Адвокатот на Навални: Ризикува три и пол години затвор ако се врати во Русија

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални е на списокот на лица кои ја прекршиле условната казна и може да се соочи со три и пол години затвор кога ќе се врати во Русија овој викенд, изјави денеска еден од неговите адвокати.

Навални вчера објави дека ќе се врати во Русија во недела, на 17 јануари од Германија, каде се опоравува од обид за труење, игнорирајќи ја можноста да заврши во затвор.

Кремљ, кој што негира вмешаност во труењето, објави дека Навални е слободен да се врати во Русија кога сака, како и секој друг руски државјанин.

Навални беше пренесен во Германија во август откако се онесвести на летот од Сибир. Германија и другите западни земји тврдат дека станува збор за обид за атентат со нервен агенс новичок , но руските власти негираат каква било вмешаност во случајот.

Навални смета дека обвиненијата против него се политички мотивирани.

Вадим Кобзев, еден од адвокатите на Алексеј Навални, денеска за Ројтерс изјави дека неговиот клиент бил ставен на списокот на лица по кои се трага со национална потерница, затоа што руската затворска служба го обвинила дека не и се пријавил кон крајот на минатата година во врска со условната казна.

Навални истакнува дека во тоа време бил на лекување во Германија.

Затворската служба вели дека тој бил пуштен од болница во Берлин во септември и затоа требало да се врати во Русија и да се јави кај нив.

„Теоретски, можат да го уапсат веднаш штом се врати (во Русија), но првично само на 48 часа“, рече Кобзев.

Тој очекува дека судот ќе ги разгледа деталите за случајот на 29 јануари, кога може да нареди условната казна да се смени во затвор.

„Судот може да ја промени условната казна и да изрече затворска казна и да го стави во затвор три и пол години“, изјави Кобзев за Ројтерс.

Нападната база на проиранските милиции во Ирак, САД и Израел негираат вмешаност

ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“.

Серија експлозии го разнеле штабот на Народниот фронт за мобилизација (ПМФ) на 50 километри јужно од ирачкиот главен град Багдад, само неколку часа откако припадници на проиранските милиции лансирале беспилотни летала кон израелската воздухопловна база во близина на Елиат.

Според првичните информации што ги објавија медиумите во Ирак, најмалку еден член на Народниот фронт за мобилизација, проиранска милиција која е дел од ирачките вооружени сили, е убиен, а десетина биле ранети во нападот на неидентификувани авиони врз базата во близина на Багдад.

ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека „коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција“.

И израелските власти негираат дека стојат за нападот, но офицери на ирачките воздухопловни сили изјавиле дека авионот, кој истрела проектили врз базата на проиранската милиција, најверојатно летал од правец на Јордан.

Израел вчера изврши напад на иранска територија, неколку дена откако Иран го нападна Израел со беспилотни летала и проектили кои главно беа пресретнати и уништени.

Техеран, пак, објави дека воената база во Исфахан била нападната со беспилотни летала лансирани од локација во Иран, поради што нема намера да изврши нов одмазднички напад против Израел.

САД, кои се обидуваат да ги убедат двете страни да го запрат бранот одмазднички напади, по израелската акција во Иран, оценија дека таквите операции завршиле. /МИА

Алегри по ремито со Каљари: На полувремето требаше сите да бидат сменети, вклучително и јас

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри се осврна на синоќешниот натпреварот со Каљари на којшто неговиот тим се спасуваше од пораз.

Средбата од 33. коло во Серија А заврши 2:2, а Јувентус изедначи во последните минути со автогол на Алберто Досена.

- Пропуштивме седум контранапади и постојано грешивме. Требаше да се бориме, но не влеговме во дуел-игра и ја направивме секоја можна грешка од технички аспект. Во вториот дел играта се промени и се подобривме. Не можете да му го дозволите на противникот таков почетокот на натпреварот на противникот. Примивме два гола. Секогаш е тешко да се игра и да се победи во Каљари. Фудбалот е тежок спорт кој се состои од дуели. Моравме да бидеме на нивното ниво, можеби да играме потехнички.

На полувреме мораше сите да бидат заменети, вклучително и јас. Сега ни преостанува борбата за место кое обезбедува пласман во Лигата на шампионите. Што се однесува до купот, мислам дека со една нога сме во финалето, рече Алегри.

На 23 април торинскиот тим ќе игра со Лацио во реваншот од полуфиналето на Купот на Италија. Првиот натпревар заврши со резултат 2:0 во корист на Јувентус.

На табелата во Серија А, Јувентус е трет со 64 бодови. Пред него се Милан со 69 и Интер со 83. /МИА

Хуманитарен настан за лекување на Кара Селовска

Општина Центар во сабота во Паркот на Франкофонија организира музички хепенинг за собирање средства за лекување на 12-годишната Кара Селовска, која се лекува во Барселона.

Настанот е во организација на сите осум основни училишта на подрачјето на општина Центар и со поддршка на Општина Центар.

Кара е ученичка во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Општина Центар, а поради сериозни компликации во моментот е хоспитализирана на клиниката во Барселона поради дијагностицирање на нејзината болест.

- Ова е втора акција која Општина Центар ја организира за собирање средства за лекување. Претходно, пензионерите од Центар организираа аукција на слики преку која собираа донации за Кара, информираат од Општината.

притисни ентер