19 години затвор за обвинетата за убиството на Пино

Затворска казна од 19 години денеска доби Ангела Ѓорѓиевска за убиството на 26 годишниот  Пинета Секондо - Пино....Според пресудата, таа помогнала во извршување на убиството кое согласно доказите го сторил Али Фуркан кој е во бегство....

Судот ја осудува на казна затвор во траење од 19 години, во изречената казна затвор на обивнетата ќе и се засметува и времето поминато во притвор.

22 годишната Ангела Ѓорѓиевска е прогласена виновна за помагање во свирепото убиство на Пинета Секондо – Пино во 2018-та година. При изрекувањето на 19 годишната затворска казна судијката Ленка Давитковска истакна дека меѓудругото во предвид било земено тоа што обвинетата Ангела ниту еднаш во текот на судењето не се покајала за тоа што го направила. Според пресудата, Ангела помогнала во извршувањето на убиството, кое според доказите на обвинителството го сторил Али Фуркан, кој е во бегство.

,,Како отежнувачки околности ги ценеше видот карактерот и тежината на кривичното дело, степенот на кривична одговорност, јачината на загрозување и повредата на заштитното добро со оглед дека е лишено од живот младо лице на возраст од само 26 години, потоа мотивот, начинот на сторување и околностите на сторување на делото.

Обвинетелката Лидија Раичевиќ по рочиштето кажа дека надлежните служби преземаат активности за пронаоѓање на избеганот Фуркан Али, за потоа да му се суди..

“ ..Не може да му се суди во отстуство затоа што неопходно е да биде тука, да ја даде својата орбрана, делото е тешко и самите гледате дека казната е висока “

Адвокатот на осудената Ангела пресудата ја оцени како срамна, а најави и жалба.

“ Во конкретниот случај треабше јавноста да ги чуе доказите на обвинителството дека нема ниту еден аргумент, а се надевам дека ќе има моќ надвор од медиумскиот притисток Апелациониот суд да одлучува по доказите.”

Сега осудената со првостепена пресуда, според истрагата на обвинителството првично договорила средба меѓу нејзе и Пино, но и Фуркан, иако знаела дека тој сака да изврши убиството.. Тројцата се упатиле во обиколницата во близина на скопското село Арачиново. Таму настанала расправија во која Пино бил убиен со пушка. Ангела и извршителот го ставилe телото во багажникот од автомобилот и и го сокриле во дупка по патот кон Љуботен.

По пресудата мајката на Пино, преку Фејсбук изрзи незадоволствоод висината на затворската казна, за осудената бара доживотен затвор.

Кралот на Маорите на Нов Зеланд сака на китовите да им даде основни човекови права

 Кралот на Маорите на Нов Зеланд денеска повика на китовите да им се дадат основни човекови права за да се заштитат ранливите видови.

Кралот Тухеитија Паки рече дека величествените морски цицачи треба да ги имаат основните човекови права како што е правото на здрава животна средина за да се овозможи обнова на нивната популација.

- Звукот на песната на нашите предци ослабна, а живеалиштето е загрозено. Затоа мора да дејствуваме сега, рече Тухеитија во редок јавен настап.

Во 2017 година, Нов Зеланд донесе закон со кој се дава правен субјективитет на планината Таранаки и реката Вангануи, кои се важни за Маорите, домородни луѓе кои сочинуваат околу 17 отсто од населението на Нов Зеланд, или околу 900.000.

Тухеитија смета дека давање ист статус на китовите би делувало како „наметка на заштита“.

Тој се обрати заедно со високиот поглавица на соседните острови Кук, Травело Ту Арики.

Тие се залагаат домородните знаења да се комбинираат со науката за да се обезбеди „похолистички пристап“ за зачувување на китовите.

- Китовите играат витална улога во здравјето на целиот наш океански екосистем, рече Травел Ту Арики. „Мораме итно да дејствуваме за да ги заштитиме овие прекрасни суштества пред да биде предоцна“, додаде тој.

Сините китови можат да пораснат до 30,5 метри и да тежат до 200 тони.

Но, големината не ги штити. Шест од 13-те големи видови китови се загрозени или ранливи, според WWF, светската организација за заштита на природата.

Откажани летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк

Откажани летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во „Аустријан ерлајнс“.

Откажани се летовите од Виена до Скопје и обратно поради штрајк на вработените во авиокомпанијата „Аустријан ерлајнс“.

На официјалната веб страница на Меѓународниот аеродром Скопје не се ставени ниту полетувањата, ниту слетувањата со оваа авиокомпанија.

Поради штрајкот, којшто според најавите треба да трае денеска и утре, глобално откажани се околу 400 лета и засегнати се околу 50.000 патници.

Во текот на овие два дена оваа авиокомпанија требаше да реализира 24 лета од Виена до градовите во поранешна Југославија вклучувајќи летови до Белград, Сараево, Загреб, Приштина, Скопје, Подгорица, Дубровник и Сплит.

Царинските службеници во Грција ќе одржат 48-часовен штрајк следната седмица

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независната управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк.

Дводневен штрајк за 2 и 3 април закажаа грчките царинските службеници, што ќе влијае и на сообраќајот на граничните премини од Грција кон соседните земји, меѓу кои и Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Федерацијата на царински службеници на Грција соопштија дека цариниците од Независната управа за јавни приходи како и од Министерството за финансии ќе одржат 48-часовен штрајк, а од Синдикатот на вработени во јавниот сектор преку соопштение изразија поддршка за штрајкот.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, поради 48-часовниот штрајк на цариниците целосно ќе биде во прекин сообраќајот на граничните премини од и кон Грција за товарните возила и секаков вид пратки, додека пак во однос на автомобилите, не е исклучена можноста возилата повремено да се пропуштаат, нешто што ќе се дефинира и појасни непосредно пред почетокот на штрајкот.

притисни ентер