Адеми: Посакуваме од 1 септември враќање во училишните клупи

Сакаме учениците да се вратат на училиште зашто наставата таму нема замена, колку и да се трудиме. 

Ќе бидеме подготвени за какво било сценарио, но посакуваме во најнормални услови и околности да се вратиме во училиштата од 1 септември, рече министерот за образование и наука Арбер Адеми во гостување во последната „ТВ Училница" која од 16 март секој ден претпладне се емитуваше на Македонската радио-телевизија.

По повод крајот на учебната 2019/2020 година, министерот Адеми и на својот Фејсбук-профил им честитаташе на учениците за постигнатите успеси и стекнатото знаење, посакувајќи им пријатен распуст до почетокот на новата учебна година, со надеж дека „ќе се вратиме во училишните клупи".

-Драги ученици, би посакал оваа учебна година, како претходните години да ја завршивте во училишните клупи, насмеани заедно со вашите другари и другарки! Но, понекогаш работите не одат како што сакаме ние… И покрај фактот дека не може да се замени наставата во училишните клупи, вие покажавте максимален интерес и посветеност да продолжите да учите од далечина со помош на родителите, и не се сомневам дека сте ја постигнувале целта, напиша Адеми на Фејсбук и им предложи на учениците на распустот да прочитаат некоја книга или лектира и да се вклучат во спортски активности. На матурантите и дипломците, пак, им посакува успех во уписите.

Во гостувањето во „ТВ-Училница" на МРТ Адеми посочи дека сите придонеле процесот на онлајн-настава да биде успешен – покрај учениците и наставниците, го цени и ангажманот на родителите.

-За волја на вистината, не одеше сè лесно во смисла на организирање и реализирање на образовниот процес, рече Адеми. Главни предизвици биле возраста на учениците, односно вештината на помалите за користење на електронските уреди, како и проблемот со интернет-пристапот на ученици од социјано загрозените семејства што беше надминат.

За „ТВ Училницата" на МРТ рече дека била беспрекорно организирана, а главен придонес имале самите наставници кои секој ден учествуваа за да пренесуваат содржини од наставните програми.

Три наставнички кои беа денеска во „ТВ Училница" оценија дека тоа била најпродуктивна образовна емисија во земјава. Имаат позитивно искуство и ова, сметаат, било можност целата јавност да дознае повеќе за нивната работа, но и да ја оценува.

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

притисни ентер