АЕК: Нема основа граѓаните да се грижат за штетноста од зрачењето на 5Г

Дали имаат основ стравувањата дека воведувањето на 5Г технологијата, може да има штетни влијанија по здравјето? 

Дилемата е глобална и за неа се дебатира насекаде во светот, а загриженост има и кај нас, по најавите дека еден од операторите веќе е подготвен за неа...

Во Агенцијата за електронски комуникации стигнале голем број поплаки но, оттаму смируваат. Тврдат дека анализите им покажале оти нема потреба за загриженост.

„5Г технологијата ќе значи дека бројот на базни станици ќе биде 10 пати 100 пати поголем од постоечкиот и тогаш веќе ќе се судриме со реални проблеми на отпорот, со тоа сакаме да покажеме дека тие зрачења се сепак далеку, далеку под рамките на дозволеното.“вели Сашо Димитријоски директор на АЕК.

Неодамна во центарот на главниот град, се презентираше и мерење на брзината на 5Г, но сепак за реална примена, од АЕК велат дека ќе треба да почекаме.

„До крајот на следната година Агенцијата ќе ги објави тендерите за 5Г спектрите, се надеваме дека до крајот на годината и тој процес ќе се заврши, после останува на операторите кога ќе бидат спремни да го имплементираат.“истакна Сашо Димитријоски директор на АЕК.

Со протести, па и петиции до Светската здравствена организација, граѓанските здруженија, научниците па и некои политички партии низ светот се дигнаа на нозе и се спротивставија на новата технологија, поради стравувања дека нејзината примена ќе го зголеми ризикот од канцер кај населението, а ќе предизвика и стрес на клетите, генетски нарушувања, па и дефекти во меморијата... Но, засега, единствена земја која ги прифати овие аргументи и официјално одби да инсталира 5г технологија е Белгија.

Инаку очекувањата се 5Г и во светски рамки да почне да се користи од следната година, а Олимписките игри во Токио ќе бидат првиот голем настан кој ќе биде целосно покриен со оваа технологија.

Кембриџ доби 20 милиони фунти од компании за фосилни горива

 Британскиот универзитет Кембриџ денеска објави дека, по кампањата на студентите и академиците, усвоил мораториум за нови донации за компаниите за фосилни горива.

Одлуката следи по препораките во минатогодишниот извештај на поранешниот претставник на ОН за климатски промени Најџел Топинг.

Кембриџ рече дека суспензијата е усвоена во петокот „со оглед на посветеноста на универзитетот за справување со климатските промени преку транзицијата кон свет без јаглерод“.

Според извештајот на Топинг, универзитетот добива релативно мали донации од индустриски партнери, што изнесува 5,1 отсто од вкупниот буџет за истражувачки и хуманитарни програми.

Ова изнесува околу 3,3 милиони фунти годишно во последните шест години.

Индустриите за фосилни горива учествуваат со 0,4 отсто во финансирањето на истражувачки и хуманитарни програми, а нивните донации сочинуваат 0,1 отсто од вкупниот приход на универзитетот, се наведува.

Одлуката на Кембриџ првпат беше објавена во понеделникот од Фајненшл тајмс, кој рече дека универзитетот прифатил 19,7 милиони фунти од нафтените гиганти БП и Шел меѓу 2016 и 2023 година.

Универзитетот има за цел да постигне нула нето емисии на стакленички гасови до 2038 година.

Нормализиран сообраќајот на патот Битола-Прилеп

Од 11:20 часот сообраќајот на патот Битола-Прилеп се одвива нормално, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

Од АМСМ, пак, претходно информираат дека од 09:10 часот сообраќајот на патот Битола-Прилеп се одвивал наизменично по една коловозна лента, поради сообраќајна несреќа што се случила на овој патен правец.

Најжешкото видео на Јелена Карлеуша

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно „ги запали“ социјалните мрежи , но не со нова песна туку повторно со видео на кое во преден план се нејзините бујни силиконски облини. 

Карлеуша објави видео од плажа во Дубаи - стомачните мускули и силиконски гради во преден план!

Иако скоро никогаш не се плашела да покаже „малку кожа“, во последните месеци, по објавувањето на албумите „Алфа“ и „Омега“, Јелена реши целосно да се соблече и да покаже дека линијата ја довела до совршенство.

Популарната Џеј Кеј сега со видео од Дубаи предизвика бурни коментари - позираше во розово, минијатурно бикини, а заработи многу ласкави коментари, од кои најистакнат беше оној: „Убаво е да се види дека овој пат и жените и мажите ја фалат Јелена Карлеуш“.

притисни ентер