Аеродром ќе добие мултимедијален и ИТ центар, новата општинска зграда зад зградите Џевахир

Позади зградите „Џевахир" во Аеродром на површина од 22 илјади метри квадратни ќе бидат изградени новата општинска зграда, мултимедијален центар и иновативен центар во кој младите ќе имаат можност да ги развиваат своите ИТ идеи и вештини.

Кандидатот за градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски, кој е избран во првиот круг на неодамнешните локални избори, ветува дека новата општинска зграда ќе биде со истата квадратура како онаа што ја предвидуваше досегашниот градоначалник, но ќе чини двојно помалку. На местото во Реонскиот центар каде беше планирано да биде изградена општинската зграда, ќе биде направен парк на површина од пет илјади метри квадратни.

– Ако ја погледнете квадратурата и цената предвидена за тој објект, ќе видите дека цената е несразмерно висока земајќи ги предвид пазарните вредности за изградба на објект од таа големина. Дополнително, жителите кои живеат во Реонски центар не сакаат таму општинска зграда. Тој е дел од општината каде итно е потребен нов парк. Затоа ветивме дека на таа локација, жителите ќе добијат парк од пет илјади метри квадратни со специјални содржини. Тоа е наше предизборно ветување и така ќе го реализираме, изјави денеска Муцунски.

Мултимедијалниот центар планирано е да има кино, театар, читална, библиотека и се она што е потребно за развој на културата во општината.

Изградбата на иновативниот центар во Аеродром е заедничка заложба на општината и на кандидатката за градоначаник на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Заедничка заложба и на Градот и на општината е тука да биде изграден центар чија цел ќе биде градење на ИТ потенцијалите и кој ќе им овозможи на сите млади скопјани да имаат свој дом каде ќе може да работат на своите идеи. Ова ќе биде значајно решение за Град Скопје и верувам дека со оние средства кои беа планирани од градоначалникот во заминување за купување на луксузни канцеларии за него, сега дел ќе бидат наменети за ИТ хаб, изјави Арсовска.

На новинарско прашање дали ќе побара поддршка од кандидатот за градоначалник на Карпош од редовите на ГРОМ, Стевче Јакимовски и дали ќе му даде поддршка во вториот круг, Арсовска рече дека за неа најважна е поддршката од граѓаните без разлика на нивната политичка определба. Посочи дека ќе го поддржи сето она што е напредно и за подобра иднина на градот и на општините.

– Поддржувам се она што е напредно и за подобра иднина на градот и на општините и верувам дека сите луѓе кои имаат коалициски капацитети и визија за подобро утре треба меѓусебно да си бидат поддршка. Затоа верувам дека Јакимовски, исто како и мене, ќе ги повика сите граѓани на неговата општина. Јас ги повикувам сите скопјани без разлика на политичка определба да ме поддржат во оваа трка за градоначалник, рече Арсовска.

Силјановска-Давкова со преставка за дискриминација и навреди од Пендаровски

Силјановска-Давкова со преставка за дискриминација и навреди од Пендаровски и лица во неговата кампања.

Од штабот на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори Гордана Силјановска-Давкова соопштија дека поднеле нова преставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ националниот демократски институт и хелсиншкиот комитет за човекови права.

Во преставката, како што се истакнува во соопштението, се констатира дека и покрај потпишаниот кодекс за фер и демократски избори во периодот од 10 до 14 април 2024 година различни лица вклучени во неговата кампања, вклучително и самиот кандидат стево пендаровски, го кршат кодексот и предизвикуваат вознемирување и повреда на личното достоинство на гордана силјановска-давкова, во согласност со член 10 став 1 од законот за спречување и заштита од дискриминација – велат од нејзиниот штаб, и додаваат... „Навредите и говорот на омраза и јавното демонстрирање на мизогинија се користат на митинзи и на други јавни настапи со цел да се влијае врз јавното мислење и да се предизвикаат реакции на исмејување од страна на присутните граѓани во толпата. Сето ова води кон поттикнување и охрабрување дискриминација и сексизам. – стои меѓудругото во соопштението

Доживотен затвор доби мажот кој со 40 пати со нож избоде жена во Кочани

Доживотна затворска казна му изрече Основниот суд во Оочани на 59 годишниот кочанчанец кој лани во септември ја уби 46 годишната сограѓанка.

Тој пред судот признал вина а обвинтелството го товареше за убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин. Од обвинителството информираат дека со обвинението на товар му се ставало и кривично дело уцена, што било сторено пред убиството, но обвинетиот не го признал делото и постапката за тој дел е раздвоена и ќе се води понатаму. Убиството се случи на 25 септември лани пред домот на убиената кога по кратка расправија обвинетиот со нож и нанел 40 убодни рани при што жената веднаш починала.

Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот

Во вторниците 23 април и 7 мај, т.е. деновите пред одржувањето на изборите во државава, наставата во училиштата ќе се реализира вообичаено согласно распоредот, а училиштата во кои утредента ќе се организира гласање ќе работат од 7 до 11 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија односно класови, соопшти Министерството за образование и наука.

Деновите на изборите, средите 24 април и 8 мај 2024, се неработни за сите училишта. МОН денеска во сопштение наведува дека и покрај овие два неработни дена, наставата од учебната 2023/2024 ќе се реализира во целост, како што предвидуваат плановите за организација на работата на основните и средните училишта.

-Иако гласањето во рамки на првиот и вториот изборен круг е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат дел од наставниот материјал, посочува МОН.

МОН во соопштението потсетува на утврдените календари според кои наставната година за учениците од средните училишта ќе трае до 10 јуни, а за учениците од основните училишта до 17 јуни, така што учебната година нема да биде продолжена поради двете неработни среди.

Со одлука на Владата од седницата во вторникот, заради непречено спроведување на првиот и вториот круг на Претседателските избори и на Парламентарните избори 2024, деновите 24 април и 8 мај ќе бидат неработни за сите граѓани на целата територија на државава, и тие нема да се одработуваат.

притисни ентер