АА бара итна седница на Собранието за продолжување на пописот за уште 10 дена

Веќе се доближува крајот на пописот, а на наша адреса се пристигнати многу жалби од страна на граѓаните кои што се жалат дека во нивните домови не е пристигнат ниту еден од попишувачите за да ги попише. 

Ова е скандал, бидејќи законот обврзува да се посети секое домаќинство и да се попише секој граѓанин.

За жал, ваквите мрачни сценарија кои што ние како албанска опозиција ги најавивме дека ќе се случат, стануваат реалност и сето тоа заблагодарувајќи му на постојаниот вазал во владата на Северна Македонија, а тоа е ДУИ.

Пред 11 години го прекинаа пописот и не дадоа ниту едно објаснување за јавноста. Сега го одложија пописот со цел за да манипулираат со процесот и тоа можеби на секого му оди во корист, но, само на Албанците не.

Јасно е дека ние бевме единствените што се спротивставивме на одложувањето на овој процес и сега произлегува дека сме имале потполно право. Пописот се одложи, просто, за да спласне еуфоријата и мотивацијата на Албанците да се попишат. Дали некој е запознаен дека диајаспората од моментот на одложувањето комплетно го има игнорирано овој процес и не продолжи да се попишува. Значи, се докажува тоа што ние го велевме, дека ова е една политичка одлука преземена како одговор на масовното излегување на Албанците да се попишат.

Неважни се видеата со кои се рекламираат лидерите на политичките партии како се попишуваат, кога во овој процес останаа непопишани обични граѓани.

Заводот за статистика треба да работи 24 часа на ден, без прекин, ако тоа е потребно, со цел да не остане ниту еден граѓанин непопишан, а не да не им се дозволува на попишувачите да попишуваат по 5-6 домаќинства на ден со образложение дека не работи серверот- оваа информација доаѓа од попишувачите.

Собранието под итно да повика седница и да предвиди 10 додатни денови за пописот, што и беше предлог од парламентарната група на Алијанса и Алтернатива од јануари кога и се доведе законот за пописот.

Ги повикуваме граѓаните да ја искористат секоја можност за да се попишат, исто така и пријавувајќи се во центрите што ги одредил заводот за статистика, иако беше должност да се посети секое домаќинство за да се изврши пописот на населението.

Останати се уште само два дена до завршувањето на процесот на пописот и за жал уште продолжуваат проблемите на терен. На јавноста и текнува на нашите примедби кои што ги изнесувавме пред донесувањето на законот, дека заводот за статистика нема капацитет за да менаџира со еден релевантен процес. Имавме доволно аргументи. Ви текнува дека од страна на мнозинската поддршка се обија сите наши амандмани што беа поврзани со овој закон.

Исто така, јавноста многу добро знае дека ние бевме единствените што се спротивставивме на одложувањето на овој процес и сега произлегува дека сме имале потполно право. Пописот се одложи, просто, за да спласне еуфоријата и мотивацијата на Албанците да се попишат. Дали некој е запознаен дека диајаспората од моментот на одложувањето комплетно го има игнорирано овој процес и не продолжи да се попишува. Значи, се докажува тоа што ние го велевме, дека ова е една политичка одлука преземена како одговор на масовното излегување на Албанците да се попишат.

Ние знаеме дека од првиот ден пописот се одвиваше со потешкотии.

Вторио, третиот и четвртиот ден воопшто не функсионираа. Одговорот беше дека има проблем со системот или серверот, без разлика дека на седми септември директорот изјави дека сè се одвива во ред.

Примавме информации од терен дека често попишувачите чекаа пред куќите по 2-3 часа за да се рестартува системот и за да можат да ги попишат семејствата или домаќинствата.

Попишувачите на терен исто така изјавуваа дека примале наредби да ги затворат компјутерите и да не пробуваат да попишуваат со образложение дека работат на решавањето на проблемот со поправка на системот. Некои особи кои што се разбираат со функционирањето на системот, кажуваат дека системот нема капацитет да да попише повеќе од 700-900 домаќинства во исто време, а ние знаеме дека ангажирани беа 5 000 попишувачи.

И, главен проблем во последните денови, како што имаме информации, е дека во многу домаќинства немаат ниту отидено попишувачите за да ја завршат нивната задача. Уште два дена завршува пописот и ние сеуште имаме голем број на домаќинства што не се попишани.

Имаше повик/покана домаќинствата да отидат сами во општинските канцеларии, но, ова е смешно, неозбилно и покажува дека овој процес комплетно е неуспешен.

