17 октомври станува се поизвесен датум за одржување на локалните избори!?

Се поизвесно е дека 17ти октомври е датумот кога ќе се одржат локалните избори. 

Иако премиерот Заев претходно рече дека е подобро да се распишат за една или две недели подоцна од тој датум, за да нема поклопување на пописот и предизборната кампања, смета дека сепак треба крајната одлука да ја донесат сите партии консензуално. Гласот на опозицијата мора да се послуша, вели Заев, но додаде и дека пролонгирањето на изборите не би било противзаконско со оглед на праксата од 2004та и 2017та година.

-За мене е многу важно што ќе каже опозицијата за датумот за изборите. Ние зборувавме за 31ви, јас го соопштив, но сега гледам незгодно е ова малку со опозицијата. Чекор назад, одма, опозицијата треба да е задоволна и со датумот. На крајот ако се одлучи за 17ти, три дена се поклопува со пописот, можеме и без тие дена кампања, или како ќе се договориме сите. – Зоран Заев – претседател на Влада.

И покрај начелниот договор Заев-Мицкоски, сепак се поизвесно е дека нема да има промени во изборниот модел за локланите избори. Предлогот за отворени листи за советници е прифалив за двајцата, но се уште не се изјасниле партиите на Албанците, а помалите го сметаат за неправеден бидејќи со него се предвидува цензус од 3 %..

- Ценам дека тоа е еден нов квалитет на политичката сцена, каде што индивидуи кои што се силно мотивирани, кои што уживаат углед во средините од каде што потекнуваат, ќе имаат можност тоа, практично и да го покажат без разлика на кое место на листата на советници се наоѓаат. – Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Досега консензус има да се спроведат препораките на ОБСЕ и ОДИХР, а Изборниот законик предвидува и идентификација на гласачите со отпечаток од прст од овие избори. Фирмата за набавка на читачи е избрана, но доколку некој од конкурентите се жали на постапката, постои шанса до октомври воопшто да не стигнат апаратите. Премиерот Заев денеска рече дека во таков случај претседателот на ДИК има овластување директно да преговара со фирмите, а ако не се спроведе, одговорноста треба да ја сноси лично тој.

Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ промовираше 12 доктори на науки

Дванаесет доктори на науки денеска промовираше Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД)-Штип во рамките на одбележување на 17 години од постоењето. 

Ректорот на УГД-Штип, Дејан Мираковски истакна дека осум доктори на науки се од медицинските науки, а четворица од останатите факултети на Универзитетот.

-Денеска е денот на нивната промоција во чест на нашиот патрон празник, како Универзитет еднаш годишно ја вршиме оваа промоција и официјално ги промовираме нивните докторски дипломи. Чест ми е што имаме поголем број на доктори, а посебна чест ми претставува што квалитетот на нивните трудови е препознатлив и прифатлив во реалната пракса и од пошироката наука, вели Мираковски.

Маја Чочевска докторираше на Факултетот за медицински науки отсек Фармација, а какошто вели нејзината теза е од полето на радиофармацијата.

-Јас работев делумно на Универзитетот овдека, делумно во Универзитетскиот институт за позитронска мисиона томографија, бидејќи е единствен институт којшто го работи оваа поле во радиофармацијата и мојата теза беше воведување на нова методолгија во развој која се користи за тумори, вели Чочевска.

Теодоро Топчева е новиот доктор на науки на Машинскиот факултет, а темата на трудот и е мерење и изложеност на работниците на бучава во погон за автомобилска индустрија. Посочува дека трудот го има изработено со помош на лабараторијата АМБИКОН при УГД-Штип, а според истражувањето компаниите треба да водат сметка за бучавата во која работа. Според неа реалниот сектор, а особено големите компании внимаваат и ги почитуваат законските норми.

„Волво карс“ го произведе последниот дизел-автомобил

 Шведската компанија „Волво карс“ им стави крај на дизел-автомобилите, откако последниот теренец „Икс-це-90“ излезе од производната лента во фабриката „Торсланд“ во Шведска вчеравечер како последен дизел-модел од овој автопроизводител, пренесув

- Сосем сме уверени дека имаме многу добри понуди за купувачите, дури и без дизел-возилата, изјави Ерик Северинсон, извршен директор на „Волво“ задолжен за нови автомобили и оперативна стратегија.

Ова го означува крајот на дизел-ерата за брендот „Волво“, кој во иднина планира да произведува само електрични возила.

Поради климатските промени, 90 отсто од традиционалните вински региони ќе исчезнат

Околу 90 проценти од некои од традиционалните региони за производство на вино во светот би можеле да исчезнат во наредните децении поради климатските промени, покажува новото истражување објавено во списанието „Nature Reviews Earth & Environment

Научниците открија дека најзагрозени се крајбрежните региони и рамнините на Италија, Шпанија, Грција и јужна Калифорнија, пренесува Си-Би-Ес.

Конкретно, тие открија дека прекумерната суша и почестите топлотни бранови предизвикани од климатските промени се одговорни за ризикот за производството на вино во овие региони.

Температурата, врнежите, влажноста, радијацијата и нивото на јаглерод диоксид се исто така клучни компоненти на производството на вино, а научниците велат дека тие ќе се променат поради новите климатски услови.

Зголемувањето на температурите може да ги направи другите региони попогодни за одгледување грозје, како што се државата Вашингтон, Орегон, Тасманија и северна Франција.

Научниците предупредуваат дека допрва ќе зависи од тоа колку ќе се покачат температурите, а може да има ризик и за зачувување на животната средина доколку во тие региони започне одгледувањето на винова лоза. п

притисни ентер