21 годишниот исламист,кој закла три лица во црква,влегол во Франција од Италија(ВИДЕО)

Француските безбедносни сили веруваат дека напаѓачот кој денеска со нож уби три лица во црква во Ница е 21-годишен туниски државјанин.

Исламистот неодамна влегол во Франција од Италија, тврди полициски извор. Безбедносните сили сè уште го проверуваат неговиот идентитет.

Напаѓачот влегол во црквата во 9 часот наутро по локално време вооружен со нож и му го пресекол гркланот на управникот на црквата, обезглавил постара жена и сериозно ја ранил третата жртва , исто така жена, изјави полициски извор. Третата жртва успеала да избега во блиското кафуле каде што набргу починала.

Во текот на апсењето, осомничениот бил застрелан од полицијата и се наоѓа во болница. За време на нападот и по апсењето, напаѓачот извикувал „Алаху Акбар“.

Фото: Меси во дресот на Марадона се прости од својот идол

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона во дуелот од 11 коло во Примера убедливо со 4-0 ја совлада Осасуна.

Мечот на Ноу Камп го одбележа капитенот на Барса, аргентинскиот волшебник Лионел Меси.

Меси го постигна последниот гол за Барселона во 73 минута и голот го прослави во дресот на својот идол Марадона.

Меси го соблече дресот на Барселона и во дресот на Њуелс првиот клуб на Диего Армандо Марадона со број 10 се прости од својот починат идол.

Светскиот шампион Хамилтон најбрз на „огненото“ Гран при во Бахреин

Возачот на Мерцедес Луис Хаилтон е победник на Големата награда на Бахреин од шампионатот во Формула 1.

Трката во Бахреин мина во знакот на инцидентот во кои експлодира болидот на Себастијан Грожан, кој за среќа остана скоро неповреден излегувајќи од запаленото возило.

Актуелниот шампион Хамилтон продолжува со доминацијата во Ф1 циркусот и сигурно чекори кон петтата последователна титула во шампионатот.

Хамитон стигна до 95 победа во кариерата со која ја зголемува предноста од легендарниот Михаел Шумахер, кој застана на 91 триумф.

На победничкиот подиум во Бахреин покрај победникот Луис Хамилтон се искачија и возачите на Ред Бул Макс Верстапен и Александер Албон.

По еден месец, позната е причината за смртта на Шон Конери

Причината за смртта на Сер Шон Конери е потврдена скоро еден месец откако познатиот актер почина на 90-годишна возраст.

Легендарниот Џејмс Бонд починал во својот дом на Бахамите. Тој починал во сон, а причина за смртта е пневмонија, респираторна слабост, старост и атријална фибрилација - неправилно чукање на срцето.

Сопругата на Шон, Мишелин Рокебрун претходно раскажа дека актерот починал мирно во сон, опкружен со семејството.

"Таквиот живот не беше за него. Тој не можеше да се изрази во последно време. Барем почина во сон, беше многу мирно. Цело време бев со него и тој само заспа. Така сакаше да биде", рече таа за Дејли Меил.

притисни ентер