11.9. 2016 во 15.10 часот - земјотрес во Канал 5

По непроспиената , но релативно мирна ноќ, скопјани денеска почувствуваа два посилни потреси.

Еден послаб во 11 часот и 50 минути и посилен во 14 часот и 19 минути со јачина од 3,7 степени по Рихтер .  Попладнево во 14 часот и 19 минути е забележан последниот од низата 13 земјотреси и афтершокови по силниот вчерашен  во 15 часот и 10 минути. Вчера  земјотресот ги преплаши граѓаните , кои бараа спас од природната стихија .
Земјотресот се случи среде вестите на Канал 5 , кои мораше да ги прекинеме , а ќе видите и зошто . 


притисни ентер