Но, што ќе се случи со тие домаќинства што немаа можност да ја добијат оваа информација!?

Значи, ве предупредуваме сите дека овој процес не се одвиваше и не се одвива за да се гарантира реализација на примарната цел на процесот на попишување. Имаше и продолжува да има многу пропусти. Ви текнува како не беше прифатен нашиот предлог со амандманот за да се има уште 10 додатни денови за да може во вакви проблематични ситуации да се одложи пописот со цел да се исполни законската одредба за попишување на целото население.

Но, категорично беше одбиен и сега кога е евидентен фактот дека многу семејства ќе останат непопишани, се поставува прашањето-Кој ќе биде одговорен за нивното непопишување? Кој ќе ја сноси одговорноста за овој неуспех? Бидејќи тие имаат законска одговорност ако не се попишат.

Не е доволен медиумски шоу на лидерите на ДУИ и останатите во власта.

Алијанса за Албанците

„Царот на границите“ на Трамп откри кој град е прв на листата за масовна депортација мигранти

Том Хоман, „граничниот цар“ на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, откри дека најголемата масовна депортација во земјата, ќе започне во Чикаго.

Хоман, поранешен вршител на должноста шеф на имиграцијата и царината за време на првиот мандат на Трамп, ги изложи своите планови за отстранување на мигрантите кои илегално ја преминале јужната граница.

„Чикаго е во неволја затоа што вашиот градоначалник е лош. Вашиот гувернер е лош“, им рече Хоман на толпата на празничната забава на републиканците во која беа гувернерот на Илиноис, Џеј Би Прикер и градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон.

И двајцата ги нарече „страшни“ и истовремено ги повика да тргнат по стапките на градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс и „да дојдат на маса“ на разговори. Хоман, исто така, го предупреди Џонсон, кој вети дека ќе се бори против планот за депортација на администрацијата на Трамп, да не „го попречува“ во неговите напори.

„Ако не сака да помогне, нека се тргне од патот. Ако свесно крие или крие нелегални странци- ќе го гоним“, рече тој.

Хоман продолжи да објасни што подразбираат напорите на Трамп за депортација. Најпрво ќе бидат цел на мигрантите кои извршиле злосторства додека биле во Соединетите Држави - потоа легалните мигранти, вклучително и барателите на азил и оние кои влегле во САД на хуманитарен услов за време на администрацијата на Бајден.

Хоман во понеделникот рече дека ќе работи на проверка на статусот на барателите на азил и дека ќе ги уапси сите за кои ќе се утврди дека засолнува криминални мигранти. Тој, исто така, повтори дека нема план за раздвојување на семејствата, иако сугерираше дека тоа може да се случи.

„Мојата цел е да го спроведам законот, но ако се ставите во таа позиција, тоа може да се случи. Но, во оваа администрација во моментов нема план за раздвојување на семејствата“, рече тој.

„Сепак, ние ќе го спроведеме законот. Значи, ако се ставите во таа позиција, зависи од вас“, рече тој, додавајќи дека родителите на „сонувачите“ - децата на мигрантите родени во САД - имаат две опции.

„Можете или да го земете детето дома со вас или да го оставите да остане тука. Но, не добивате пропусница“, посочи тој.

Тој исто така рече дека оние кои нема да ги исполнат условите за азил ќе добијат наредба да бидат депортирани преку судскиот систем.

Чикаго има повеќе од 50.000 мигранти насобрани во Ветровитиот град од август 2022 година, а по изборот на Трамп минатиот месец, градоначалникот Џонсон го бранеше статусот на градот како „засолниште“ и рече дека нема да дозволи полицајци да им помагаат на федералните имиграциски агенти.

Во меѓувреме, гувернерот Прикер е во разговори со канцеларијата на јавниот обвинител на Илиноис, Кваме Раул, за да истражи какви правни ресурси или персонал ќе им треба за да ги оспорат политиките на Трамп.

Роботот „Оптимус“ на Тесла излезе надвор и покажа што може (ВИДЕО)

Tesla објави ново видео од својот хуманоиден робот Optimus кој автономно оди на отворено, што претставува значаен чекор во развојот на овој проект.

Видеото покажува како роботот се движи по нерамен терен, потпирајќи се единствено на сензорите вградени во неговиот систем. Овој напредок предизвика ентузијазам кај фановите, но потсети и на поврзаните технологии кои веќе ги видовме од други компании, како што е Boston Dynamics.

