Аеродром станува првата смарт општина - објавен повикот за избор на стратешки партнер

Општина Аеродром го објави повикот на избор на стратешки партнер кој преку јавно приватно партнерство треба да го реализира проектот „Смарт Аеродром“. 

Проект, кој претставува сеопфатен напор за беспрекорно интегрирање на напредните технологии во нашата општина, во насока на подобрување на различните аспекти на секојдневното живеење. Трошоците за реализација на проектот во целост ќе ги има приватната компанија, а Општина Аеродром освен што нема да има финансиски импликации за истиот, ќе оствари и заштеда на електрична енергија, а со тоа и заштеда на средства.

Паметни светилки на територијата на целата општина кои треба да го решат проблемот со осветлувањето во Аеродром и да влијаат на заштедата на електрична енергија, електрични тротинети и велосипеди кои ќе ја зголемат мобилноста на граѓаните, а со тоа и кон намалување на загадувањето, дигитални дисплеи преку кои граѓаните ќе се информираат за работата на општината, бесплатни зони за интернет и полначи за електрични автомобили се само дел од придобивките за граѓаните на Аеродром кои ги предвидува проектот „Смарт Аеродром. Освен тоа, тој ќе влијае и на остварување на стратешките приоритети преку подигнување на безбедноста и сигурноста на граѓаните, придонес за почиста и позелена општина и директното влијание кое „Смарт Аеродром“ ќе го има на квалитетот на живеењето во општината.

Проектот „Смарт Аеродром“ претставува реализација на ветување дадено во изборната програма и истиот е значаен исчекор напред за граѓаните и нашата општина, покажувајќи ја решеноста за прифаќање на новите технологии и воведување одржливи практики во насока на подигнување на квалитетот на живеење. Со имплементирање на овие иновативни решенија, го отвораме патот за посветла иднина во Аеродром - иднина каде технологијата, одржливоста и поврзувањето се спојуваат во еден проект кој пред се ќе донесе низа бенефити за граѓаните, а потоа ќе донесе технолошки напредна општина со која сите ќе се гордееме. „Смарт Аеродром“ е проект кој е важен технолошки исчекор напред, проект во чии рамки се пресретнуваат технологија и одржливоста, за првпат во Македонија, токму во општината Аеродром.

По успешното завршувањето на повикот на воспоставување на јавно – приватно партнерство ќе може официјално да му посакаме добредојде на проектот кој ќе даде една нова енергија на иднината и живеењето во нашата општина. Имплементацијата на проектот планирано е да започне на почетокот на следната година, а по завршувањето на имплементацијата Општина Аеродром ќе стане првата високотехнолошка и паметна општина.

Општина Аеродром

Силна експлозија одекна во Санкт Петерсбург

Гувернерот на Санкт Петербург Александар Беглов објави дека во областа Красногварде во тој град се случил „инцидент“ во кој делумно се оштетени балконите на две куќи, но дека нема повредени.

„Министерството за вонредни ситуации и припадниците на полицијата работат на местото на инцидентот во областа Красногварде. Нема повредени“, напиша Белглов на Телеграм.

Тој изјави дека станарите од тие згради се евакуирани, пренесува РИА Новости.

Силна експлозија го потресе рускиот град Санкт Петербург рано утринава, откако беспилотно летало удрило во станбена зграда, јавија локалните медиуми, а пренесува Раша тудеј.

Како што пренесува локалниот весник Фонтанка, експлозијата се случила во северниот дел на градот, а фасадата на станбениот блок е „сериозно оштетена“.

Весникот „Известија“ објави и дека во Санкт Петербург имало експлозија која оштетила две згради и дека нема жртви.

По месец и половина, откриена е причината за смртта на претседателот на Херта

Иако неодамнешниот претседател на Херта од Берлин, Каи Бернштајн почина кон средината на јануари, јавниот обвинител дури по месец и половина ги откри причините за смртта, што ја шокираше Германија.

Да потсетиме дека Бернштајн легнал една вечер и не се разбудил утрото, а бил пронајден мртов од неговата сопруга која потоа повикала брза помош. За 43-годишниот Каи, сепак немало спас.

Во меѓувреме, германската јавност излезе со информација дека Бернштајн починал од природна смрт. Со други зборови, токсиколошките и хистолошките тестови не покажале ништо сомнително. Исто така, се верува дека причина за смртта е најверојатно срцев удар.

Бернштајн беше на чело на Херта од 2022 година, а веќе е познато дека е голем поддржувач на овој клуб и дека беше еден од симпатизерите во 90-те години.

СДСМ: Ново убиство, началниците и техничкиот министер на ДПМНЕ во МВР немаат капацитет

Техничкиот министер на ДПМНЕ, Тошковски и неговите началници немаат капацитет.

Пред само неколку дена во еден ден во Скопје се случи убиство, а потоа беше запален и кафе бар.

Се уште нема разрешница за овие настани.

Ново убиство е случи и во Прилеп, каде свирепо беше убиено малолетно момче.

Што прават неспособните кадри на ДПМНЕ во МВР?

Безбедноста на граѓаните се загрозува поради нивната некадарност, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер