АФПЗРР досега на 306 земјоделци им ги исплати средствата за набавка на трактор

Станува збор за трактор од марката „Арматраг" со вкупна вредност на инвестицијата од 733 илјади денари од кои 403 илјади денари се вратени на сметката на апликантот.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски денеска во скопско Стајковци го посети земјоделското стопанство „Еко – Фарм 2017" кое има добиено финансиска поддршка за набавка на трактор.

Станува збор за трактор од марката „Арматраг" со вкупна вредност на инвестицијата од 733 илјади денари од кои 403 илјади денари се вратени на сметката на апликантот.

Преку мерката „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, подмерка набавка на трактори" веќе се реализирани и исплатени повеќе од половина од одобрените апликации.

– Преку оваа мерка потпишани се 540 договори за набавка на трактори. До денеска исплатени се 306 апликанти и на нивните сметки вратени се 120 милиони денари. Тоа се сериозни средства кои се вратени на сметките на земјоделците. Агенцијата продолжува да имплементира и реализира мерки кои го осовременуваат домашниот агро сектор. Преку Програмата за рурален развој АФПЗРР исплати 990 милиони денари за поддршка на мерките кои се реализраат преку оваа програма. Со тоа реализацијата на средствата од Програмата за рурален развој е 85 проценти. Практично овие средства се инвестирани во капитални, развојни проекти кои го прават секторот земјоделство поконкурентен и со пониски производни трошоци, изјави Бачовски.

Управителот на Еко – Фарм 2017, Александар Крстевски вели дека тракторот стигнал во вистинскиот момент.

– Оваа есенска сеидба, новиот трактор значително ги намали производните трошоци. Обработката на 10 хектари површина со градинарски култури, сега оди полесно, а скратено е и времето за обработка. Ваквите мерки не само што не прават поконкурентни, туку не тераат да ги зголемуваме површините. Повратот на повеќе од половина од средства за набавка на трактор веќе планирам да ги реинвестирам во нови проекти кои ќе ми овозможат да креирам додадена вредност на домашните произведени земјоделски култури, истакна Крстевски.

Разбојници ја убиле сопругата на легендарен музичар

Сопругата на легендарниот музичар Кларенс Авант е убиена во вторникот во нејзиниот дом во елитната населба Трусдејл Естејтс во Лос Анџелес.

Имено, таа била убиена од крадци кои упаднале во нивната семејна куќа.

Полицијата на Беверли Хилс била повикана во куќата во Трусдејл Естејтс во вторникот вечерта околу 2.30 часот по полноќ, откако на телефонскиот број 911 добиле повик дека некој бил застрелан и убиен.

Сопругата на Авант, Жаклин Авант, итно била пренесена во болница, каде што подоцна починала. Таа имала 81 година.

Семеен извор изјавил за ТМЗ дека разбојниците пукале додека влегле во куќата и ја погодиле сопругата на Авант.

Авант (90) во тој момент бил дома, но не е јасно дали е повреден во нападот.Легендарниот музичар беше примен во Куќата на славните во октомври, а покрај него беше неговата сопруга.

Нивната ќерка Никол Авант е во брак со извршниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос.

СЗО: За неколку дена ќе знаеме колку е заразен омикрон

Светската здравствена организација очекува за неколку дена да има повеќе информации за тоа колку е заразен новиот сој на корона, омикрон, изјави денеска техничкиот директор на СЗО Марија ван Керхове.

Во соопштението се посочува дека СЗО ќе има податоци за омикрон многу побрзо од предвиденото, бидејќи Женева претходно соопштила дека ќе бидат потребни недели за да се добијат податоците, пренесе Ројтерс.

Некои од главните прашања се дали сојот е позаразен или отпорен на заштитата од вакцини, а одговорите треба да се почекаат, се додава.

Софија Вергара на луда латино забава во кругот на семејството (ВИДЕО)

Софија Вергара (49) изгледа сензационално на прославата на американскиот Ден на благодарноста, а актерката на социјалните мрежи се пофали со фотографии и видеа од забавата на која присуствуваа членовите на нејзиното семејство.

На ѕвездата од ТВ серијата „Модерно семејство“ и` се придружија помладата сестра, музичарката Вероника (21) и внуката Клаудија (29). Веселото трио танцува пред огледалото, а на Софија подоцна во танцовите чекори и се придружила и нејзината баба.

Се чини дека на споменатата забава не присуствувал актерот Џо Манганиело (44) за кого заносната американско-колумбиска дива се омажи во 2015 година.

- Среќна шеста годишнина од бракот, љубов моја! Уште многу години заедно! Те сакам – напишала Софија на Инстаграм во вторникот.

Двојката се свршила на Божиќ за време на романтичен одмор на Хаваи во 2014 година, само шест месеци откако Вергара раскинала со Ник Лоеб. Тие се венчале во 2015 година во Палм Бич, Флорида. Заедно немаат деца, а Софија е мајка на 27-годишниот син Манол, кој го доби со поранешниот сопруг Џо Гонзалес.

притисни ентер