Илон Маск, извршен директор на Tesla, долго време го истакна огромниот потенцијал на роботот Optimus, нарекувајќи го „можност од повеќе трилиони долари“ за компанијата. Маск очекува дека Tesla во иднина ќе произведува десетици милиони од овие роботи годишно, со цел првите модели да им бидат достапни на клиентите веќе следната година. Цената по парче би можела да биде помеѓу 25.000 и 30.000 долари, според проценките на Маск.

Сепак, има сомнежи за вистинските способности на роботот. На неодамнешниот настан „Ние, робот“, Тесла не беше целосно транспарентен за фактот дека некои сегменти од функционалноста на роботот се контролирани од далечина. Сепак, компанијата редовно објавува нови информации за развојот на роботот, што покажува дека напредокот не забавува.

Во последното видео, директорот на проектот Optimus, Милан Ковач, истакна дека роботот користи напредна невронска мрежа за обработка на податоци за само 2-3 милисекунди и без употреба на камера. Роботот се потпира на други сензори за да одржува рамнотежа на предизвикувачки површини, како што е прекривка. „И јас самиот се лизнав на овој терен, што го прави овој подвиг уште повпечатлив“, додаде Ковач.

Овој напредок, иако импресивен, потсетува на видео објавено од Boston Dynamics пред повеќе од осум години, кое ја доведува во прашање оригиналноста на технолошките решенија на Tesla. Критичарите истакнуваат дека Tesla можеби не е пред конкуренцијата во однос на технологијата, но предноста може да лежи во нивната способност за масовно производство и ефикасност.

Tesla планира да ги искористи своите постоечки капацитети во областа на батериите и компјутерите за заклучување за да го оптимизира производството на роботи. Иако компанијата моментално стои зад конкуренцијата, долгорочната стратегија фокусирана на економската профитабилност може да ги промени односите на пазарот на хуманоидни роботи.

Optimus се уште е во фаза на развој, но потенцијалот за практична примена и поширока достапност ја отвора вратата за промени во начинот на кој ја замислуваме иднината на роботиката.

Николоски: Добро е што обвинителството влезе во РЕК Битола, таму ќе најдат кримонал

Одговорност за криминалот во РЕК Битола ќе има и добро е што обвинителството смогна сили да влезе во еден ваков случај. 

Јас очекувам да продолжат. Во РЕК Битола мислам дека кај и да фатат има криминал, не затоа што јас во опозиција многу зборував на темата, туку затоа што се работи за факти, изјави во емисијата „Само интервју’’ на Канал 5 телевизија, министерот за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој посочи дека поранешниот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски, кој е во бегство нема каде да оди ќе биде испорачан на правдата и дека тој и сите останати ќе одговараат поради криминалот кој што се случувал во изминатиов седум годишен период.

Николоски додаде дека поради криминалот во РЕК Битола и во целиот енергетски сектор имаше огромно покачување на цената на струјата.

„Видете само колку порасна цената на електричната енергија, производствена и се ќе ви стане јасно. И видете како ЕЛЕМ од компанија која што остваруваше профит во времето на Христијан Мицкоски како директор на ЕЛЕМ стана компанија загубар. Последен којшто купуваше механизација е сегашниот премиер кога беше директор на ЕЛЕМ и тоа е една од причините зошто тогаш ЕЛЕМ успешно функционираше, но тие прашања мора да се затворат затоа што цената на електричната енергија влијае на целото стопанство, не влијае само на домаќинствата’’, рече Николоски.

Николоски посочи на три многу важни проблеми кои што се имаат случено во РЕК Битола.

„Прво беше компанијата која што ги набави адитивите, второ беше квалитетот на адитивите и затоа 95% воопшто не се употребија, а се платија. И трето тие 5% што се употребија, уништија дел од производствените постројки и во Осломеј и во Битола’’, истакна Николоски.

Николоски се осврна и на тоа дека се работи на патната инфраструктура во државата и дека коридорите 8 и 10д ќе се изградат за многу брзо време.

„Кога станав министер, 300 милиони евра им беа платени на конзорциумот „Бехтел и Енка’’, метро немаа изградено. И јас да го раскинев договорот, на арбитража ќе не дадеа, како од шала уште 100-150 милиони евра ќе ни земеа, и ние ќе потрошевме како држава 400-450 милиони евра за нула километри автопат. Тоа ќе беше душмански однос кон македонските граѓани и Буџет’’, заклучи Николоски.

притисни ентер