Дел од туристичките агенции велат дека има зголемен интерес за аранжмани, особено за патувања надвор од државата, околу велигденските и првомајските празници.
Први Мај се паѓа во среда и е неработен за сите граѓани, а 3 мај, Велики петок е неработен за граѓните од православна вероисповед. За првпат годинава, учениците ќе имаат пролетен распуст од 29 април (понеделник) до 6 мај (недела). 6ти мај е втор ден Велигден и е ненеработен ден. На 24 април и 8 мај ќе се одржат претседателските и парламентарните избори, а со одлука на Владата од 16 април, тие денови ќе бидат неработни за сите граѓани. Трудовата инспекција не може да казнува или затвора објекти. Овие два неработни денови не се утврдени со Законот за празници туку со владина одлука, па оттука инспекторите не можат да постапуваат.. во меѓувреме, и од министерството за образование и наука соопштија дека на 23 април и 7 мај, односно ден пред гласањето, учениците ќе имаат скратени часови, во оние училишта каде ќе се одвива изборниот процес.
- „23 април и 7 мај, односно деновите пред гласањето ќе бидат работни за сите училишта. При тоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе се реализира од 7 до 11 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија, односно класови. Во останатите училишта каде не се спроведува гласање, наставата се реализира вообичаено и согласно предвидениот дневен распоред“, велат од министерството.