Адеми: На маса се опциите и за пролонгирање, и за укинување на државната матура

Одговарајќи на прашање дали ќе прифатат иницијатива и петиција од средношколци државната матура оваа година да е се полага, тој одговори дека на повеќе наврати систакнале дека ја  следат ситуацијата и околностите.

Министерот за образвание и наука Арбер Адеми рече дека на маса има опции и за пролонгирање и за укинување на државната матура за оваа учебна година, дека анализи се прават и секоја одлука што ќе се донесе ќе биде мотивирана од најдобриот интерес за учениците.

Одговарајќи на прашање дали ќе прифатат иницијатива и петиција од средношколци државната матура оваа година да е се полага, тој одговори дека на повеќе наврати систакнале дека ја следат ситуацијата и околностите.

-Така што, сите опции се на маса. Се дискутира и опцијата за пролонгирање на државната матура, но и за опцијата за укинување на државната матура. Нема простор за загриженост, бидејќи секоја наша одлука која ќе ја донесеме ќе биде во насока и мотивирана од најдобриот интерес на нашите ученици и никој нема да биде оштетен. Но, секако, треба да се направат и дополнителни анализи за сите предизвици со кои се соочуваме и за прашањето на државната матура. Ќе одлучиме водени од најдобриот интерес на нашите средношколци, рече министерот Адеми. /МИА

Во скопско Кожле се гласа во трепезаријата од локалната црква

Избирачко место 2391 во општината Петровец е на невообичаено место. 

Не е во училиште, туку во дворот на црквата Свети Спас во скопското село Кожле. Списокот на гласачи не е долг. Има вкупно 18 гласачи. Гласањето е во трпезаријата на црквата. Мирно пријатно со христијанските симболи граѓаните оние малкумина кои останале во оваа просторија гласаат на изборите претходно биле локалните. Училиште нема.

„Нема друго место единствена просторија е оваа црковна трпезарија“, вели Неал Абдул Ибраими од избирачкиот одбор.

Живко Добревски жител на селото Кожле е еден од 18 гласачи вообичано гласаат шестмина од селото другите се иселени низ европските земји. Тој по пензионирањето се вратил во родното Кожле. Знае дека местото на гласање е невообичаено но тоа единственото место. Претходно се гласало во приватна куќа.

Пред гласањето можност за граѓаните да заплат свеќа во старата црква Свети Спас изградена според пишаните податоци во 1847 година. Црквата со вековна убавина и уникатен иконостас оставен на времето и на неколкумината жители да го одржат духот на верата и убавината на старите фрески.

А до црквата од селото има 900 метри пат, по синоќшниот дожд поплавен и со кал, но жителите верни на изборниот ден и на посетата на црквата. Веруваат дека краткиот земјен пат до цркавата и гробишата каде е погребан и потекнува и од Кожле македонскиот бисер во книжевноста Гане Тодоровски ќе биде направен.

Избирачкиот одбор вели станале во четири часот изутрина за навреме да стигнат ќе бидат тука и во наредниот круг на гласање бидејќи воздухот и природата се нешто што го нема во урбаните гласачки места.

Програмерите и вработените во воздухопловниот транспорт со највисоки плати

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Програмерските плати повторно на врвот. Просечните примања на информатичарите во земјава изнесуваат 93.852 денари, објави Државниот завод за статистика, а највисоката просечна бруто плата исплатена во овој сектор изнесувала над 2300 евра (142410 денари)

После програмерите, следуваат вработените во Воздухопловен транспорт со просечна нето плата од над 1100 евра и Телекомуникации со 65.134 денари.

Нешто под илјада евра нето плата добиваат работниците во фармацевтската индустрија и вработените во стручните, научни и технички дејности.

ДЗС соопшти дека просечната бруто плата во земјава за февруари изнесува 58.967 денари, додека пак нето платата за истиот месец е 39.276 денари.

Од друга страна пак, вработените во заштитните и истражните дејности земаат најниски просечни плати кои изнесуваат 22.702 денари.

Гледано по сектори, најниска просечна плата е во објекти за сместување и сервисни дејности со храна, со 27.617 денари. А, под општиот месечен просек се платите во снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината – 30.953 денари, па во земјоделство, шумарство и рибарство – 31.362 денари, каде што најнизок, од 24.815 денари е во рибарство и аквакултура.- Државен завод за статистика

Трошоците за живот и натаму растат. Минималната синдикална кошница за првпат ја надмина и психолошката граница од 60 илјади денари со скок од 1.200 денари во однос на март.

Без инциденти и нерегуларности се одвива изборниот процес во Тетово, излезноста до 13 часот 21

Излезноста до 13 часот 21 %.

Најстариот гласач е 111-годишен жител на Тетово, каде изборниот процес се одвива мирно и без нарушувања.

Сандра Спасовска е во Тетово, целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер