- Канал 5

Во Португалија почна гласањето на вонредните парламентарни избори

Во Португалија во 8 часот утринава беа отворени гласачките места на вонредните парламентарни избори, на кои денеска својот глас ќе имаат можност да го дадат повеќе од 10 милиони граѓани.

Во Португалија почна гласањето на вонредните парламентарни избори

Изборите се одржуваат откако премиерот Луис Монтенегро поднесе оставка поради спор за судир на интереси, а 230 членови на Собранието на Републиката се избираат за следното свикување, од кое ќе произлезе нова влада, јавува португалскиот јавен сервис РТП.

Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот по локално време.

Досегашниот премиер Монтенегро не успеа да ја добие довербата на парламентот во март на гласање што самиот го предложи откако опозицијата го доведе во прашање неговиот интегритет во врска со работите на консултантската компанија за заштита на податоци на неговото семејство, потсетуваат британските медиуми.

Ова го поттикна претседателот Марсело Ребело де Соуза да го распушти парламентот и да распише избори.

Монтенегро, кој го предводи централно-десничарскиот Демократски сојуз (AD), негираше вина.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека неговиот углед е во голема мера недопрен од она што јавноста го смета за етичко прашање без кривични импликации, и покрај обидите на опозицијата да го прикажат како корумпиран политичар.

АД дојде на власт откако победи на минатогодишните избори со околу 29 проценти од гласовите и освои 80 места во еднодомниот парламент со 230 места.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека тој повторно е во водство пред изборите, но сепак е малку веројатно дека ќе го освои мнозинството потребно за формирање влада.

Како што е наведено во анкетата на Радио Ренасенс, АД има малку повеќе од 32 проценти поддршка, што е за 10 процентни поени помалку од поддршката што би можела да ѝ даде мнозинство од 116 места.

Централно-левичарските социјалисти се на второ место со 27 проценти, малку под 28-те проценти што ги освоија пред една година, по што следува крајнодесничарската, антиимигрантска партија Чега, со 17 проценти.

Десничарската Либерална иницијатива, која е на четвртото место, од многу експерти се смета за потенцијален коалициски сојузник на АД, но има околу шест проценти поддршка, што е недоволно за формирање влада.

Аналитичарите очекуваат апстиненцијата на гласачите да се зголеми откако рекордни 6,47 милиони граѓани гласаа во 2024 година./МИА

Претседателот на Европскиот совет е шокиран од ситуацијата во Појасот Газа.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, синоќа изјави дека е шокиран од ситуацијата во Појасот Газа, поради проширената израелска офанзива, и повика на прекин на насилството.

Претседателот на Европскиот совет е шокиран од ситуацијата во Појасот Газа.

„Шокиран сум од вестите од Појасот Газа. Цивилите гладуваат, болниците повторно беа погодени во воздушни напади. Насилството мора да престане“, напиша Кошта на социјалната мрежа X.

Тој додаде дека израелската Влада „мора веднаш да ја прекине блокадата и да обезбеди безбеден, брз и непречен пристап до хуманитарна помош“.

Израелските власти вчера објавија дека ја прошируваат својата офанзива за поразување на палестинското движење Хамас во Појасот Газа, и покрај зголемените меѓународни повици за прекин на огнот по 19 месеци разорна војна.

„Тоа што се случува во Газа е хуманитарна трагедија. Целата нација е изложена на огромна и непропорционална воена сила. Трајно прекинување на огнот и итно и безусловно ослободување на сите заложници се поитни од кога било“, рече Кошта.

Од Багдад, каде што учествува на самитот на Арапската лига, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека е „вознемирен од плановите на Израел за проширување на своите копнени операции“.

Гутереш повторно повика на траен прекин на огнот и прекин на израелската блокада на хуманитарна помош за Газа, воведена на 2 март./МИА

Земјотрес во Охрид, Струга и околината

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот во 5 часот и 7 минути е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотрес во Охрид, Струга и околината

Утринава во 5 часот и 7 минути и 5 часот и 16 минути регистрирани се земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани- Охрид -Струга, на околу 100 км југозападно од Скопје, со Рихтерови локални магнитуди, ML3.4 и ML2.3, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот во 5 часот и 7 минути е почувствуван во Охрид, Струга и блиската околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.

притисни ентер