30-дневен притвор за директорот на геријатрија и второосомничениот помагач за поткупот од 20000 - Канал 5

30-дневен притвор за директорот на геријатрија и второосомничениот помагач за поткупот од 20000

30-дневен притвор за директорот на геријатрија и второосомничениот помагач за поткупот од 20000
Јавното обвинителство бара притвор за директорот на геријатрија Мухсин Арифи, кој беше уапсен вчера „примање поткуп“, како и за неговиот близок соработник, 49 годишниот Б.А. кој му помагал во случајот. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Полскиот режисер Кемпински ќе режира претстава во Македонија

Грзегорз Кемпински е еден од најреномираните полски режисери, добитник на голем број меѓународни награди од областа на театарот и филмската уметност.

Полскиот режисер Кемпински ќе режира претстава во Македонија

Еден од најдобрите полски режисери Грзегорз Кемпински ќе режира македонска претстава. Во продукција на независниот театар „Отпишани“, македонската публика, наесен, ќе има можност да ја види претставата „Животот е краток и нејасен“, чиј автор е македонскиот драмски писател Марјан Анѓеловски.

Сатиричната драма „Животот е краток и нејасен“, како што посочуваат од театарот „Отпишани“, преку еден апсурден начин зборува за системот на загубени вредности, кој го разорува корупција и колективно безумие. „Животот е краток и нејасен“ доаѓа по успехот на претставата „Среќен мртовец“ во продукција на театарот „Отпишани“, каде главната улога ја толкува легендарниот актер Благој Чоревски.

Грзегорз Кемпински е еден од најреномираните полски режисери, добитник на голем број меѓународни награди од областа на театарот и филмската уметност.

Келог: Киев и Вашингтон составија список на услови за завршување на војната

Украинската и американската страна составија список на услови за завршување на војната, кој вклучува 22 „многу конкретни акции“, изјави специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, Кит Келог.

Келог: Киев и Вашингтон составија список на услови за завршување на војната

„На Украинците не им се допаднаа сите услови, но никому нема да му се допадне конечниот став што ќе го заземете. Тоа е во ред кога имате преговори. Но, ние сме во прилично добра позиција со нив“, изјави Келог за Фокс њуз.

Одговарајќи на изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Русија ќе ја добие војната против Украина, Келог рече дека тоа не одговара на реалноста.

„Руската Федерација нема да ја добие оваа војна. Русија не постигна никаков напредок во последната година и пол. Тие изгубија стотици илјади војници, напредуваат во метри, а не во километри. А Украинците се борат жестоко на своја територија. Па кога Руската Федерација вели дека победува, тоа не е така“, рече Келог.

Тој оцени дека Русија треба „да ја препознае промената на околностите“, односно дека Украина, според него, добро се држи, дека европските партнери зајакнуваат и формираат нови сили без помош на Соединетите Американски Држави.

„Тие сега се подготвени да ја зголемат својата поддршка за Украина доколку е потребно“, смета Келог.

Како што наведе, војната нема да заврши „воено“, туку само по дипломатски пат.

„Украинците ова сега многу добро го разбираат, а и Русите би требало тоа да го сфатат“, додаде Келог. /МИА

Погба во преговори со Ди Си Јунајтед

Светскиот првак со Франција во 2018 година, Пол Погба (32), кој е надвор од терените веќе 20 месеци, е во преговори за продолжување на кариерата во американскиот клуб Ди Си Јунајтед.

Погба во преговори со Ди Си Јунајтед

Францускиот играч од средниот ред и Јувентус во ноември лани спогодбено го раскинаа договорот и оттогаш Погба поминува многу време во својот дом во Мајами, објавија американските медиуми.

Според истите извори, првиот човек на американскиот клуб Џејсон Левиен одржал неколку разговори со менаџерот на Погба, а еднаш се сретнал и со поранешниот француски репрезентативец.

Сепак, Погба, кој во моментов е без клуб, сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. Постојат три опции, да останете во Европа или да замине во САД или Саудиска Арабија. Пред два месеци се шпекулираше дека можеби ќе потпише за Интер Мајами, чиј косопственик е Дејвид Бекам, а прва ѕвезда во тимот е Аргентинецот Лионел Меси.

Суспензијата на Погба од една и пол година, поради позитивен допинг тестот истече во март. Првично му беше изречена четиригодишна суспензија, но во жалбената постапка се утврди дека фудбалерот не знаел каков медикамент користи, па затоа казната му беше намалена. /МИА

притисни ентер