АД ЕСМ:Државата се снабдува од домашно производство, нема увоз на струја

АД ЕСМ ја информира јавноста дека тарифните потрошувачи во Р. Северна Македонија се снабдуваат со електрична енергија од домашно производство, односно главно од производните капацитети на АД ЕСМ.

Недостиг на електрична енергија нема, ниту е потребен интервентен увоз. Ја информираме јавноста дека не се точни наводите изнесени од страна на политичката партија ВМРО ДПМНЕ дека привременото запирање на два блока во РЕК Битола поради санирање на дефект на трафостаницата на МЕПСО која ја прифаќа електричната енергија од РЕК Битола ќе предизвика потреба од увоз.

Увоз нема да се случи, од причини што АД ЕСМ го компензира потребното производство преку своите хидроелектрани кои се во секој момент подготвени да се вклучат во мрежа.

Со други зборови, ангажирани се системските услуги кои ЕСМ има обврска да ги обезбеди и истите му се на располагање на преносникот МЕПСО, односно резерви на енергија за балансирање на системот кога потрошувачката и производството отстапуваат. На тој начин дури и во вакви ситуации електро-енергетскиот систем функционира во рамките на предвидените процедури

Напоменуваме дека АД ЕСМ нема направено увоз на електрична енергија од 2017г.

Напротив, АД ЕСМ годинава продаде вишоци електрична енергија за 17,4 милиони евра, се наведува во реакцијата на компанијата на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Кејт Мидлтон се огласи на „X“, за прв пат откако објави дека има рак

Кејт Мидлтон се огласи на Твитер за прв пат откако објави дека боледува од рак.

Таа се осврна на неодамнешните напади во Австралија. Имено, 40-годишен маж избоде до смрт шест лица во трговски центар во Сиднеј за време на викендот. Од шестмината убиени, пет се жени. Подоцна, во црква во Сиднеј бил нападнат и епископ.

„Шокирани сме и тажни од ужасните настани во Сиднеј. Нашите мисли се со најблиските на оние кои починаа, оние кои беа погодени од оваа ситуација и хероите на службите за итни случаи кои ги ризикуваа своите животи за да спасат други“, се вели во соопштението на принцезата од Велс и принцот Вилијам.

Потсетуваме, Кејт на крајот на март ѝ се обрати на јавноста со емотивна видео порака во која откри дека дијагнозата го шокирала целото семејство и дека таа и Вилијам „направиле сѐ што можеле за да се справат со ситуацијата и да ја решат приватно во корист на семејството“.

Ракот на Кетрин беше откриен дури откако таа беше подложена на голема операција на стомакот во клиника во Лондон во јануари. Палатата Кенсингтон соопшти дека нема да објавуваат детали за тоа каков тип на рак има принцезата или во која фаза е, и побарале од јавноста да не шпекулира.

Косово доби поддршка за прием во Советот на Европа, конечната одлука на средината на мај

Парламентарното собрание на Советот на Европа вечерва го усвои извештајот на Дора Бакојани, во кој се препорачува Косово да стане членка на Советот на Европа..

За прием на Косово во Советот на Европа гласаа 131 од 171 присутен член, 29 беа против, а 11 беа воздржани.. На расправата имаше жестока дебата, за и против членството на Косово, кое својата кандидатура ја поднесе пред две години..

Сега процесот се сели во Комитетот на министри за надворешни работи на Советот на Европа, кој се очекува конечната одлука со двотретинско мнозинство да ја донесе кон средината на мај..

Џони Деп ги изненади фановите во Лондон, сите забележаа дека ослабел (ФОТО)

Џони Деп го привлече вниманието на неодамнешната премиера на Jeanne du Barry во Лондон.

Носеше црн костум на Диор, бела кошула и сив капут. Комбинираше и очила за сонце. 60-годишниот актер спремно им позираше на фотографите на црвениот тепих.

Неговите фотографии се проширија на социјалните мрежи, а многу фанови напишаа дека Деп многу ослабел. Покрај тоа, неодамна ја скрати косата. Во февруари се снимаше во Италија, каде што го режира филмот Моди, а потоа и понатаму ја носеше својата коса подолго.

Потсетуваме дека во историската драма Jeanne du Barry главната улога ја има Џони Деп. Филмот го режираше француската актерка и режисерка Мејвен, која го отелотвори главниот женски лик. Овој филм е и првиот филм во кој Деп глуми целосно на француски јазик.

притисни ентер