30-дневен притвор за наставничка и останатите уапсени за дилање на дрога

30 дневен притвор им е определен на  петмината осомничени за производство и трговија со дрога, меѓу кои е и наставничка од скопското основно училиште „Александар Македонски“, кое се наоѓа во Аеродром. 

Тие беа уапсени вчера и се осомничени дека овие дејствија ги правеле од крајот на јануари до средината на овој месец. При претресите полицијата открила лабораторија за производство на амфетамин, како и раздновидна дрога, која на „црниот пазар“ има вредност од половина милион евра.. Осомничената наставничка, како што дознава Канал 5, била вработена во училиштето повеќе од една деценија и предавала германски јазик. Таа ќе биде суспендирана од работа, со оглед на тоа што веќе и е определен притвор, информираше градоначалникот на општина Аердром Тимчо Муцунски. Тој вели дека општината и училиштето соработуваат со МВР и ги поддржуваат сите дејствија кои се преземеаат за расчистување на случајот..

„ Бидејќи е определена мерка притвор веднаш ОУ ќе мора да пристапи кон суспензија на ова лице до правосилна судска пресуда, која очекуваме во одреден период да произлезе и понатаму врз основа на таа пресуда ќе се презeмат дополнителни чекори и мерки , но ова лице секако ќе биде отстрането од наставниот процес. Без никаков сомнеж тоа што ни беше кажано од МВР е дека овие состојби се случувале надвор од работниот процес и од училиштето, но тоа не е никаков изговор тој што е просветен работник има обврска да биде пример во општеството и пример за најмладите генерации во работното време, но и по работното време.“- Тимчо Муцунски – Градоначалник на о. Аеродром

Загриженост заради информацијата дека во групата дилери е вклучена и наставничка изразија и од СДСМ. Од таму ги охрабруваат институциите целосно да го расчистат случајот со цел да заштита на учениците од потенцијални штетни влијанија, но и угледот на наставничката професија.

За ваквите појави никогаш да не се повторат потребно е институциите најстрого да одговорат, но и работат на поголема превенција, вели во изјава за Канал 5 универзитетскиот професор Илија Ацевски.

„ Ова само покажува сигунализира дека некој кој е во процес на образование на младите си дозволил себеси да се бави со таа дејсност тоа начин дека за мене иситуциите кои се одоговрни да преземат силна акција во тој поглед, да укажат дека понтаму вакво нешто не може да се случи, задчудувачки е професор наставник да го прави тоа што апсолутно се коси со едно нормално општество. “-Илија Ацевски – Универзитетски професор

Освен дрога, кај еден од осомнчените во оваа петчлена група биле пронајдени автоматска пушка,667 куршуми и останатите делови од огнено оружје.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер