165 основни и само четири средни училишта добија согласност за настава со физичко присуство

Вкупно 169 училишта ќе спроведуваат настава со физичко присуство, одлучи Владата вечерва.

Вкупно 169 училишта добија дозвола да спроведуваат настава со физичко присуство. Владата на денешната седница го усвои извештајот на комисијата за по барања на училиштата за организирање настава со физичко присуство, соопшти владината прес-служба. Комисијата оценила дека 32 централни општински основни училишта, 11 подрачни основни училишта и 2 приватни училишта не ги исполнуваат условите. Додека од средните училишта од вкупно 66 кои побарале настава со физичко присуство дозвола добиле само четири. Делумна согласност за реализација само на стручните предмети и практичната настава да добијат 10.

На оваа своја седница Владата ја прифати препораката на комисијата за заразни болести, и одобри настава во живот за децата со посебни образовни потреби. На владината седница е одлучено на 884 студенти и 347 ученици да им се исплаќа месечна сума за покривање на трошоците за приватно сместување или за трошоците за превоз, кои заради протоколите нема да можат да го користат сместувањето во студентските или ученичките домови.

Владата одлучи и за отворање на театрите, кината, операта и балетот кои ќе работат според протоколот за организирање настани.

Владата на денешната седница донесе одлука во понеделник, на 28 септември да почне исплата на пензии со висина до 11.000 денари, во вторник, на 29 септември да се исплаќаат на пензии во висина од 11.000 до 14.000 денари,

во среда, да се исплатат пензии од 14.000 до 18.000 денари и во четврток, на 1 октомври да има исплата на пензии во висина над 18.000 денари. Владата долучи и за исплата на парични права од социјална заштита, за септември, по што банки треба да обезбедат достапност на средствата преку банкомати и во трговските мрежи од 5 октомври.

За неколку недели се очекуваат тестови за коронавирусот во траење од 12 минути со 97% точност

Британската фармацевтска компанија „Бутс“ лансира нови тестови за коронавирус, чиишто резултати би се добиле за 12 минути. 

Брзите тестови преку земање брисеви првично ќе чинат 120 фунти, но се очекува цената да падне доколку побарувачката е голема. Овие тестови при испитувањата покажале точност од 97% и ќе бидат достапни на места избрани од страна на компанијата за неколку недели.

Услугата е наменета пред се за лица кои немаат симптоми на вирусот, но сакаат да бидат мирни пред да го видат семејството или пријателите.

Oвие тестови може да се користат и кај патници кои летаат во странство. „Бутс“ исто така нуди и 48-часовно тестирање на 10 локации во Лондон, Бирминген, Манчестер, Единбург и Глазгов, а планира истото да го прошири во над 50 филијали низ Велика Британија.

Извршниот директор на „Бутс“, Сeб Џејмс, изјави дека уредите LumiraDx брзо ги обработуваат тестовите така што клиентите ги добиваат резултатите истиот ден. Тој исто така изјави дека компанијата уште од почетокот ја поддржала владината програма за тестирање на Ковид-19, а нудењто на оваа услуга во аптеките е следниот чекор во напорите да се борат против пандемијата, така тие би овозможиле да се намали притисокот врз NHS (Националниот здравствен сервис).

Модел снима од нејзиниот заден џеб да види колку луѓе зјапаат во неа (видео)

Откако го видела трендот на Тик Ток, моддлот Алексис Морган решила да го стави телефонот во задниот џеб за да може да снима додека се шета. 

Идејата била снименото видео да покаже колку луѓе, воглавно мажи, зјапаат во личноста додека ги вршат секојдневните работи.

Оваа 24-годишна девојка од Мајами, Флорида, открила дека различни мажи го креваат погледот за да ја видат одзади. Во една од снимките, мажите ги вртат главите за 180 степени, дури и заземаат позиции за подобро да ја видат Алексис. Други пак, и даваа знак на одобрување додека минувала покрај нив. Еден маж се приклештил на подот и ја завртел главата за подобро да ја види Алексис, а двајца мажи во ресторан подзинале додека ја гледале.

Алексис тој тренд го воведе на нејзиниот профил на Инстаграм каде има 4 милиони следачи.

Моделот исто така ги забавувала снимките за да го фати погледот на мажите кои зјапале во неа, но ги додала и гласовите за да се пошегува со сето ова.

Британски специјални сили за 9 минути нападнаа танкер со нафта со цел да фатат шверцувани патни

​Се појавија нови детали за драматичната рација на Британските специјални сили вчера на Островот Вајт. 

Седум лица беа приведени по инцидентот на „Нејв Андромеда“, чиј екипаж во неделата наутро објави сигнал за тревога по стравот од обидот за киднапирање од страна на шверцувани патници. Извештаите сугерираат дека Специјалната служба за бродови (СБС) ја презела контролата во рок од девет минути по влегувањето во храбар воздушен и поморски напад. Четири хеликоптери се обиделе да им помогнат на 22-цата членови на екипажот, при што 16 лица се качиле на бродот од воздух, велат извештаите. Една фрегата, за која се веруваше дека е „ХМС Ричмонд“, исто така беше во состојба на готовност. Рацијата беше овластена од министерот за одбрана Бен Валас и министерот за внатрешни работи Прити Пател во неделата вечерта по 10-часовниот тензичен метеж. За екипажот се вели дека е „безбеден и здрав“.

Во неделата, „Тајмс“ објави четири воени хеликоптери - за кои се претпоставува дека два од нив се „Мерлин Мк 4“, „Дива мачка“ и „Чинук“ – тие ги довеле 40-те лица на местото каде се смета дека бил киднапиран бродот „Нејв Андромеда“. Весникот цитираше извор од одбраната, кој рече дека околу 16 членови на Специјалната бродска служба се качиле на бродот со поддршка на воздушни снајперисти и го обезбедиле за девет минути. Новите слики исто така покажуваат дека танкерот со нафта безбедно пристигнува во Саутемптон во понеделникот наутро, неколку часа по редовното време на пристигнување во 10.30 часот. СБС е елитна поморска единица за борба против тероризмот на Кралската морнарица, а најголем дел од eкипажот се Кралски поморски командоси кои, како што се вели „се специјализирани за храбри ненадејни напади“.

притисни ентер