Африканската свинска чума по Бугарија стигна и во Србија

Африканската свинска чума по Бугарија стигна и во Србија. Од денеска Агенцијата за храна и ветеринарство донесе забрана за увоз на свинско месо и преработки.

Директорот на агенцијата Атанасов информацијата ја потврди и за Канал 5. Свинската чума ја има во околината на Белград, Младеновац и Смедеревска Паланка. Ловечките здруженија се организираат, утре треба да потврдат кога ќе почне ловот на диви свињи. Овој викенд акцијата не почнала поради забраната за движење во шумите заради заштита од пожари.

По потврдата на антракс во местото Страговиште во општина Зајас денеска нема пријава на нови случаи за заболени животни, ниту луѓе. Она што е ново е дека во 22 обележени места во Македонија сомнителни дека ќе се појави антракс ќе започне вакцинација на овците, козите, кравите и коњите. Според правилата животните во обележаните места низ цела Македонија ќе бидат веднаш вакцинирани.

На седми август официјално било потврдено дека има антракс во општина Зајас. Местото е чисто и биле запалени девет мрши, потврдуваат од агенцијата. До оваа институција имаше големи критики дека ја прикривале информацијата. Првиот човек на агенцијата повтори дека се прави сензација од нешто што се појавувало со години, и дека состојбата е целосно под контрола. 30 вработени од факултетот за ветерина се уште се на превентива со антибиотици бидејќи биле во контакт со заболеното животни.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер