28 години по атентатот, се уште не е познато кој сакаше да го убие екс-претседателот Глигоров

Поминаа 28 години од  атентатот на поранешниот претседател Киро Глигоров,се уште не се знае  кои беа напаѓачите и нарачателите.  

Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер и случаен минувач покрај местото на настанот.

Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 9,50 часот на улицата “Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје, кога Глигоров со службено возило се движел од неговата резиденција на работното место во Собранието. За обидот за атентатот врз него, Глигоров напиша и автобиографска книга „атентат – ден потоа“, што ја промовираше во 2002 година. Претседателската функција Глигоров ја извршуваше во два мандати од 1991 до 1999 година. Атентатот над претседателот се случи во мандатот на љубомир фрчкоски како министер за внатрешни работи. Неколку месеци од атентатот во 1995, како за можните атентатори разузнавачката служба ја посочила „ослободителната војска на македонија“ со седиште во австралија.глигоров почина на први јануари 2012 година во 95-тата година од животот.

Дивата од модните писти слави 58 роденден: Се трудам да бидам добра

Познатата манекенка Синди Крафорд го прслави својот 58 роденден.

- Благодарна за уште еден сет роденденски свеќички - порача таа на Инстаграм.

Жената која упадна на модните писти во деведесеттите продолжува да плени со својата природна убавина. Длабоко во шестата деценија од животот без никаква пластика на себе, таа сè уште се колне во убавина.

Покрај редовните вежби, врвниот изглед го постигнува и со посебен режим на исхрана.

Избира здрава храна и признава дека се труди „80 проценти од времето да биде 80 отсто добра“.

Денот започнува со смути направено од кокосово млеко, третина од замрзната банана, шолја свеж спанаќ, 10 листови нане, една лажичка протеини и малку зрна какао. За ручек најчесто јаде салата со пилешко, а за вечера подготвува ќофтиња од мисирка со салата и зеленчук.

Извор: Аваз

Милитао би можел да се врати на фудбалските терени во март

Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид, Едер Милитао е блиску до враќање во тимот.

Како што пренесе „Relevo“ Бразилецот ќе има време да закрепне навреме за четвртфиналето на Лигата на шампионите доколку мадридскиот клуб стигне до оваа фаза.

Четвртфиналето во елитното фудбалско натпреварување ќе се одржи во средината на март.

Во август 2023 година, во 1. коло од Ла Лига против Атлетик (2:0), Милитао ги скина вкрстените лигаменти на коленото.

За тренерот на Реал Мадрид со евентуалното враќање на Милитао ќе биде големо олеснување пред завршниот дел од сезоната. /МИА

Паолини го освои трофејот во Дубаи

Италијанската тенисерка Јасмине Паолини е победничка на ВТА 1000 турнирот во Дубаи, ОАЕ.

Паолини во денешното финале беше поуспешна од Русинка Ана Калинскаја во три сета. Мечот траеше 2 часа и 16 минути и заврши со резултат 4:6, 7:5, 7:5 во корист на италијанската претставничка.

Дваесет и петгодишната Русинка двапати сервираше ас, направи четири двојни грешки и реализираше шест брејк топки од осум шанси. Паолини немаше ниту еден ас, направи една двојна грешка и седум брејк топки реализира од девет можности.

Паолини го освои својот втор ВТА трофеј во сингл. Пред тоа таа стана победничка и на три турнири во двојки.

Од друга страна, Калинскаја не успеа да ја освои својата прва ВТА титула во сингл. Сепак, за време на турнирот во Дубаи, Русинката победи три претставнички на Топ 10 – Ига Швјонтек (1), Елена Остапенко (9) и Коко Гоф (3). /МИА

притисни ентер