Адвокати од САД со апел: Фејсбук и Твитер, борете се против лажните вести за вакцинацијата

Дванаесет американски адвокати ги повикаа Фејсбук и Твитер да ги засилат своите напори против ширењето лажни информации за вакцините против коронавирус.

Тоа вклучува бришење на профилите на некои закоравени противници на вакцинацијата, рече јавниот обвинител на Њујорк.

Во писмото до Џек Дорси и Марк Закерберг, основачи на Твитер и Фејсбук, државните адвокати од Њујорк и уште 11 други држави, изразиле загриженост за користење на нивните платформи за ширење лажни информации.

„Иако кампањата за вакцинација значително се забрза во последните неколку недели, дезинформациите што се шират низ вашите платформи ја зголемија неподготвеноста за вакцинирање, што ќе го забави економското закрепнување и ќе предизвика повеќе непотребни смртни случаи од инфекцијата“, се вели во писмото.

Адвокатите навеле податоци од Центарот за сузбивање на дигиталната омраза, според кои на социјалните мрежи има 59 милиони претплатници кои се против вакцинацијата. Не е прецизирано дали станува збор за претплатници само во САД или и во други земји.

Иако неодамнешните мерки преземени од Фејсбук и Твитер против дезинформациите се „чекор во вистинската насока“, обвинителите ги обвинуваат дека не успеале да ги избришат сметките на илјадници активисти против вакцинацијата од сите нивни платформи. Дванаесет од нив се одговорни за 65 проценти од содржината против вакцинација на Фејсбук, Инстаграм и Твитер. Многумина се особено насочени кон црното малцинство, кои се веќе недоверливи кон вакцината, честопати од историски причини.

Адвокатите особено го критикуваат Фејсбук дека не ги предупредил групите формирани од еден од оние активисти против вакцините, Лери Кук. Покрај јавниот обвинител на Њујорк, писмото го потпишале и јавните обвинители во Конектикат, Делавер, Ајова, Масачусетс, Мичиген, Минесота, Северна Каролина, Орегон, Пенсилванија, Род Ајленд и Вирџинија.

Повикот уследил пред сослушувањата на Марк Закерберг, Џек Дорси и шефот на Гугл, Сундар Пичаи во Конгресот за нивните напори да се справат со дезинформациите.

Хезболах истрела неколку десетици ракети кон Израел

Либанското исламистичко движење Хезболах синоќа соопшти дека истрелало десетици ракети врз северен Израел како одговор на смртта на двајца цивили во јужен Либан, во напад за кој е обвинет Израел.

Борците на Хезболах истрелаа „десетици ракети Катјуша“ врз северен Израел „како одговор на нападите на израелскиот непријател врз домовите на цивилите, особено за масакрот во Ханин и смртта на цивили“, се вели во соопштението на проиранското шиитско движење.

Од почетокот на војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Појасот Газа на 7 октомври, секојдневно има размена на оган меѓу израелската армија и Хезболах, кој тврди дека го поддржува палестинското исламистичко движење.

Проиранскиот Хезболах, кој има арсенал ракети и прецизни проектили, гаѓа израелски воени позиции и локации во близина на границата, а Израел реагира со бомбардирање цели на либанска територија, претежно на југ, вклучително и целни напади врз припадници на Хезболах и Хамас. /МИА

Во Кавадарци отворени гласачките места, се гласа за претседател на државата

 Во Кавадарци утрово навремено беа отворени гласачките места, се гласа за претседател на државата, информираше претседателката на Општинската изборна комисија, Емилија Петровска. 

- Малку проблеми пак со убиг апаратите. Но, со помош на ИТ лицата, се е ставено во ред, нагласи таа за МИА.

Петровска потсети дека за вчерашниот ден, за гласање беа пријавени 110 болни и немоќни лица во домашни услови и 14 штитеници во Дом за вонсемејна грижа „Др.Јанески" во кавадаречкото село Чемерско.

- Согласно на законот, тие лица гласаа вчера, ден пред изборите за претседател на државата денеска. Во избирачкиот список за општина Кавадарци се евидентирани вкупно 31.868 гласачи, соопшти Петровска.

Таа појасни дека немаа пријавено лица од оваа општина што издржуваат казна затвор, а кои исто така можеа да гласаат во текот на вчерашниот ден.

Отворени се сите избирачки места во десетте општини во Југоистокот

Сите 273 избирачки места во десетте општини во Југоистокот се отворени утрово во 7 часот, а право на глас во првиот круг на претседателските избори имаат 141.167 гласачи.

Според информациите од општинските изборни комисии, гласањето веќе тече, а освен неколку мали технички проблеми со фингер и УВ апаратите не се забележани други проблеми. Според изборните комисии техничките проблеми се надминуваат и не влијаат на изборниот процес.

Инаку, во Југоисточниот плански регион се гласа во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село, Конче, Богданци, Гевгелија, Дојран и Валандово.

Вчера гласаа болните и изнемоштените и затвореници од затворите во Струмица и Гевгелија.

притисни ентер