосот, поединци се обидоа да го извлечат најдоброто од најлошото.

На социјалните мрежи кружи снимка од маж кој лови риба во надојдената вода. Наводно сѐ било снимено во населбата Тарамани, пренесува Times Now News.

Човек во кабаница уловил голема риба, но тешко ја контролирал. Корисниците најмногу на шега коментираа на сцената.

„Кога ќе добиеш поплава, оди на риболов“, напиша една личност.

Имало и такви кои изразиле загриженост за подводниот свет и опасноста што ги снашла.

„Поплавите предизвикаа многу проблеми, но долгорочно придонесуваат за опстанок на одредени видови. Оваа ситуација им дава можност да мигрираат во различни зони и да одржуваат генетска разновидност“, напишал еден човек.

притисни ентер