23 години Охридски рамковен договор – годинава со две паралелни одбележувања

Охридскиот рамковен договор го донесе она што беше најпотребно во 2001-та, а тоа е мирот.

Но одредени политики елити ја забораваат цената на договорот и дека тој е напишан со многу страдања и жртви – го користат и ги злоупотребуваат етничките права за прикривање на лични и лукративни интереси, порача премиерот Мицкоски на свечената седница по повод 23 годишината од неговото потпишување. Според него патриотизмот не се мери по развиорените знамиња и наметнување на етнички дилеми, туку преку придонесување за подобра живот за граѓаните од сите етнички заедници. На јавноста и граѓаните им порача да не потпаѓаат во замката на бесконечните етнички прашња на опзициските партии и дека Рамковниот е дел од македонските закони и Уставот.

„ Донесувањето на Рамковниот договор во тоа време никоја од страните потписнички не ги направи до крај среќни и задоволни, но сепак го донесоа тоа што во тој момент беше најпотребно и најбарано, а тоа е мирот. За одредени политички партии Рамковниот договор е најдобар и се спроведува само под услов кога истите тие се на власт, веднаш потоа откако ќе бидат опозиција смислуваат критики и креативни решенија на негово надополнување, но и различно читање на правата и обврските кои произлегуваат од него. Го користат како платформа за себепромоција, градење на кариери и бизнис коалиции“.– Христијан Мицкоски, претседател на влада

Првиот вицепремиер Изет Меџити во обраќањето порача дека Влада покажала дека има капацитет за работа, проекти и подобар живот за сите граѓани, а во изјава за медиумите дадена претходно по одржувањето на панел дискусија во која беше посочено дека децентрализацијата и понатаму останува предизвик, првиот вицепремиер Изет Меџити ја обвини опозицијата од албанскиот блок за партизирање на Рамковсниот договор.

„Охридскиот договор е договор за државата, не е договор за вечно учество на една политичка партија во власта. И овој пат, кога институционално се прославува годишнината на Рамковниот договор, тие повторно го прават истото, значи прават партиска прослава. Ништо различно, како и секогаш, ДУИ е надвор од нормалните текови, од институционалните текови “– Изет Меџити, прв вицепремиер

Со потпишувањето на Охридскиот договор се стави крај на седуммесечниот конфликт во 2001 година. Договорот веќе надживеа дел од неговите потписници, тогашниот претседател Борис Трајковски и лидерите на ДПА и ПДП, Арбен Џафери и Имер Имери.

Автобус слета од пат во близина на Мачу Пикчу во Перу, повредени се над 30 туристи (ФОТО)

Над 30 туристи се повредени кога автобус излетал од пат во Перу, во близина на древниот град на Инките, Мачу Пикчу, објави порталот Перу 21.

„Околу 32 туристи се повредени и сите се однесени во градот Куско“, изјави претставник на перуанската полиција.

Порталот јавува дека возачот на автобусот изгубил контрола бидејќи видливоста била намалена поради магла.

Меѓу повредените има шест Италијанци, пет Мексиканци, двајца Јапонци и еден Кинез.

Полицијата отвори истрага за несреќата.

За 25 милиони долари се продава „куќата на гревот“ во Лас Вегас, сопственикот се сели од САД

Ден Билзериан се сели од „градот на гревот“ Лас Вегас. Односно се сели од САД.

Тој ја продава луксузната вила во која живеел и се забавувал за 25 милиони долари, што ја прави најскапиот имот во градот во моментов. Агент за недвижности изјави за TMZ дека „никогаш не видел нешто слично“.

Огромниот имот, кој се наоѓа во луксузната населба Spring Valley, изгледа како игралиште за возрасни. Има седум спални соби, 14 бањи и гаража која може да собере 16 автомобили. На 3.700 квадратни метри има карпа за качување, игралиште за хокеј на ролери, теретана, кино, соба со тобогани, огромен базен, винарска визба која тешко се гледа и во најголемите винарии, но и соба за оружје...

„За 25 години работа со недвижен имот никогаш не сум видел нешто слично. Трошоците за изградба беа над 20 милиони долари во времето кога беше изграден. Откако Дан го купи овој имот, тој инвестирал милиони за дополнително подобрување на имотот. Квалитетот на градбата и завршните работи се најдобро што сум ги видел, тој увезуваше материјали од целиот свет“, изјавил агентот за недвижности Френк Наполи II.

Билзериан сега ќе живее делумно во Дубаи, а делумно на Бали. Тој планира да го интернационализира својот бренд Ignite.

Ден Билзериан е самопрогласениот „крал на Инстаграм“ кого на социјалната мрежа го следат 32 милиони луѓе. Билзериан тврди дека своето богатство го стекнал на турнири во покер и дека заработил 50 милиони долари во период од 14 месеци. Некои други во светот на покерот тврдат дека ова е едноставна лага и дека тој сигурно не заработил толку пари од покер.

Vice еднаш напишале дека Билзеријан ужива во незаконски стекнатото богатство на неговиот татко. Ден ги оспорил тие тврдења, велејќи дека „луѓето веруваат во секакви работи“.

Игра со трагичен крај: Четири деца починале кога се затвориле во замрзнувач

Полицијата во Намибија ја истражува смртта на четири деца кои си играле во празен стар замрзнувач во североисточниот регион Замбези.

Децата на возраст од три до шест години биле пронајдени во неискористен замрзнувач во густо населена област Катима Мулило, јави Би-Би-Си.

Полицијата верува дека децата случајно се заглавиле додека си играле и се задушиле внатре, но допрва треба да се направи конечен извештај.

Од четирите деца, две починале во замрзнувачот, а две во болница.

„Кога дојдов, видов како брза помош им помага на ќерка ми и на уште едно девојче. Брза помош ги однесе во болница“, изјави за The Namibian Арангес Шоро, таткото на децата.

Децата кои биле итно пренесени во блиската државна болница биле прогласени за мртви по пристигнувањето, објави јавниот сервис NBC.

притисни ентер