52 лица не го почитувале полицискиот час , 28 приведени

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата на 48 лица им се издадени решенија за изолација, а 17 лица потпишале изјави за самоизолација. 

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 52 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 28 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така по однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се  205 прекршоци, соопшти МВР.

притисни ентер