Гајдов: Институциите да работат за тоа што се платени!

„А зошто нашите институции не работат?“

Зошто нашите институции не работат? Да можат политичарите да „ловат во матно“. Проблемот на правосудството може да се реши преку формирање група од магистранти докторанти дипломци од Правни факултети да ги отворат досиејата на сите судии и обвинители да видат колку време држат предмети во фиоки намерно. Бившата шефица на антикорупциска 35 кривични пријави пратила кај Државниот Јавен обвинител -зошто? Него го поставил Заев, а тој заедно со шефот на Кривичен суд управуваат со судство. Како сега и анонимен човек го ставаат за шеф. И претходната била дел од правен сектор во партија станува шефица. Кацарска од обична судијка, ја ставаат во Уставен суд и ја ставаат шеф, па тоа нели се прсти на политиката, рече Љубомир Гајдов во Само Вистина.

Претрес во кичевско, пронајдено оружје

Со судска наредба, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициското одделение Осломеј извршиле претрес во домовите на И.Џ.(30) и Р.Ч.(22), двајцата од кичевското село Црвинци.

Како што информираат од МВР, при претресот, во куќата на И.Џ. биле пронајдени и одземени пиштол „Екол Фират Компакт“ и рамка за пиштолот. Додека, при претрес во домот на Р.Ч. бил пронајден и одземен ловечки карабин.

Лицата биле лишени од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Северна Кореја соопшти дека ќе продолжи да ги зајакнува своите нуклеарни сили

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопшти дека Пјонгјанг ќе ги зајакне своите нуклеарни сили и ги критикуваше САД што се обидуваат да го спречат тоа, објавија севернокорејските државни медиуми.

Министерството, одговарајќи на неодамнешната заедничка изјава на Јужна Кореја, САД и Јапонија дека нивната цел е Северна Кореја целосно да биде ослободена од нуклеарно оружје, нагласи дека Пјонгјанг „доследно ќе се придржува до новата линија на зајакнување на нуклеарната сила“, објави КЦНА.

Во соопштението се вели дека Јужна Кореја, Јапонија и САД поттикнуваат конфронтации на Корејскиот Полуостров.

Интервју на министерот Муцунски за најголемиот јавен сервис во Австралија – SBS

Во рамките на посетата на Австралија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде две интервјуа за најголемиот австралиски јавен сервис SBS, на македонски и англиски јазик.

Во разговорите, министерот Муцунски изрази задоволство што е првиот министер кој остварува официјална работна посета на Австралија по цели 15 години, што, како што нагласи, е уште еден доказ за грижата што новата Влада ја посветува на обновување и зајакнување на односите со македонската дијаспора. Оваа посета, додаде тој, коинцидира со значајниот јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу двете земји.

Во интервјуата, министерот Муцунски говореше за приоритетите на новата македонска Влада во надворешната политика.

„Во делот на надворешната политика, би рекол, имаме три клучни константи. Прво, ние сме земја членка на НАТО. Второ, ние сме земја која претендира да стане полноправна членка на ЕУ и сме усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. И трето, ние сме една од ретките земји што имаат стратешко партнерство со САД. И мислам дека по однос на сите три клучни позиции, нема некоја отстапка од ставовите на Австралија“, изјави министерот Муцунски.

Тој исто така потенцираше дека, како министерство со проширени надлежности, од особена важност е зголемувањето на обемот на надворешната трговија, интензивирањето на билатералната, економската и политичката соработка со клучните политички центри, како и зајакнувањето на односите со македонската дијаспора насекаде низ светот.

Министерот Муцунски информираше и за одржаните високи политички билатерални средби со министерката за надворешни работи на Австралија, Пени Вонг, министерот за надворешни работи „во сенка“, Дејвид Колман, како и со парламентарната група за соработка помеѓу двете земји. На овие средби, како што истакна, биле споделени заеднички ставови за глобалните предизвици и поврзаноста на случувањата во Индо-Пацификот и Австралија со безбедносната состојба на европскиот континент.

Во интервјуто, министерот Муцунски се осврна и на актуелните геополитички предизвици, притоа истакнувајќи:

„Некои можат да ги сметаат методите на новата американска администрација како неконвенционални, но треба да се прашаме – што ни донесе конвенционалната дипломатија досега? Таа ни донесе повеќе војни и повеќе конфликти. Видовме, особено во последните неколку денови, еден ефикасен ангажман од страна на претседателот Трамп и неговата администрација, како и позитивниот прием на овој ангажман од страна на претседателот Зеленски“, изјави министерот Муцунски.

Посетата на Австралија, според министерот Муцунски, претставува значаен чекор во зацврстувањето на билатералните односи и продлабочувањето на економската и политичката соработка, како и во унапредувањето на врските со македонската дијаспора, која, како што истакна, е клучен мост на пријателство меѓу двете држави.

https://www.facebook.com/share/v/1Dd6T8MMHJ/

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

притисни ентер