63 000 новозаразени во САД

Соединетите држави и натаму бележат рекордни бројки на новозаразени од коронавирусот, тие за 24 часа регистрираа дури 63.000 илјади нови случаи.

Високи се бројките и на смртност, а само во последново деноноќие 850 американци ја загубија битката со невидливиот непријател. Најголем впечаток остави смртта на 13 годишното момче, која настанала само еден час од пристигањето во болницата.

Надлежните во земјата не се оптимисти за претстојниот период.

„Мислам есента и зимата 2020/2021 ќе бидат едни од најтешките времиња со кои сме се соочиле во американското јавно здравство.“вели Роберт Редфилд – Директор на Центарот за контрола и превенција на заразни болести.

Апел до граѓаните испрати и градоначалникот на Лос Анџелес.

„На граница сме да влеземе во црвена зона, одговорноста е врз сите нас да се осигураме дека тоа нема да се случи.“,вели Ерик Гарсети – Градоначалник на Лос Анџелес.

САД е апсолутен лидер на глобално ниво во бројот на заразени, а бројката изнесува речиси 3,5 милиони, а повеќе од 130.000 го загубија животот.

Ситуацијата не се подобрува ниту на балканот. Црна Гора која пред речиси два месеца беше прогласена за првата корона фри држава во Европа, остана без таа титула по само две недели, а денес има најмногу заразени лица по број на жители. Сепак ваквата ситуација не ги алармираше доволно надлежните, па тие решија да продолжат понатаму без некои ригорозни мерки. Првиот човек на координативното тело за заразни болести порача дека мора да се работи, бидејќи и со економијата се бранело јавното здравје. Сепак повика да се почитуваат основните мерки за заштита.

На светско ниво се очекува зимскиот бран на коронавирусот да биде далеку поразорен од првиот. Но влева надеж што чекорите кон приближувањето на вакцината се се’ погласни, а се води и мртва трка помеѓу производителите.

САД информираа дека до крајот на месецот ќе започне фазата на тестирање на нивниот продукт на луѓе, Окфордската вакцина е исто така во завршна фаза. Врз луѓе започна тестирањето и во Индија, која ќе биде вистинската останува да видиме.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ зборува за задолжување откако тројно го зголеми јавниот долг

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ удобно сместено во белата палата изгубило допир со реалноста и заборавило дека целиот свет се справува со здравствена и економска криза од невидени размери, предизвикана од пандемијата со коронавирусот.

Во такви вонредни услови Република Македонија, како и многу други држави, мораше да обезбеди капитал од странство за полесно справување со последиците од кризата, да обезбеди ликвидност и простор за преземање на антикризни мерки за да можат стопанството и граѓаните полесно да ја пребродат кризата.

Во вакви услови ВМРО-ДПМНЕ зборува за зголемување јавниот долг, а да биде нивното лицемерие поголемо и еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монтерен фонд се земени со согласност на ВМРО-ДПМНЕ, односно со потпис од дополнителната заменичка министерка за финансии, Гордана Димитриоска Кочоска.

Крајно е несериозно ВМРО-ДПМНЕ, да зборува за задолжувања, откако тројно го зголеми јавниот долг на државата за финансирање на непродуктивни трошоци.

Граѓаните на изборите ги казнија деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, кои значат враќање назад кон мрачното минато, кон заробената режимска држава, кон заканите, уцените, заплашувањата.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во опозиција, запаметена по своето расипништво и криминално трошење на народните пари за лични и бизнис интереси на поединци.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива со реакција до Агим Нухиу

​Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, дури и по акциите во Синичани, продолжува да се занимава со Албанците. 

Овој пат со деградација на полицајци-Албанци во министерството каде тој раководи.

ДУИ преку партиски војници како Агим Нухиу ги користи државните позиции за одмазда против сите што гласаа за промена. Ваквото однесување на ДУИ им штети на луѓето директно, но и на државата. Нагласуваме дека државните институции треба да функционираат со професионалци, а не со војници кои работат под партиски наредби.

Апелираме до локалните институции, но и меѓународната заедница да преземат постапки согласно законот со кои ќе се запре злоупотребата на МВР за партиски интереси. Ова министерство мора под итно да прекине со деградацијата на албанските професионалци, кои ја вршат својата работа како што треба.

Ваквите постапки на ДУИ се само сведоштво за гневот на нивниот пораз на последните избори! Дојде време нашата држава конечно да стави крај на ваквите режими и да започне да функционира во европски дух.

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива,

До Град Скопје досега пристигнати 2.150 апликации за субвенции за инвертери

Од почетокот на отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери поднесени се 2.150 апликации, а остануваат средства за уште околу 3.000 барања.

Град Скопје ги потсетува граѓаните од сите скопски општини дека е во тек јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните може да аплицираат онлајн.

Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 01.01.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата.

На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не поголема од 62.000 денари во нето износ.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување ќе ги најдете на следниов линк: https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020

Град Скопје

притисни ентер