13 годишната Мартина Наумовска во првите десет на Светската листа во теквондо - Канал 5

13 годишната Мартина Наумовска во првите десет на Светската листа во теквондо

13 годишната Мартина Наумовска во првите десет на Светската листа во теквондо
13 годишната Мартина Наумовска од теквондо клубот Феникс на светската листа е во првите десет во боречката вештина теквондо Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Жените се почесто бираат меѓу кариерата и мајчинството

Неретко се случува жената да бира помеѓу тоа да се оствари како мајка или да ги оствари своите професионални желби.

Жените се почесто бираат меѓу кариерата и мајчинството

Неретко се случува жената да бира помеѓу тоа да се оствари како мајка или да ги оствари своите професионални желби па покрај законските можности од владата за подобрување на демографската состојба, потребно е тоа да го сторат и работодавците и да бидат отворени и флексибилни за потребите на семејствата – вели Афрофита Шаља, шеф на канцеларијата на УНФПА во Македонија. Анкетите од таму покажуваат дека младите парови сакаат да имаат деца, но како пречка ги гледаат најчесто економските, но и глобалните и климатските состојби.

- Покрај обврските работни на жените, на девојчињата, на мажите на работното место, да се стават и нивните лични потреби кои и те како влијаат на нивната продуктивност. Да не бидат жените казнети ако останат бремени, па да можат да ја изгубат работата или да не можат да се вратат и со тоа да ги изгубат можностите за развој на нивната кариера,- Афродита Шаља – Шеф на канцеларија на УНФПА во Македонија.

За демографските прашања и предизвици Македонија нема повеќе време за чекање – дециден е заменик министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски. Тој вели дека Владата активно работи на изготвување стратегија за подобрување на демографската состојба со конкретни активности и мерки, меѓу кои оперативниот план за вработување и намалување на листите на чекање во градинките, со оглед на тоа што за над 4500 деца во земјава нема место низ градинките. Сепак додава тој, потребно е вклучување на сите релеватни чинители за стратегијата да не остане само на хартија.

-Сето тоа можеме да го направиме доколку имаат стабилни работни места, добри плати, сигурност во системот каде што живеат од судство и обвинителство, па се до тоа да дечињата на крајот од денот да имаат детски градинки, да нема дилема кој денеска детенцето ќе го чува и каде ќе биде во текот на денот додека они работат бидејки знаеме дека секој еден од нас работи и мажот и жената во семејството,- Ѓоко Велковски – заменик министер за социјална политика, демографија и млади.

Македонија е меѓу шесте земји со најголем пад на населението – покажуваат податоците на Евростат од 2022 година во која споредбено со 2012 земјата изгубила 227 илјади жители . Премиерот Мицкоски пак посочи дека само во изминатите четири години, Македонија изгубила 33 илјади жители.

YouTube video

Тоа е како кога глушецот го задева лавот, вели Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер Георгиев

Тоа е како кога глушецот го задева лавот, вака денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски ја квалификува изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев дека е „северномакедонски премиер“.

Тоа е како кога глушецот го задева лавот, вели Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер Георгиев

Мицкоски порача на Георгиев да не му се обрнува внимание зашто „одработува“ и зашто тој што го раководи во позадина му дал задача „да се закача“.

- Тоа момче е пратено да привлече мое внимание. Мислам дека не треба да му дадеме можност. Апелирам и до вас медиумите, оставате го. Тоа е Влада која во позадина друг ја раководи. Тие луѓе треба да одработат. Му рекле, му дале задача „ајде сега закачај се, тоа е исто како кога глушецот го задева лавот“, одговори кусо Мицкоски.

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев во интервју за БТВ се пофали дека неговата држава станала фактор во ЕУ и во регионот, со став дека Македонија тоа треба да го има предвид. Зборувајќи за премиерот Мицкоски, го нарече „северномакедонски“ премиер.

Уште еден случај на насилство врз дете,полицијата веке го идентификувала таткото од Струмица

Полицијата поднесе кривична пријава против татко од струмичко, по вознемирувачкото видео на кое се гледа како тој ја врзал својата 11-годишна ќерка со јаже за рацете и вратот, затоа што крадела пари од локален дуќан.

Уште еден случај на насилство врз дете,полицијата веке го идентификувала таткото од Струмица

Од МВР соопштија дека осомничен е 57-годишниот родител кој бил веднаш идентификуван и го признал делото, и истиот ќе одговара за сторено кривично дело „насилство врз дете“. За целиот случај бил запознаен и Центарот за социјални работи Струмица, по чии насоки детето било предадено на мајката.

-На 08.07.2025 во дворното место од куќата на пријавениот во село Ново Село, тој насилно се однесувал кон неговата 11- годишна ќерка, која живеела со пријавениот, кој по разводот со неговата сопруга, односно со мајката на детето, е нејзин старател – велат од МВР.

Инаку, видеото што го снимил самиот татко, синоќа се појави на социјалните мрежи а го објави и МВР. На истото се гледа, како детето е врзано и низ плач моли да биде пуштено. Тоа кажува дека крадело пари за да си купи јадење и ветува дека тоа повеќе нема да го повтори, но таткото одбива да го одврзе. Од МВР информираа дека по извршен преглед врз детето, при што биле констатирани телесни повреди во вид на црвенило на двете раце.

Ваквото малтретирање кон малолетници ќе остави сериозна траума во иднина, велат психолозите. Поради тоа, велат тие, сторителот ќе мора да се соочу со сериозна санкција, а детето да добие соодветна психолошка помош.

- Детето ќе има трауми во иднина, сторителот да ги сноси последиците, изјави, Розалија Секулоска – психолог.

Ова е втор случај на настилство врз дете за краток период, откако на крајот на минатиот месец 28-годишен маж заврши во притвор затоа што ја истепал својата четиригодишна ќерка.

YouTube video

притисни ентер