23-годишно момче убиено од автомобил во движење во струшко

23 годишно момче е убиено а неговиот осумнаесет годишен брат и еден 45 годишен маж од Велешта се тешко повредени во вооружена престрелка.

Настанот се случил доцна синоќа околу 22 часот на локалниот пат Струга Белица. Од возило во кое се наоѓале неколкумина со пиштоли и автомати било пукано кон двајцата браќа од селото Долна Белица.

По настанот, напаѓачите го напуштиле местото и во моментов по нив трага полицијата.

- Во тек се интензивни мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на настанот. Сите мерки се одвиваат со насоки на Јавниот обвинител и во таа насока целокупниот полициски состав на СВР Охрид и полициската станица Струга се наоѓаат на терен се преземаат интензивни опсежни мерки кои ќе резултираат со пронаоѓање на сторителот, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Двајцата повредени се хоспитализирани. Едниот на хирургија во струшката болница а 18 годишното момче поради тешките повреди од специјалната болница за ортопедија Свети Еразмо е пренесено на лекување на скопските клиники.

-Технички од наша страна се санираа сите повреди и моментално пациентот е на интензивна нега вон животна опасност и е стабилен од сите параметри, Берат Лена хирург во општа болница Струга.

Неофицијално во инцидентот се вмешани лица обезбедување на висок функционер и познати криминални имиња од струшкото подземје. Се претпоставува дека пукотниците настанале заради нерасчистени меѓусебни односи и расправии од минатото.

По барање на Јавниот обвинител ќе се изврши обдукција на починатото лице, а возилото од кое се пукало е испратено на вештачење и обработка.


Извртен камион на бул. „Борис Трајковски"

Извртен камион претпладнево предизвика застој во сообраќајот на булаварот „Борис Трајковски", на потегот каде што извршуваат градежни работи за реконструкција.

На тој дел од потот што води од Драчево кон Охис, наизменично се пропуштаат возила во двата правца. Нема информации дали некој е поивреден.

Веленски: Има конфузија кој треба да прими трета засилувачка доза вакцина против Ковид-19

Директорката на Американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Рошел Валенски, изјави дека во САД има одредена конфузија околу тоа кој треба да ја прими третата засилувачка доза на вакцината против Ковид-19. 

Досега е одобрена само засилувачката доза на Фајзер.

Минатата недела, Валенски се согласи со повеќето препораки на советникот на ЦДЦ за давање засилувачка доза шест месеци по втората доза за одредени групи луѓе. Овие групи вклучуваат луѓе на возраст над 65 години, лицата во старските домови, како и луѓето на возраст од 50 до 64 години, кои имаат хронични здравствени проблеми, како што е дијабетес.

– Гледам дека сега има конфузија. Ние правиме научна проценка во реално време. Се среќаваме неколку недели за да ја процениме ситуацијата. Научните проценки, исто така, можат да покажат дека остатокот од американското население треба да добие „бустер" доза, и ние ќе им дадеме такви инструкции штом ќе ги имаме доказите, изјави Валенски за Си-Би-Ес.

Луѓето кои примиле вакцини на Модерна и на Џонсон и Џонсон се уште чекаат за да добијат информации кога би можеле да добијат трета доза.

Санкционирани 95 возачи под дејство на алкохол

Во текот на вчерашниот ден при спроведена акциска контрола од сообраќајната полиција санкционирани се 95 возачи поради управување возило под дејство на алкохол.

Како што информираат од МВР од нив, 18 се санкционирани на територијата на СВР Битола, а 17 на територијата на СВР Тетово.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР.

притисни ентер