70 години театар без театар во Прилеп

70 години од формирањето на еден од најстарите театри во земјава прилепскиот  Војдан Чернодрински е без свој правен идентитет и без нов објект.

Актерите и техничкиот персонал работат во состав на Центарот за култура Марко Цепенков, а во театарот кој сам за себе си е театар се изведени 7000 престави 350 премиери. Нив ги следеле над еден милион и 500 илјади гледачи..

Во витрините има многу признанија кои сведочат за актерскиот влог на Рампо Ачески,Мирко Стефановски, Димитар и Нада Гешоски, Благоја Спиркоски-Џумерко,Трајче Иваноски, Димитар Вандоски и уште многу други. Сите тие барале а и сегашните глумци кои играат во најновата премиера ,,Лажговци“ сакат нов театар..

И претходните и сегашните власти пред секои избори ветуваат нов објект за театарот.

Без разлика на условите во текот на деновите на прилепскиот театар на сцената ќе бидат изведени 7 престави за кои има многу голем интерес, велат актерите и режисерот Ангеловски.

Љубе Бошкоски е примен на Инфективната клиника, му се влошила состојбата со коронавирусот

Поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски попладнево е примен на Инфективната клиника откако неговата состојба поради коронавирусот се влошила.

Неговата состојба во овој момент е комплицирана, јавуваат медиумите ,но подетални информации до овој момент нема.

Бошкоски беше дијагностициран со ковид-19 минатата недела.Тој самиот пред неколку дена изјави дека му бил дијагностивиран Ковид-19 , но дека се чувствува добро и е во самоизолација во родниот Челопек.

Пукотници во Призрен, убиен напаѓачот кој пукал кон полицајците

Косовската полиција вечерва објави дека во Призрен напаѓачот пукал кон полицајците кои одговориле со огнено оружје во самоодбрана.

Во соопштението, косовската полиција наведува дека нивните припадници вечерва во Призрен го пронашле осомничениот Б.Ш., со прекар „Слепи“, за кого е распишана потерница за делото „убиство во обид“.

Во моментот кога ја забележал полициската патрола, осомничениот започнал да пука кон полицајците, кои биле принудени да одговорат со огнено оружје во самоодбрана, се вели во полициското соопштение.

На осомничениот, кој бил повреден при размената на оган, му била укажана лекарска помош и бил испратен на лекување во болница.Сепак, надлежните лекари потврдиле дека лицето починало, се додава во соопштението.

На местото на настанот е пронајдено оружје, со кое осомничениот пукал кон полицајците, како и две рачни бомби.

Форд од 80-тите е најскапиот караван на светот(ФОТО)

Тргувањето со стари автомобили е денес многу профитабилна работа, особено кога станува збор за егзотични примероци на класиците од минатиот век.

Овој Форд не припаѓа скоро никаде. Тоа е издолжено возило, типично за американскиот пазар,што ја дели основата со тогашниот Мустанг. Готовиот производ е апсолутно неинтересен во однос на технологијата. Се напојува со 3.8 V6 мотор , а овој модел има 150.000 километри поминато зад себе.

Сето ова вели дека автомобилот ќе биде тешко да го смени сопственикот, дури ни за неколку илјади евра, а камоли за 1.999.999 евра, колку што бара сегашниот сопственик. Неговата самодоверба произлегува од фактот дека тој е единствен, барем кога станува збор за изгледот. Автомобилот е насликан во 1996 година од танзанискиот уметник Џорџ Лиланг.

Според огласот објавен на mobile.de, Лиланг го насликал автомобилот за време на изложбата во Фирт, Германија, кога сопственик на хотел му понудил бесплатно сместување доколку го наслика автомобилот и го претворил во уметничко дело.

Друг уметник, Пони Јенги, помогнал во креирањето на новата надворешност, украсувајќи ги предните и задните делови на возилото, додека остатокот го направил Лиланг.

Без сомнение, безличниот караван станал уметничко дело и единственото прашање е дали вреди толку многу.

притисни ентер