Агелер: Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот

Соединетите Држави постојано ја поддржуваат целта на Македонија да биде добро управувана, демократска земја, нудејќи еднакви можности за сите нејзини граѓани, уште од стекнувањето на независноста во 1991 година. 

Фокусот денес е на подобрување на економската продуктивност, поттикнување на младите да преземат активна улога во иднината на земјата и намалување на корупцијата. Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на а Македонија.

Ова го истакна американската амбасадорка Анџела Агелер во обраќање на настанот во Скопје по повод одбележувањето на 30 – годишнината од партнерството на УСАИД – Американска агенција за меѓународен развој со Македонија. Таа нагласи дека во текот на изминатите три децении, односот со земјава еволуираше во стратешко партнерство и сојуз и сега, вели, работиме заедно како рамноправни партнери – и пријатели – за заеднички да создаваме и имплементираме локални решенија и да донесеме одржлив развој и позитивни промени.

-Сега повеќе се фокусираме на вашето лидерство и инвестирање во три клучни области: подобрување на економската продуктивност, поттикнување на младите да преземат активна улога во иднината на земјата и намалување на корупцијата. Последново – намалувањето на корупцијата – е важно затоа што корупцијата во која било форма ја оневозможува оваа земја да напредува во економска, социјална, образовна и структурна смисла, за кои знаеме дека може и треба да продолжи да ги постигнува. Иако чекорите по патот кон ЕУ, корупцијата продолжува да го кочи напредокот на Македонија преку забавување на економскиот раст и поттикнување на најталентираните млади луѓе од земјата да бараат можности во странство, порача амбасадорката Агелер.

Горди сме што бевме ваш партнер во изминативе 30 години, рече Агелер, во кои бевме сведоци на значителни промени во овој период, но, подвлече, пред вас има уште многу предизвици.

-Соединетите Држави ќе продолжат да бидат тука за да ги поддржат вашите напори, и со нетрпение очекувам заеднички да ги продолжиме тие напори. Да продолжиме со партнерството за подобра иднина!, истакна американската амбасадорка Анџела Агелер.

УСАИД го одбележа 30-годишниот јубилеј со културно-уметничка програма во осум градови во земјава преку која се истакна соработката со граѓаните на Северна Македонија во однос на поттикнување на реформите кои и помагаат на земјата на патот кон евроатлантските интеграции. Слични настани беа организирани во седум градови, а со денешната манифестација во Скопје завршувуваат активностите по повод јубилејот.

Од отворањето на Канцелариите на УСАИД во земјата во 1992 година во текот на изминатите 30 години, Американската агенција обезбеди за земјава повеќе од 840 милиони американски долари развојна помош, која што беше наменета, пред се, за зајакнување на образованието, економскиот раст, демократијата и владеењето.

Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) е основана на 3 ноември 1961 година со усвојувањето на Законот за странска помош од страна на Конгресот. Таа обедини неколку постоечки организации и програми за странска помош, а предводник на оваа трансформација беше претседателот Џон Ф. Кенеди. Кенеди кој ја препозна потребата да се обедини развојот во единствена агенција одговорна за администрирање на помош за странски земји за промовирање на социјалниот и економскиот развој.

Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ

Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ, Реал го освојуваше трофејот во претходните два наврата.

Карло Анчелоти е првиот тренер кој три пати го исфрли Пеп Гвардиола од Лигата на шампионите.

Реал Мадрид под водство на Италијанецот синоќа го победи Манчестер сити на пенали во четвртфиналето на елитното фудбалско натпреварување.

Претходно Реал предводен од Анчелоти го исфрли Гвардиола од полуфиналето во 2022 година, како и од полуфиналето во 2014 година кога го предводеше Баерн. Во двата случаи, Реал на крајот го освои трофејот.

Сезонава Реал Мадрид во полуфиналето ќе се сретне со Баерн Минхен.

Во другото полуфинале ќе играат Пари Сен-Жермен и Борусија Дортмунд.

Следната фаза од случајот за екстрадиција на Џулијан Асанж во САД ќе започне во мај

Следната фаза од судењето на Џулијан Асанж ќе започне во мај, откако американската влада му ги даде гаранциите на Високиот суд во Лондон што ги побара во врска со случајот на основачот на Викиликс во случај тој да биде екстрадиран.

Основачот на Викиликс се гони во САД за наводен заговор за добивање и откривање информации за националната одбрана по објавувањето на илјадници протечени документи поврзани со војните во Авганистан и Ирак.

За време на дводневното рочиште во февруари, адвокатите на Асанж (52) побараа од судијата дозвола да го оспори отфрлањето на поголемиот дел од случајот за да ја спречат неговата екстрадиција. Минатиот месец, двајца судии ги отфрлија повеќето правни аргументи на Асанж, но рекоа дека доколку САД не обезбедат гаранции, тој ќе може да поднесе жалба по три основи.

Тие гаранции се дека Асанж ќе биде заштитен и ќе може да се повика на Првиот амандман на Уставот на САД, кој ја штити слободата на говорот во земјата; дека САД нема да имаат „предрасуди во судењето“ поради неговата националност и дека тој нема да се соочи со смртна казна.

Вчера, двајцата судии потврдија дека САД дале гаранции до судот и посочија дека сослушувањето ќе се одржи на 20 мај и ќе трае околу два часа.

Судот ја донесе пресудата откако сопругата на Асанж, Стела Асанж, во вторникот рече дека САД отворено дале збунувачки термини. - САД не дадоа гаранција за Првиот амандман и дадоа стандардно уверување за смртната казна, рече таа. „Соединетите Држави не се обврзаа да го повлечат претходното тврдење на обвинителството дека на Џулијан му недостигаше првиот амандман бидејќи тој не бил американски државјанин. Наместо тоа, САД се ограничија на отворено заобиколувачки јазик, тврдејќи дека Џулијан може „да се обиде да го покрене прашањето“ од Првиот амандман доколку се екстрадира.

„Дипломатската нота не прави ништо за да ја намали екстремната вознемиреност на нашето семејство за неговата иднина - мрачните изгледи тој да го помине остатокот од својот живот во самица во американски затвор поради објавување наградувано новинарство“, додаде неговата сопруга.

Американското Министерство за правда одби да коментира.

Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени

Најмногу дожд во изминатото дененоќие наврна во Виница 32 литри на метар квадратен, во Берово 25, Лазарополе 19, Радовиш 16, Штип 15, Охрид 14, а девет литри во Скопје, соопшти УХМР.

Три степени под нулата утрово се измерени на Попова Шапка, пет во Скопје, шест во Берово, Охрид, Битола, Штип и Струмица, а девет во Гевгелија.

Во текот на ноќта преовладуваше облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини со повремен снег. Наместа дуваше умерен до засилен ветер претежно од северен правец.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, особено во северозападните делови каде ќе има услови за ретки грмежи. На планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови засилен западен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно и посвежо со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

притисни ентер